Македонија
(Видео) Ковачки: Каков е тој напредок за кој слават бугарските историчари?
Каков е тој напредок за кој слават бугарските историчари? Од бугарската комисија тврдат дека за Цар Самоил е завршена работа, а Ковачевски молчи. Што точно е прифатено, и кој е договорот за Цар Самоил? Дали тоа е причината на радоста во Софија, а за молкот во Македонија, праша пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, на денешната прес-конференција.
Тој ги обвини Ковачевски и Османи дека преговараат без да ја запознаат опозицијата, Собранието и јавноста. Според него, Владата води преговори кои може да задираат во македонскиот идентитет, јазик и историја зад целосно затворени врати.
„ Јавноста се информира за преговорите од бугарските политичари и историчари и нивните изјави во медиумите. Бугарите си ги информираат своите граѓани, а македонската страна молчи. Доколку Ковачевски е искрен кон народот и кон државата, тогаш ќе побара веднаш писмени гаранции за македонскиот идентитет, историја и јазик и од Бугарија и од ЕУ.
Водење на преговорите на ист начин како и до сега, само ќе ги потврди сомнежите дека Ковачевски и Османи тргуваат со македонските национални интереси. Токму затоа Ковачевски да ја информира јавноста што до сега се преговарало и договорило, а Османи да го стори тоа пред пратениците“ порача Ковачки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Скопје – Штип
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е нормализиран, информира АМСМ.
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип утрово беше во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без струја делови од Центар и Аеродром
Без струја денеска ќе останат дел од корисниците од општините Центар и Аеродром.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Наум Наумовски Борче бр. 65 и околните стамбени објекти околу него. (општина Центар). Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул.Ѓорѓи Андеевиќ Кун во близина на училиштето Димитар Македонски (општина Аеродром)“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Сообраќајот на патот Скопје – Штип е во целосен прекин поради запалено товарно возило
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“, информира АМСМ.