Македонија
Симовски: Бројката на непопишани е мала со оглед на околностите
Во Македонија како Бугари се изјасниле приближно 3.500 лица. Ова е податокот што го сподели директорот на Заводот за статистика, Апостол Симовски. Тој посочи дека мал е бројот на лица што не се попишани од разни причини. Дециден е дека било тешко да се спроведе статистичката операција.
„Мислам дека 3.500 лица се изјасниле како Бугари. Спроведувавме попис во тешки околности. Некои не ја искористија можноста да бидат попишани. Имавме луѓе што се занимаваа со земјоделство, доаѓа дома вечерта по 20 часот, беше тешко да ги најдеме. Имавме Ковид-19, така што многумина се плашеа иако ги спроведувавме сите мерки. Имаше и низа други причини. И покрај сите напори, имавме бројка на непопишани, која во вакви околности е мала. Очекувавме и поголем неопфат од причините што ги наведов“, рече Симовски.
На прашањето зошто кажа дека ќе биде државен непријател број еден: „Ѝ се извинувам на јавноста. Погрешно беше разбрана мојата шега. Секогаш се наоѓаат експерти за сѐ. Секогаш ќе се најде некој што ќе најде некоја забелешка“.
„Државниот завод за статистика има обврска да прикаже реална слика. Каква ќе биде таа слика, не знаевме, а не се водевме по желбите и очекувањата на кого било. Ние ја прикажавме реалната состојба, дали некому ќе му се допадне тоа или не, тоа е негова работа“, рече Симовски на прашањето што ако некои од етничките заедници не ги признаат резултатите од пописот.
Тој се пожали дека имало бојкот.
„Има земји што имаат многу поголем неопфат. Бројката од 132.000 непопишани се однесува и на кампањите што беа црни, дека се работи надвор од стандардите. Пописот го правевме среде лето и пандемија. Кампањите нанесоа штета, не корист. Кажувавме и тогаш, но се извршуваше работата. Нашата намера од самиот почеток е да видат која е потребата од пописот. Не се проблем граѓаните што подлегнаа на кампањата, туку оние што ја спроведоа“, изјави Симовски.
Податоците што се добивале од пописот се споредувале со девет бази на податоци.
„Ова е екстремно брз попис и за толку кус период првпат во историјата имаме толку бргу резултати“, додаде Симовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

