Европа
Украински амбасадор во ОН: Откажувањето од Крим и Донбас е политичко самоубиство
Украина нема да отстапи ниту една своја територија во замена за мировен договор со Русија, изјави украинскиот амбасадор во Обединетите нации, Сергиј Кислица, пренесува „Анадолија“.
Одговарајќи на новинарско прашање дали Украина ќе се откаже од Крим и од регионот Донбас за да постигне мировен договор со Русија, Кислица рече дека тоа е невозможно.
Рускиот претседател Владимир Путин сака Украина да го прифати Крим како руска територија и да ја признае независноста на отцепените региони Донецк и Луганск во Донбас во источна Украина.
„Не верувам дека некогаш би се согласиле да ја предадеме нашата територија. Тоа е политичко самоубиство“, рече Кислица нагласувајќи дека поделбата на Украина или отцепување на сепаратистичките региони е невозможно.
Тој додаде дека барањето на Русија Украина да се откаже од нејзините територии е лошо за претседателот Владимир Путин, кој очигледно ја губи војната.
Запрашан дали Украина ќе се согласи да остане неутрална и да не биде дел од НАТО, Кислица рече дека тоа зависи од украинскиот народ да одлучи како нација.
Тој рече дека не верува оти Русија ќе се согласи да најде дипломатско решение нагласувајќи дека Москва изгубила одредена доверба и што и да каже мора да биде поткрепено со акција.
„Ако Русија сака да ја ублажи својата штета, долгорочна штета, бидејќи Русија ќе трпи сега и уште многу години, тогаш мора да се организираат и да бидат сериозни на преговарачка маса. Во спротивно Русија воено ќе биде поразена“, додаде амбасадорот на Украина во ОН.
Тој исто така го повтори својот повик до НАТО да ѝ помогне на Украина со онолку оружје колку што е потребно против руската агресија.
„Ако Украина не е во состојба да се одбрани, тогаш следната цел на Русија ќе биде земја на НАТО“, рече Кислица.
Тој исто така посочи дека на Украина ѝ се потребни гаранции од Западот и меѓународната заедница дека тоа што се случува денес никогаш повеќе нема да се повтори“.
Зборувајќи за преговорите меѓу Русија и Украина во Турција, Кислица му се заблагодари на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за напорите на Анкара да посредува во завршувањето на војната.
„Факт е дека со оглед на сложеноста на прашањето, не верувам дека има многу лидери, освен Ердоган, кои се подготвени да посветат толку многу од своето време и труд“, рече тој.
Тој смета дека е во национален интерес на Турција да има слободна, мирна и просперитетна Украина како сосед.
„Гледам многу просперитетна и успешна иднина на нашето пријателство“, рече Кислица.
Последните разговори во Истанбул беа опишани како напредок во обидот да се запре војната, која, според најновите податоци на ОН, однесе животи на најмалку 1.232 цивили, а 1.935 беа повредени.
Повеќе од четири милиони Украинци исто така побегнале во други земји, а милиони се внатрешно раселени, според процените на агенцијата за бегалци на ОН.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Нова снимка од моментот кога дрон погоди база на Кипар
Беспилотно летало стигна до британската воздухопловна база на островот Кипар, изјави на брифинг портпаролот на владата Константинос Летимбиотис.
🇨🇾🚨Confirmed. Iran attacked Cyprus overnight
A drone reached the British airbase on the island, government spokesperson Konstantinos Letymbiotis said at a briefing.
There were no casualties, and only “minor damage” was reported.
The video shows the moment of the strike. pic.twitter.com/tzflBdcvGp
— NEXTA (@nexta_tv) March 2, 2026
Нема жртви, а пријавени се само „мали штети“. Видеото го прикажува моментот на нападот.
Британското Министерство за одбрана објави дека ги преместува семејствата од воздухопловната база на РАФ Акротири на Кипар, откако таа беше цел на сомнителен ирански напад со беспилотни летала синоќа.
Европа
(Видео) Украински дронови погодија клучно руско пристаниште, гори нафтен терминал
Експлозии го потресоа руското црноморско пристаниште Новоросијск во текот на ноќта, а снимките што ги споделија локалните жители покажуваат голем пожар на пристанишниот терминал. Градоначалникот Андреј Кравченко потврди напад со украински дрон и оштетување на неколку згради.
Новоросијск е клучно руско пристаниште за извоз на нафта и дом на поголемиот дел од руската Црноморска флота, која беше преместена таму откако украинските напади ги направија поморските бази во окупираниот Крим небезбедни.
Независниот руски медиум Астра, повикувајќи се на локални извори, објави пожар на нафтен терминал во Новоросијск. „Нафтен терминал во Новоросијск се запали, веројатно како резултат на напад со дрон“, соопшти Астра. Една од снимките што ги сподели Астра ги покажува жителите како трчаат за да се засолнат додека експлозиите одекнуваат низ градот.
Европа
(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон
Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се случи во базата на Кралските воздухопловни сили во Акротири на полноќ по локално време, но немаше жртви.
„Заштитата на нашите сили во регионот е на највисоко ниво и базата реагираше за да ги заштити нашите луѓе“, изјави портпарол на министерството за CNN. „Ситуацијата е активна и дополнителни информации ќе бидат дадени навремено“.
Regarding the incident that occurred shortly after midnight at the Akrotiri Base, information received through various channels indicates that it involved an unmanned drone, which caused limited damage.
The competent authorities immediately activated the prescribed security…
— Λετυμπιώτης Κων/νος (@letymbiotis) March 2, 2026
Портпаролот на кипарската влада, Константинос Летимбиотис, објави на социјалните мрежи дека во нападот „употребен е беспилотен авион кој предизвикал ограничена штета“. Ниту Велика Британија, ниту Кипар не кажаа за кого веруваат дека можеби стои зад нападот.
🚨 Cyprus media politis shared this video of alerts sounding on the Island pic.twitter.com/hwrswGlf00
— Powerline™ (@PowerlineUk) March 1, 2026
Инцидентот се случува откако Велика Британија ги засили своите воени бази на Кипар со напредни одбранбени мерки за поддршка на безбедноста и стабилноста на Блискиот Исток. Мерките вклучуваат радар, системи против беспилотни летала, борбени авиони Ф-35 и копнена воздушна одбрана.
Секоја потврда за напад врз британска воена база би можела да биде особено значајна бидејќи според Член 5 на НАТО, нападот врз една членка се смета за напад врз сите. Сепак, за другите членки на НАТО да се приклучат на конфликтот, нападнатата земја би морала формално да го повика Член 5.

