Свет
ЕУ ќе ја охрабри Кина да не ѝ помага на Русија во инвазијата
Кинескиот претседател Шји Џјинпинг, кој одби да го осуди рускиот напад врз Украина, утре ќе одржи тричасовен виртуелен самит со официјални претставници, на кој ќе присуствува и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен. На почетокот на февруари Кина и Русија објавија долга заедничка декларација во која се вели дека нивниот однос е без граници.
Европските лидери беа загрижени за она што го гледаа како манифест за редефинирање на меѓународниот поредок. Неколку недели подоцна претседателот Путин ја нападна Украина. Западните власти сега веруваат дека Москва побарала од Пекинг воена и друга помош за да се олесни влијанието на санкциите.
Извори од ЕУ велат дека Фон дер Лаен ќе го охрабри Шји да ги отфрли таквите руски барања и наместо тоа, да ја искористи кинеската моќ за да ги прекине борбите. Но, кинескиот министер за надворешни работи оваа недела ја пофали Русија за, според него, спречување хуманитарна криза од големи размери и инсистирање дека односите со Москва се движат во вистинската насока.
Официјални лица во Брисел не очекуваат некој значаен договор од виртуелните разговори, но се надеваат дека Кина ќе размисли да го одврати Путин од употреба на оружје за масовно уништување додека неговата војна продолжува.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Оливер Млакар го прослави својот 89-ти роденден
Хрватскиот телевизиски водител Оливер Млакар вчера го прослави својот 89 роденден.
Роден е во Птуј во 1935 година. Од 1945 до 1953 година живеел во Осиек, во 1954 година дошол во Загреб, каде студирал француски и италијански јазик. Три години откако се преселил во Загреб, се пријавил на аудиција за најавувачи во Радио Загреб и ја добил работата.
По завршувањето на воениот рок, во 1963 година започнал да работи во Телевизија Загреб, каде две години подоцна станал водител на квизот со Јасмина Никиќ. Тој е најпознат по водењето на Квискотека, најпопуларниот хрватски квиз на сите времиња, од 1984 до 1995 година.
Иако се пензионираше во 2002 година, од 2006 до 2007 година беше водител на камбек сезоната на Квискотека на Нова ТВ. И по пензионирањето, тој беше баран на телевизија и на фестивали.
Регион
Маж загина во автомобил во Атина, моторџија пукал осум пати во него
Еден човек е убиен утрово во северните предградија на Атина кога бил застрелан додека бил во автомобил од моторџија, соопшти полицијата.
Од полицијата велат дека трагаат по напаѓачот, пренесе Катимерини.
Според првичните податоци, убиецот бил на мотор и дошол до автомобилот БМВ и пукал во жртвата најмалку осум пати пред да успее да побегне.
Регион
Пожари на грчките острови Крит, Кос и Хиос
Се уште горат три пожари кои избувнаа на грчките острови Крит, Кос и Хиос, иако пожарникарите делумно успеаја да ги локализираат.
Пожар избувна на островот Кос во понеделникот и излезе од контрола бидејќи силните ветрови го шират кон Кардамаина, популарно туристичко одморалиште на источниот брег на островот, пренесува Екатимерини.
Петмина пожарникари се полесно повредени во операциите за гаснење, а околу 10.000 туристи и жители се евакуирани од областа и сместени во училишта, спортски стадиони и хотели во Антимакија, Мастичари и Мармари.