Економија
Зевинг: Без руски гас и нафта, на Германија ѝ се заканува длабока рецесија

Германија ќе се соочи со длабока рецесија доколку се запре увозот или испораката на руски гас и нафта, предупреди денеска генералниот директор на Дојче банк, Кристијан Зевинг. Најголемата европска економија е во голема мера зависна од Русија во однос на енергијата, а звучните имиња од германскиот банкарски сектор во последните денови изразија загриженост за можните нарушувања во снабдувањето со енергија.
Кристијан Зевинг, кој е и претседател на германското банкарско лоби, вели дека банките предвидуваат значително забавување на растот оваа година на околу 2,0 отсто поради војната во Украина, пренесува „Ројтерс“.
„Ситуацијата ќе биде уште полоша ако престане увозот или испораката на руска нафта и природен гас. Сериозната рецесија во Германија тогаш би била практично неизбежна. Прашањето за владините мерки за помош на компаниите и секторите тогаш ќе стане уште поитно“, изјави тој за новинарите.
Зевинг во оваа пригода ја повика и Европската централна банка да дејствува со цел да се спречи инфлацијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,40 % во однос на одлуката од 10.04.2025 година.
Од 12.4.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 71,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 74,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 64,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 64,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 37,708 (денари/килограм)
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,50 ден/лит.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС не се менува.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 5,777%, кај дизелот за 5,057%, кај екстра лесното масло за 5,078% и кај мазутот намалувањето е за 1,745%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,4851%.
Економија
Еврото најсилно во однос на доларот по три години

Еврото продолжува да расте во однос на американскиот долар и денес ја достигна својата највисока вредност после три години.
Според податоците на берзата, еврото денеска во 10:10 часот се продаваше за 1,13556 долари, што е највисока вредност на европската валута од крајот на февруари 2022 година.
На крајот од тековната трговска недела, еврото би можело кумулативно да се зголеми за дури 3,5 отсто во споредба со американската валута, бидејќи бурните настани околу царинската политика на американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш ги поттикнаа стравувањата од рецесија и ја поткопаа довербата на инвеститорите во САД, пренесува „Trading Economics“.
Претходно оваа недела, претседателот Доналд Трамп објави 90-дневна суспензија на реципрочните царини за да се овозможат преговори, а ЕУ одговори со суспендирање на сопствените царини за американските стоки.
Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека потегот на Трамп претставува само „кревка пауза“, предупредувајќи дека деловната доверба ќе продолжи да биде под притисок.
ЕУ, исто така, повтори дека нема да ја промени својата дигитална регулаторна рамка како услов за каков било трговски договор со САД, објавија медиумите.
Берзи
„Волстрит“ падна – ни САД ни Кина не попушта

На Волстрит цените на акциите нагло паднаа, губејќи дел од добивките од претходниот ден, бидејќи царинската војна меѓу Вашингтон и Пекинг не покажува крај.
Индексот Dow Jones падна за 2,50 отсто, на 39.593 поени, додека S&P 500 потона за 3,46 отсто, на 5.268 поени, а индексот Nasdaq за 4,31 отсто, на 16.387 поени.
Така, индексите загубија дел од добивките од претходниот ден, кога S&P 500 скокна за историски 9,5 отсто, а Nasdaq повеќе од 12 отсто.
По големите промени во последниве денови, S&P 500 сè уште е во пад од околу 7 отсто од средината на минатата недела, кога американскиот претседател Доналд Трамп најави дополнителни, реципрочни царини за американскиот увоз.
Откако Трамп во средата ја одложи примената на тие царини за 90 дена, многу земји вчера изјавија дека се подготвени да преговараат. Меѓу другите и Европската унија, која ги одложи своите контрамерки против царините на Трамп.
Но, царинската војна меѓу Вашингтон и Пекинг продолжува бидејќи Трамп ја зголеми вкупната царинска стапка за увоз на кинески стоки на 145 отсто, 125 отсто реципрочни царини и претходните 20 отсто поврзани со кризата со фентанил.
Кина, пак, од вчера применува царина од 84 отсто за увоз на американски стоки, покрај претходните 20 отсто на одредена група производи и вели дека нема да отстапи.
„Тешко е за инвеститорите да одлучат да купат акции со ваква нестабилност и неизвесност. Тие се загрижени за тарифите бидејќи е тешко да се процени како тоа ќе влијае на економиите“, рече Пол Нолте, аналитичар во Марфи и Силвест.
Затоа инвеститорите вчера не ги охрабрија подобрите од очекуваните податоци за ублажувањето на инфлацијата во САД во март. Се проценува дека инфлацијата најверојатно ќе се зголеми во наредните месеци поради воведувањето царини, додека челниците на американската централна банка велат дека нема да брзаат со намалување на каматните стапки, туку чекаат податоци кои ќе покажат како царините влијаеле на економскиот раст и на инфлацијата.
На европските берзи вчера пораснаа акциите. Лондонски FTSE индекс зајакна 3,04 отсто, на 7.913 поени, додека франкфуртски DAX скокна за 4,53 отсто, на 20.562 поени, а париски CAC зајакна 3,83 отсто, на 7.126 поени.