Европа
Урсула фон дер Лаен: Сторителите на воените злосторства ќе одговараат

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен ги осуди „неописливите ужаси“ снимени во областите каде што Русија се повлече.
Фон дер Лајен повика на независна истрага, нешто што претходно изјави британската министерка за надворешни работи Лиз Трас.
Извештаите велат дека руските сили егзекутирале цивили и ги закопале во масовни гробници во Буча.
Претседателката на Европската комисија испрати јасна порака:
– Сторителите на воените злосторства ќе одговараат.
Appalled by reports of unspeakable horrors in areas from which Russia is withdrawing.
An independent investigation is urgently needed.
Perpetrators of war crimes will be held accountable.
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) April 3, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Зеленски за прв пат потврди дека украинските сили се наоѓаат во руската област Белгород

Украинскиот претседател Володимир Зеленски за прв пат потврди дека украинските трупи се активни во рускиот регион Белгород за да ги заштитат украинските градови во близина на границата.
Украинските сили останаа во делови од соседната руска област Курск осум месеци по прекуграничниот упад, иако руските сили повторно зазедоа голем дел од изгубената територија.
Во своето ноќно видео обраќање, Зеленски рече дека украинскиот врховен командант Олександр Сирски презентирал извештај за присуството во руските региони Курск и Белгород.
„Продолжуваме со активните операции во пограничните области на непријателот и тоа е апсолутно оправдано. Нашата главна цел останува иста – да ја заштитиме нашата земја и нашите заедници во регионите Суми и Харков од руските окупатори“, рече Зеленски.
Тој се осврна и на операциите на украинскиот 225-ти јуришен полк во областа, честитајќи и на единицата за нејзината изведба.
Зеленски го повтори долгогодишното тврдење на Киев дека, и покрај тоа што Русија ги врати областите на Курск во последниве недели, операцијата беше успешна бидејќи ги повлече руските сили од главната линија на фронтот во украинскиот регион Доњецк.
Европа
Идниот германски канцелар за падот на берзите: Драматично е, а може да биде и полошо

Фридрих Мерц, шефот на германската ЦДУ, кој се очекува да ја преземе функцијата германски канцелар, предупреди дека ситуацијата на светските пазари на акции и обврзници може дополнително да се влоши.
„Пазарите се во драматична состојба, што се заканува со понатамошна дестабилизација“, рече Мерц во изјава за „Ројтерс“.
Тој нагласи дека сега „е поважно од кога било Германија што побргу да ја врати меѓународната конкурентност“, а ова прашање треба да биде во центарот на коалициските преговори на неговата конзервативна опција со социјалдемократите.
Мерц се залага за пониски даноци, намалување на бирократијата и пониски цени на енергијата.
Утрово продолжи насилниот пад на светските берзи. Кон средината на минатата недела американскиот претседател Доналд Трамп ги потресе објавувајќи повисоки царини на увозот од очекуваното.
Додека Кина возврати со контрамерки, инвеститорите стравуваат од ескалација на царинската војна, нарушувања во меѓународната трговија, зголемување на инфлацијата и забавување на растот на најголемите економии, па дури и рецесија.
Поради тоа, цените на акциите утринава остро паднаа на азиските берзи, но и на европските.
Европа
Тинејџер избоден до смрт во Лондон, уапсени двајца 16-годишници

Двајца тинејџери се уапсени кога 17-годишник беше избоден до смрт во саботата во западен Лондон.
Полицијата била повикана околу 13.10 часот по пријава за напад со нож на улицата Ерконвалд во Шепердс Буш. На местото на настанот биле пронајдени две млади момчиња со убодни рани.
Еден од нив, 17-годишниот Кеирон Чарлс, починал на самото место, потврди лондонската полиција.
Уште едно 16-годишно момче е пренесено во болница со повреди што не се опасни за животот. По лекувањето, тој бил отпуштен и уапсен поради сомнение за убиство. Тој моментно е во притвор.
Третиот осомничен, исто така 16-годишен, го напуштил местото на настанот, но бил уапсен вчера рано наутро и исто така е во притвор, соопшти лондонската полиција. Истрагата за убиството е во тек.