Спорт
Илчо Ѓорѓиоски: Брегалница следната сезона ќе се бори за врвот во Првата лига
По крајот на репрезентативните активности, Брегалница викендов продолжува со првенствените обврски и пресметката против Ренова во 25. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Шефот на стручниот штаб Илчо Ѓорѓиоски, осврнувајќи се на периодот по неговото доаѓање на клупата на „сините“ на почетокот од оваа година вели дека Брегалница е долгорочен проект, не од денеска за утре, кој на крајот ќе биде и тоа како успешен.
„Брегалница е проект кој ќе биде успешен затоа што има амбициозни луѓе во клубот кои сакаат да го видат клубот на највисоко ниво во домашниот фудбал. Брегалница оваа година, по бројни кризи, сега влезе во Првата лига. Клубот е поставен на здрави основи и затоа и прифатив да го преземам кормилото на тимот. Но треба да се истрае во реализацијата на овој проект. Ќе има проблеми, ќе има растови и падови, но мора да се истрае на тој пат“ – вели Ѓорѓиоски.
Стратегот на Брегалница нагласува дека Брегалница и оваа сезона има индивидуален и тимски квалитет, но дел од фудбалерите ќе мора да го променат менталитетот кој мора да се издигне на победничко ниво.
„Дека тимот на Брегалница има квалитет потврда се резултатите од подготвителните натпревари во Анталија каде славевме убедливо против екипи со буџет од 40-50 милиони евра. Тие резултати на подготовките ни покажаа дека има квалитет во тимот, но можеби и не излажаа да го затвориме преодниот рок без потреба од дополнителни засилувања. Па, потоа на стартот од пролетниот дел од сезоната се случи пораз каков што се случи, со еден шут на противникот кон нашиот гол и тоа од избиена топка, и потоа следеше психолошки пад во играта поради менталитетот. Затоа мора да се менува пристапот кон играта, да се верува во себе, да се изгради победничкиот менталитет кај секој поединец, затоа што тврдам дека Брегалница има индивидуален и тимски квалитет но не смее да има психолошки падови. Мора да научиме и по примени погодоци поради индивидуални грешки, тимот да се врати во игра. Мора да се создаде и карактер како тим секогаш да се оди на победа, буквално на секој натпревар“, истакнува Илчо Ѓорѓиоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

