Македонија
(Видео) Кузеска: Успешен попис во согласност со светските пракси и стандардите на Евростат

По речиси 20 години, државата спроведе успешен попис во согласност со светските пракси и стандардите на Евростат, посочи на денешната прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
Таа нагласи дека пописот бил поздравен и од Европската комисија и од сите, како што рече, релевантни фактори.
„Ова е успех на државата, на граѓаните што учествуваа во најсложената статистичка операција.
Од пописот има многубројни, пред сѐ, економски и развојни придобивки.
Владата, институциите, компаниите, добиваат точни, релевантни податоци, на кои ќе се базираат идните мерки и политики.
Пописот дава увид колкава е потребата од стручен кадар за деца во градинките, увид на структурата на образованието на населението, по што би можеле да креираме политики за усогласување на потребите на пазарот на трудот;
Со податоците од новиот попис ќе имаме увид во степенот на развиеност на планските региони.
Врз основа на овој акт Владата ги распределува буџетските средства за финансирање проекти од Програмата за рамномерен регионален развој, чија цел е намалување на развојните разлики меѓу планските региони и меѓу општините.
Домашните и странските инвеститори ќе добијат појасна слика за распределбата на квалификувана работна сила, со што ќе им се помогне во планирањето идни инвестиции.
Пописот е статистичка операција важна за државата и за идниот развој и не треба да се политизира.
Сведочевме на непотребна и неодговорна политизација на самиот почеток и повици за бојкот, кои не успеаја.
Граѓаните масовно учествуваа во оваа операција и дадоа придонес за спроведување успешен попис по европски стандарди.
Како одговорна државотворна партија, продолжуваме со реализација на мерки и политики во интерес на граѓаните, во интерес на државата“, истакна Кузеска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Се излеа Маркова Река кај Батинци

Маркова Река се излеа денес по обилните врнежи од дожд.
Во селото Батинци, водата е надојдена, излевајќи се на неколку места околу речното корито.
Ангажирана е механизација за санирање на штетата, а градоначалник на Студеничани, Азем Садики, објави дека забележана е материјална штета во дворовите од куќите кои се наоѓаат во близина на реката.
Засега, според градоначалникот, нема потреба од евакуација.
Фото: ТВ21/скриншот
Македонија
Тетово повика на јавна дебата за промена на имињата на улиците

Општина Тетово в петок, со почеток во 15:00 часот, организира јавна дебата за предлози за имиња на улиците.
„Ги повикуваме сите граѓани, здруженија, невладини организации и граѓанскиот сектор да учествуваат на оваа јавна дебата за именување на улиците“, велат од општината преку допис.
Додаваат дека секој предлог од граѓаните е важен и помага овој процес да биде инклузивен и успешен за граѓаните и градот Тетово.
Македонија
Тошковски: Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто

Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто, информира министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
„Изминативе години сосема оправдано имаше критики дека платите во МВР се ниски, а очекувањата и одговорностите големи. Често се укажуваше на разлики во однос на некои сродни служби, а чувството на потценетост беше реално и оправдано. Ова зголемување не е доволно, но е еден од многуте чекори што ќе следат во насока на враќање на достоинството и угледот на полицаецот. Целта е јасна – да изградиме модерна, професионална и силна полиција која ќе биде вистински сервис на граѓаните. Продолжуваме понатаму кон обезбедување на подобри услови, поголема поддршка и вистинско вреднување на трудот што секојдневно се вложува“, напиша Тошковски во објавата на социјалните мрежи.