Спорт
Фрајбург, сепак, побара поништување на победата на Баерн
Иако претходно најавуваше дека нема да се жалат, Фрајбург официјално побара поништување на нивниот 4:1 пораз од Баерн Минхен откако германскиот шампион кратко играше со 12 фудбалери.
Мешаницата при замените на тренерот Јулијан Нагелсмаан значеше дека Баварците во финишот на мечот имаа играч повеќе по што следуваше долга пауза. Баерн стигна до убедлива победа, но сега Фрајбург официјално ќе побара поништување на мечот иако додадоа дека требало веднаш да реагира Бундеслигата.
„Се најдовме во несакана дилема. Фрајбург не учествуваше, ниту влијаеше на случките на теренот, но легалните и процедуралните правила на Германската фудбалска федерација (ДФБ) нѐ принудуваат да имаме активна улога за легална проверка. Во основа ние немаме интерес за ваква активна улога, која ни е наметната спротивно на нашата волја. На крајот, ова става товар на клуб што немал влијание на очигледно прекршување на правилата. По внатрешна дискусија во клубот и легални совети, бордот на Фрајбург реши да се жали на резултатот на мечот“, се вели во објавата на клубот.
Stellungnahme des Sport-Club Freiburg e.V. ⬇️ pic.twitter.com/bpgKj9hQVV
— SC Freiburg (@scfreiburg) April 4, 2022
Фрајбург нема да се жали за скандалот откако Баерн Минхен играше со 12 фудбалери
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Хрватска го завери пласманот на СП
Хрватската фудбалска репрезентација ги победи Фарските Острови со 3:1 во претпоследниот натпревар од квалификациите за Светското првенство и го потврди првото место во групата Л.
Хрватите се третата европска репрезентација која обезбеди пласман на завршниот турнир во Канада, САД и Мексико, по Англија и Франција.
Натпреварот од деветтото коло од европските квалификации одигран во Риека заврши со резултат 3:1 (1:1).
Момците на Златко Далиќ имаат недостижни шест бода повеќе од второпласираните Чеси во пресрет на последното коло.
Натпреварот не започна добро за Хрватите. Фараните неочекувано поведоа во 14-та минута. Голот го постигна Геза Давид Тури.
Хрватска изедначи седум минути подоцна преку Јошко Гвардиол. Петар Муса го комплетираше пресвртот во 57-та минута, а точка на натпреварот стави Никола Влашиќ во 70-та минута.
Во последното коло, Хрватска ќе и гостува на Црна Гора.
Foto/ EPA
Спорт
Клементе за Јамал: Ако продолжи вака, неговата кариера нема да трае долго
Поранешниот селектор на Шпанија, Хавиер Клементе, го критикуваше еден од најдобрите фудбалери на Барселона, Ламин Јамал.
На искусниот стручњак не му се допаѓа однесувањето на 18-годишникот надвор од теренот и се плаши дека неговата кариера нема да трае долго поради тоа.
„Како играч, тој е многу добар, но проблемот е што не знае како да се однесува надвор од теренот. Ако продолжи вака, неговата кариера нема да трае. Тоа е јасно“, остро рече Клементе.
Од друга страна, на Клементе му е јасно дека станува збор за извонреден играч.
„Тој прави брилијантни работи, но ривалите веќе знаат како игра, знаат како да го гледаат. Тие знаат дека тој е еден од оние играчи на кои не треба да им се дозволи да играат затоа што е со висок квалитет, а може да направи толку многу на теренот“, заклучи Клементе.
Спорт
Флорентино Перез се повлекува од Реал
Легендарниот претседател на Реал Мадрид, Флорентино Перез, одлучи да се пензионира пред крајот на својот мандат.
Долгогодишниот прв човек на Реал Мадрид планира да ја напушти својата функција во 2026 година, две години пред крајот на актуелниот мандат, објавува новинарот Пепе Алварез.
Како што е наведено, 78-годишниот Перес сака уредена и планска транзиција на власта во клубот, без оглед на тоа дали членовите на клубот ќе ги поддржат неговите предлози на референдумот или не.
Перес стана претседател на Реал за прв пат во 2000 година, првата ера траеше до 2006 година, а втората, која започна во 2009 година се уште трае.
За време на неговиот мандат, фудбалскиот клуб Реал Мадрид беше прв во Европа седум пати, победник на Суперкупот исто толку пати, со пет трофеи од Ла Лига и три Купа на кралот.
Во тој период, кошаркарите освоија седум титули во АЦБ лигата, три Евролиги и седум Купа на Кралот.
Перез е синоним за модернизација на Реал – не само на теренот, туку и преку проекти како што се реновираниот „Сантијаго Бернабеу“ и глобалната експанзија на брендот.
Засега не е познато кој би можел да го наследи.

