Спорт
Николов: Тренерот ни рече дека се враќа за три дена и замина да ја брани Украина
Македонскиот репрезентативец Бобан Николов се врати на клупските обврски во Шериф Тираспол, а тимот се уште е без тренерот Јуриј Вернидуб кој замина во Украина и зема пушка во рака да ја брани татковината од инвазијата на Русија.
Тренерот им рекол на фудбалерите дека ќе замине дома за да си го земе семејството, а три дена подоцна била објавена негова фотографија во војничка униформа.
„По мечот со Брага, тренерот ни рече дека ќе оди да си го земе семејството и се враќа за три дена. Но, потоа беше објавена негова фотографија во војничка облека. Го респектираме неговиот став, тој е голем патриот, како и сите ние“, вели Бобан Николов.
Вернидуб пред неколку месеци успеа да го одведе Шериф Тирапол во Лигата на шампионите, а сега ја брани Украина од агресорот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тен Хаг: Судете ни на крајот од сезоната
Уште една лоша партија за Манчестер Јунајтед, англиските медиуми жестоко критикуваат, социјалните мрежи се преполни со гневни и разочарани навивачи, а Ерик Тен Хаг мирно вели: „Судете ни на крајот од сезоната“
Тешките времиња за Манчестер јунајтед и нивниот тренер Ерик тен Хаг продолжуваат, но холандскиот стручњак се уште не размислува да се повлече од функцијата.
Славниот англиски клуб му гостуваше на Порто во второто коло од Лигата на Европа, имаше предност од 2:0, а потоа во 91. минута успеа да освои бод со играч помалку.
Ова беше четврти натпревар по ред во кој клубот од „Олд Трафорд“ не успева да победи, (три нерешени и еден пораз), но во статистичка смисла за „црвените ѓаволи“ поразителен е уште еден податок.
Имено, Јунајтед има примено три или повеќе гола во 24 натпревари откако ги предводи Тен Хаг, што е најмногу од сите тимови во Премиер лигата.
„Не мислам дека одигравме лош натпревар. Сметам дека втората третина од дуелот не беше добра, но почетокот и крајот беа многу добри. Водевме, на крајот успеавме да изедначиме и тоа е добро за моралот на екипата. Играчите на теренот го прават она што треба, се борат, јас сум задоволен како сето тоа изгледа“, рече Тен хаг.
Последната победа Манчестер јунајтед ја имаше на 17 септември кога убедливо го совлада Барнли со 7:0 во Лига купот, а оттогаш ремизираше со Кристал Палас без голови, одигра 1:1 против Твенте во Лигата на Европа и доживеа убедлив пораз од Тотенхем со 0:3.
„Линијата се повлекува на крајот од сезоната и тогаш можете да ни судите. Продолжуваме да се бориме, убедени сме дека тоа што го правиме е добро и атмосферата во тимот е добра. Само треба малку да ја подобриме одбраната ќе биде како што треба“, изјави холандскиот тренер.
Тимот од „Олд Трафорд“ во недела на 6 октомври, во Премиер лигата ќе гостува во Бормингем кај Астон Вила.
Спорт
Се појави видео како Енрике го критикува Мбапе: Прочитав дека ти се допаѓа Мајкл Џордан…
Веднаш по објавата, вирално стана видеото создадено минатата сезона по видео анализата на натпреварот ПСЖ – Барселона (2:3), првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Станува збор за сцена од вториот дел на документарниот филм „Немаш поим“, кој го направи „Мовистар Плус+“.
Целата епизода ќе биде прикажана во понеделник, а нејзиниот најинтересен дел беше објавен како трејлер.
Во него го гледаме Луис Енрике, тренерот на ПСЖ како по анализата во салата пред големиот екран останува сам со Килијан Мбапе. Незадоволен од тоа како напаѓачот играл одбрана против Барса, тренерот гласно му вели.
„Прочитав дека ти се допаѓа Мајкл Џордан. Па, Џордан би ги фатил сите соиграчи за ма..а и би играл одбрана како кучкин син! Биди лидер и пример за другите: Дембеле, Баркола, Асенсио, Коло Муани…“
„Ти си феномен, без сомнение играч од светска класа, но. тоа не е доволно“.
Тој ја кажува својата поента вака, осврнувајќи се на неизбежното заминување на Мбапе во Реал.
„Сакам гордо да заминеш од тука на главниот излез“.
Пет дена по говорот на Енрике, Мбапе со два гола го предводеше ПСЖ до голем пресврт и победа од 4:1 кај Барселона за пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите.
"He leído que te gustaba Michael Jordan".
"Michael Jordan se ponía a defender como un hijo de p***".#LuisEnrique 🗣️ Mbappé
📼 Lunes 7, '𝑵𝒐 𝒕𝒆𝒏𝒆́𝒊𝒔 𝒏𝒊 **** 𝒊𝒅𝒆𝒂' Capítulo 2. pic.twitter.com/VSYqtTAIsl
— Fútbol en Movistar Plus+ (@MovistarFutbol) October 3, 2024
Спорт
ЈУвентус размислува за Серхио Рамос
Бразилскиот дефанзивец на Јувентус, Глеисон Бремер (27) ја заврши сезоната поради скинати вкрстени лигаменти. Ова е голем проблем за „старата дама“, а решението за него би можело да се најде во ангажирањето на Серхио Рамос, пишува фудбалскиот портал „Гол“.
Бремер се повреди во шестата минута во победата на Јувентус над Лајпциг (3:2) во второто коло од Лигата на шампионите.
Тој го напушти теренот со помош на физиотерапевт, а дополнителниот преглед покажа и повреда на менискусот.
Бремер пристигна во Јувентус летото 2022 година од Торино за 46,9 милиони евра и веднаш се наметна како еден од најдобрите играчи на Јувентус.
За да се обиде да го ублажи ударот, Јувентус почна да размислува за играчи кои би можеле да го заменат одличниот Бразилец. Меѓу кандидатите, пишува „Тутоспорт“ е и 38-годишниот Серхио Рамос, легенда на шпанската репрезентација и Реал Мадрид, моментално без ангажман.
Досега Рамос одбил понуди од клубови од МЛС, Саудиска Арабија и Бразил.