Свет
Руски ракети погодија два града во централна Украина, објави регионалниот лидер
Руски ракети рано утрото погодија два града во централна Украина, оштетувајќи ја инфраструктурата и станбените згради, изјави лидерот на регионот Полтава, пренесува „Ројтерс“.
„ Полтава. Проектилот погоди еден од инфраструктурните објекти во текот на ноќта“, напиша Дмитриј Лунин во објавата на интернет.
„Кременчук. Многу напади на градот утрово“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Патник добил порака за поставена бомба во авион: на аеродромот во Сараево активирана кризна ситуација
Околу 17 часот и 50 минути на Меѓународниот аеродром во Сараево е повторно започната процедурата за тревога и известување откако еден од патниците на летот Меминген – Сараево добил порака со заканувачка содржина, пренесува „Radiosarajevo.ba“.
Патникот добил дојава за поставена бомба во авионот.
Пораката пристигнала додека авионот бил над Хрватска, а авионот слетал на аеродромската писта во Сараево, по што бил спроведен кризен акциски план.
Информацијата ја потврдила и Белма Чурековиќ, портпарол на сараевскиот аеродром за порталот „Radiosarajevo.ba“.
Во авионот имало 190 луѓе.
Локалните медиуми потсетуваат дека денеска, во 15 часот и 36 минути, на Меѓународниот аеродром во Сараево била пристигната електронска пошта со заканувачки содржини дека на аеродромот се поставени експлозивни направи.
Според написите, била направена контрадиверзантска проверка на целиот меѓународен аеродром во Сараево и се покажало дека дојавата за поставени експлозивни направи е лажна.
Свет
(Видео) Улици како реки: големи поплави, невреме и град во францускиот град Кан
Обилните врнежи предизвикаа поплави во францускиот град Кан, а на социјалните мрежи кружат видеа од овој град.
„Во нашето подрачје има силно невреме, повремено пропратено со град. Ги повикуваме сите граѓани да бидат внимателни и да преземат мерки на претпазливост доколку патуваат“, се наведува во соопштението на Градската управа на социјалната мрежа Икс.
In France, the streets of Cannes turned into rivers this morning following torrential rain 🌊👀pic.twitter.com/iQ7cZ4B9Qw
— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) September 23, 2024
Во соопштението се наведува дека сообраќајот е блокиран поради поплави.
In France, the streets of Cannes turned into rivers this morning following torrential rain 🌊👀pic.twitter.com/spe4KfdHL3
— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) September 23, 2024
„Пријавени се штети во некои подруми и продавници. Во моментов нема пријавени случаи на човечки жртви“, се наведува во соопштението, пренесува Н1.
Свет
(Видео) Експлозија на гас сруши куќа во Италија: пронајдени нови жртви, меѓу нив и деца
Четири членови на исто семејство, меѓу кои и две мали деца, загинаа во експлозија на гас во јужна Италија.
Нивната двокатна куќа во Савијано, недалеку од Неапол, делумно се урна во експлозија, при што загинаа нивниот брат и сестра и нивната мајка и баба.
Таткото и новороденото бебе се извлечени живи од урнатините, соопштија италијанските пожарникари.
❌ #Napoli, esplosione e crollo di un’abitazione di 2 piani a Saviano: continuano le operazioni di ricerca dei #vigilidelfuoco con team #USAR di mamma e nonna disperse [#22settembre 12:00] pic.twitter.com/pfM7QcH9pa
— Vigili del Fuoco (@vigilidelfuoco) September 22, 2024
Таткото е во тешка состојба во болница во Неапол, додека повредите на бебето не се опасни по живот, објавија локалните медиуми.
Противпожарната служба извести дека родителите и трите деца живееле на еден кат од домот, додека друга жена, за која се вели дека е баба, живеела на горниот кат.
„Пожарникарите живи ги извлекле таткото и новороденото бебе, кои им ги предале на здравствените работници на местото на настанот, додека не можеле да им помогнат на двете деца, момче и девојче, чии тела биле пронајдени без знаци на живот, се наведува во соопштението на пожарникарите.
Локалните медиуми јавија дека децата биле на четири и шест години.
Пожарникарите многу брзо ги пронашле децата и таткото, а потоа цел ден ги пребарувале урнатините. Телото на мајката го пронашле само околу 16 часот и 45 минути, а дури во текот на ноќта, околу еден час по полноќ, го пронашле телото на бабата.
Во спасувањето учествувале повеќе од 60 доброволци за цивилна заштита, соопшти управата на регионот Кампанија.