Црна хроника
Повредена ученичка во средно училиште во Скопје, се обидела да ги раздели своите врсници кои се тепале

Вчера во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека околу 14.00 часот во училница во средно училиште на подрачјето на Бит Пазар настанала физичка пресметка помеѓу двајца малолетни соученици.
Според пријавеното, тие биле разделени, по што едниот од нив излегол од училницата и набргу потоа се вратил со уште едно лице и се обиделе физички да го нападнат другиот ученик.
Како што е пријавено, тие биле спречени од останатите ученици, меѓу кои и ученичка, која ја повредиле. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Гостиварец возел со брзина од 173 км на час на место каде е дозволено 80 км на час, поднесена кривична пријава

Вчера во 14.55 часот на автопатот Гостивар-Тетово, кај наплатна станица Гостивар, полициски службеници од ПО за БПС Гостивар го лишиле од слобода З.С.(29) од с.Вруток, гостиварско.
При контрола на патниот сообраќај, било констатирано дека управувал патничко моторно возило „голф“ со брзина од 173 километри на час на место каде што дозволената брзина е 80 километри на час.
Против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
Приведен бегалец од затвор, вратен е во затворот во Идризово

Денеска во 03.10 часот полициски службеници од ПС Гостивар, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода Б.М.(61) од с.Речане кој бил баран со потерница поради бегство од КПУ Идризово.
Б.М. бил осуден на девет години и 11 месеци, а за доиздржување имал три години, пет месеци и 14 дена, а во врска со сторени кривични дела по член 215 и 247 од КЗ.
Тој е спроведен во КПУ Идризово за доиздржување на затворската казна.
Црна хроника
Блокиран пат кај Велес поради сообраќајна несреќа

Од 15.25 часот на регионалниот пат кај мотел Велес до Велес, сообраќајот е во целосен прекин.
Од АМСМ информираа дека прекинот е поради сообраќајна несреќа.
Засега нема информации дали има повредени во несреќата.