Европа
Русите тврдат дека Украинците го нападнале нивното складиште за нафта, а се појави и видео од пожарот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/04/873x400-5.jpg)
Нападнато складиште за нафта во рускиот град Белгород, а регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков за тоа ја обвини Украина велејќи дека големиот пожар бил предизвикан од воздушни напади на два украински хеликоптера.
Гладков рече дека две лица се повредени, но дека се надвор од животна опасност. Тој додаде дека пожарникарите го гаснат пожарот, а жителите од околните улици се евакуирани.
Инаку, Белгород се наоѓа северно од границата со Украина, а ова е ново обвинување на Русите дека Украинците ги напаѓаат. Пред два дена руската страна изјави дека Украинците го нападнале нивниот магацин за оружје во тој град.
An oil depot is on fire in #Belgorod, #Russia.
"The emergency services went to the place of fire, measures are being taken to eliminate it", said Gladkov, the governor of the region in his Telegram channel. pic.twitter.com/ey7rC5ChSz
— NEXTA (@nexta_tv) April 1, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Европа
Русија соопшти дека соборила 36 дронови испратени од Украина
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/04/shahed-136-dron00002-830x0.jpg)
Системите на руската противвоздушна одбрана уништија 36 дронови, испратени од Украина во текот на изминатата ноќ кон територијата на Русија, соопшти Министерството за одбрана во Москва.
Петнаесет беспилотни летала се соборени над Курска област, девет над Липецка, по четири над Воронешка и Брјанска и по два над Орловска и Белгородска, посочи Министерството во објава на социјалната мрежа Телеграм.
Европа
Четиринаесетгодишно девојче е киднапирано во Грција, во месноста Лариса
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/isceznata.jpg)
Четиринаесетгодишно девојче е киднапирано во Грција, во месноста Лариса, а активирана е „Амберт алерт“ – килибарна тревога. Девојчето Хрисула Хрисобаланти исчезнало на 27 јуни околу 20.30 часот. Се претпоставува дека девојчето било киднапирано од постаро лице.
Медиумите пренесуваат дека девојчето е високо 155 сантиметри, тешко 55 килограми, долга кафена коса и темнозелени очи.
Во моментот на нејзиното исчезнување носела зелени бермуди, бела маица и бели влечки.
Грчките власти пред неколку дена известија дека трагаат по девојчето Константина-Ирини Р.(16), кое исчезна од предградието Ахарнес во Атина.
Според грчките медиуми, девојчето последен пат била видена во неделата на 16 јуни во вечерните часови.
Европа
Пет лица загинаа во напад со беспилотно летало во руската област Курск, меѓу нив и деца
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/09/jak-130-rusko-solsko-letalo-2.jpg)
Пет лица загинаа во напад со беспилотно летало во руската област Курск во близина на границата со Украина, објави регионалниот гувернер Алексеј Смирнов на Телеграм.
„Меѓу жртвите има и две деца. Удрена е куќа во селото Городиште во Рилската околија. Двајца други членови на семејството, од кое се жртвите, се во тешка состојба“, додаде Смирнов.
Претходно руското Министерство за одбрана соопшти дека се уништени шест украински беспилотни летала над неколку руски региони, вклучувајќи ги Тверската, Белгородската и Брјанската област, како и над Крим.
Сообраќајот по Кримскиот мост бил во прекин околу еден час рано утринава и сега вкупно околу 600 автомобили се собрани од двете страни на мостот