Спорт
Швојнтек го освои мастерсот во Мајами
Ига Швјонтек со трофеј ќе ја започне совјата прва недела како број 1 на ВТА листата. Тенисерката од Полска на супериорен начин го освои мастерсот во Мајами.
На „Хард рок“ стадиинот, Швјонтек ја победи поранешната број 1, Наоми Осака со 6/4, 6/0.
20-годишната тенисерка го комплетираше ткн. „Шаншајн дабл“. Пред Мајами таа го освои и мастерсот во Индијан Велс. Претходно Швјонтек поведи и на турнирот во Доха.
Швјонтек е една од четирите тенисерки што успеале во иста година да победат во Индијан Велс и Мајами, претходни тоа им успеало на Штефи Граф (1994), Ким Клајстерс (2005) и Викторија Азаренка (2016).
Во финалето против Осака таа ја забележа 17.победа во низа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ал Наср не сака да патува во Иран
Фудбалскиот клуб Ал-Наср не сака да патува во Иран на натпреварот со Естеглал од Лигата на шампионите во АФЦ, пренесува „Марка“.
Според овој извор, клубот стравува за безбедноста поради тензичната ситуација на Блискиот Исток.
Натпреварот меѓу Ал Наср и Естеглал е закажан за 22 октомври во Техеран.
Саудискиот клуб за кој настапува Кристијано Роналдо е на четвртото место на табелата на Западната конференција со четири бода по две кола. Иранскиот тим има бод помалку.
Спорт
Ридигер откри кој му бил најдобар соиграч
Антонио Ридигер во 2022 година како слободен играч од Челси се пресели во Реал Мадрид. Говорејќи за „The Inside Scoop“, се присети на моментот кога потпиша за Реал и го избра најдобриот соиграч во досегашниот тек од кариерата.
Играјќи за Штутгарт, Рома и Челзи, Рудигер имаше можност да игра со многу светски фудбалски ѕвезди, а по пристигнувањето во Мадрид нивниот број само се зголеми.
Се присети на неговото доаѓање во гигантот од „Сантијаго Бернабеу“.
„Беше 9. мај 2022 година, кога потпишав за Реал. Тие дојдоа во Лондон. Беше неверојатно. Ги прегрнав децата, не можев да верувам. Ми дадоа дрес, а јас го имам и денес”, рече Рудигер и откри кој е најдобриот соиграч што го имал.
„Карим Бензема Лука Модриќ, Тони Крос или Еден Азар од периодот во Челзи, но јас го избирам Бензема“.
Бензема и Рудигер играа заедно за Реал пред Французинот да замине во Ал Итихад. Бензема одигра вкупно 648 натпревари за Реал во кои постигна 354 гола и забележа 165 асистенции. Со клубот освои 25 трофеи, од кои пет во Лигата на шампионите и четири во Ла Лига.
Спорт
„Бодот на Динамо против Монако вреди повеќе од буџетите на Цибона, Сплит и Задар“
Александар Петровиќ, актуелен селектор на Бразил, ги спореди фудбалот и кошарката откако Динамо одигра 2:2 со Монако во второто коло од Лигата на шампионите.
„Разликата во организацијата меѓу фудбалот и кошарката е највидлива во финансискиот сегмент. Бодот на Динамо против Монако вреди повеќе од поединечните буџети на Цибона, Сплит и Задар за тековната сезона“, напиша Петровиќ.
Елитното фудбалско клупско натпреварување сезонава има нов формат со 36 клубови во заедничка група, а воедно никогаш немало поголеми финансиски награди за учесниците.
Секоја победа во главната фаза од Лигата на шампионите е вредна 2,1 милион евра, а секое реми се наградува со 700.000 евра.