Свет
Руски хакери нападнале мрежи на НАТО
Руски хакери неодамна се обидeле да ги пробијат безбедносните мрежи на НАТО и вооружените сили на некои источноевропски земји.
Ова денеска го соопшти аналитичката група за закани на Google.
Во извештајот не се наведува кои биле целите на нападот, кој се опишува како обид за кражба на лозинки, податоци од електронска пошта или други канали за комуникација, но се наведува дека нападот го извршила руската група „Колдрајвер“ или „Калисто“, пренесе „Ројтерс“.
„Ваквите напади беа извршени со помош на нови сметки на gmail и отидоа на сметки кои не се на Google, па не се знае колку биле успешни“, се наведува во извештајот на тимот на Google.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Познатата српска актерка Слобода Миќаловиќ претепана во Белград
Познатата српска актерка Слобода Миќаловиќ вчера во 18 часот и 50 минути била физички нападната од 47-годишната С.Д..
Како што неофицијално објави српски Телеграф, кај С.Д. по пристигнувањето на полицијата било утврдено присуство на алкохол во крвта.
Како што пишуваат српските медиуми, тепачката се случила на плоштад во Земун.
Актерката наводно управувала со возило и кога тргнала напред, со предниот дел од автомобилот удрила во случајниот минувач С.Д. во пределот на коленото, што довело до вербален, а потоа и физички конфликт.
Актерката потоа била префрлена во Ургентниот центар.
Свет
Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа
Два брода со мигранти се превртеа во Индискиот Океан кај Мадагаскар, а бројот на жртви се зголеми на 25, соопштија денеска локалните власти.
Вкупно 48 луѓе беа спасени од водите во близина на северниот дел на Мадагаскар, а официјални лица велат дека мигрантите биле на море речиси еден месец со надеж дека ќе стигнат до француската територија Мајот.
На 2 ноември чамците ја напуштиле плажата во близина на главниот град на Сомалија, Могадишу, со 73 луѓе.
Не е јасно што го предизвикало превртувањето на чамците, а истрагата е во тек.
Свет
Обвинителите се откажаа од случајот против Трамп поради напорите за поништување на изборните резултати
Американските специјални обвинители денеска побараа од судот да отфрли две кривични постапки против новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп – за обид за промена на неговиот пораз на изборите во 2020 година и за задржување доверливи документи, се вели во судската пријава.
Во предлогот од шест страници за отфрлање на случајот за мешање во изборите во 2020 година, обвинителите рекоа дека додека Трамп сè уште не е претседател, канцеларијата на генералниот совет на одделот, која обезбедува внатрешен правен совет, им кажала да го откажат случајот пред неговата инаугурацијата во јануари.
„Одамна беше ставот на Министерството за правда дека Уставот на САД забранува поднесување федерално обвинение и последователно кривично гонење на актуелниот претседател“, напиша главната заменичка на Смит, Моли Гастон.