Македонија
Ѓорѓиевски во врска со пожарот во Пржино: Претпоставувам дека се работи за човечки фактор
Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, по добиената информација за опожарен објект во населбата Пржино, излезе на терен заедно со општинските служби, со цел да помогне во справување со пожарот, информираат од неговиот кабинет.
„Во попладневните часови изби голем пожар во населба Пржино. По добиената информација дека гори објект, веднаш со службите излеговме на терен да им помогнеме на пожарникарите и од она што тука го дознавме е дека се работи за објект на старо училиште кое во моментов е во приватна сопственост. Сакам да се заблагодарам на екипите на Противпожарната бригада и МВР, кои и покрај отежнатите временски услови беа на висината на задачата и пожарот е локализиран и што е најважно нема човечки жртви, ниту повредени. Нема зафатени ниту други домаќинства наоколу“, истакна Ѓорѓиевски.
Изрази благодарност и до соседите кои излегле во пресрет и ги ставиле како што рече, на располагање хидрантите од своите објекти.
„Ние како општина, исто така на располагање го ставивме и хидрантот од градинката што е во непосредна близина. Апелирам до МВР сериозно и до крај да го истражи овој случај бидејќи како што добив информација овде, не станува збор за постоечка инсталација која била под напон, туку претпоставувам дека се работи за човечки фактор кој влијаел да дојде до сето ова, а доколку сето тоа се потврди – да одговара пред лицето на правдата“, изјави градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

