Спорт
Педри донесе триумф за Барса против Севилја

Барселона стигна до важна победа (1:0) на „Камп Ноу“ против Севилја и се искачи на второто место на табелата во Ла Лига со 57 бода. Каталонскиот тим успеа да стигне до победнички погодок со магијата на Педри во 72.минута од дуелот.
Севилја дојде на „Камп Ноу“ со намера да остане непоразена, но на крајот тимот на Лопетеги мораше да го признае минималниот пораз.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Меси и Месињо на „Хард Рок“ стадионот во Мајами

Интер Мајами и Палмеирас одиграа нерешено 2:2 во последното коло од Групата А, со што двата тима се пласираа во осминафиналето на Светското клупско првенство.
Една од главните приказни на натпреварот беше средбата помеѓу легендата Лионел Меси (38) и големиот талент Естевао Вилијан (18).
Меси и Естевао си ги разменија дресови во тунелот на полувремето, а моментот стана хит на социјалните мрежи. Естевао подоцна рече:
„Меси ми намигна и веднаш почнаа да ми се тресат нозете. Беше надреално… Тој е идол, пример не само за мене, туку и за целиот свет. Беше огромна чест да го делам теренот со него“.
🇧🇷🇦🇷 Leo Messi and Willian Estêvão have swapped shirts at half time tonight! pic.twitter.com/IcWZffWrRQ
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) June 24, 2025
Естевао се смета за еден од најголемите таленти во светскиот фудбал, а од следната сезона ќе игра за Челзи.
Палмеирас го продаде за 34 милиони евра, а со бонуси трансферот би можел да достигне 60 милиони. Тој игра како крилен напаѓач, а на почетокот на кариерата го доби прекарот Месињо.
Спорт
Матеус ќе го брани голот на Црвена звезда

Бразилскиот голман Матеус (33) ќе стане нов играч на Црвена звезда, објави португалскиот „Рекорд“.
Овој голман од Бело Хоризонте ќе потпише тригодишен договор (по принципот 2+1) со српскиот шампион.
Црвена звезда ќе ѝ плати на Брага еден милион евра, додека трансферот би можел да се зголеми за уште 250.000 во зависност од настапот на Матеус.
Искусниот голман е член на Брага од 2014 година, а последната полусезона ја помина на позајмица во Ајакс.
Бранеше 10 пати за тимот од Амстердам, додека во Брага собра дури 372 настапи во изминатата деценија.
Со Брага освои два португалски купа, како и два Лига купа.
Трансферот на Матеус значи дека Израелецот Омри Глејзер ќе мора да си најде нов клуб. Глазер не импресионираше минатата сезона, а проблем повеќе пртствува и фактот што тој во овој момент не може да го напушти Израел, поради ситуацијата на Блискиот исток.
Спорт
Погба: Побарав, но не добив помош од Јувентус

Пол Погба кариерата ќе ја продолжи во Монако. Поранешниот француски репрезентативец кој последниот натпревар го одигра пред две години, во интервју за ТФ1 обвини дека не добил никаква помош од Јувентус, во текот на суспензијата поради допинг, која траеше 18 месеци.
„Мислев дека сум во војна со антидопинг властите, а не со клубот. Иако побарав помош од Јувентус, не ја добив“, изјави Французинот за каналот TФ1.
Французинот падна на допинг тест по натпреварот од Серија А против Удинезе во 2023 година, и првично беше суспендиран на четири години, но казната му беше намалена на 18 месеци.
Јувентус официјално го раскина неговиот договор во ноември 2024 година. Погба стекна право на настап во март оваа година.
„Го замолив клубот да ми обезбеди фитнес тренер бидејќи сè уште бев член на тимот. Имав право на тоа. Да речеме дека Јувентус не ме поддржуваше и тоа ми остана врежано во сеќавањето. Не разбирав зошто. Мислев дека сум во конфликт со антидопинг властите, а не со Јувентус. Повеќе не можев секој ден да ги возам моите деца на училиште и да поминувам покрај стадионот и тренинг центарот знаејќи дека нема да играм долго време. Децата постојано ме прашуваа кога ќе се вратам на теренот и кога повторно ќе ме видат на теренот. Сега сум подготвен, физички и психички, и едвај чекам да почнам одново. Имам 32 години, но сè уште се чувствувам како дете“, заклучи Погба.
Освен за Јувентус, тој двапати беше и член на Манчестер јунајтед.