Регион
Од утре на полноќ во Хрватска ќе бидат укинати сите мерки – маските остануваат само во два случаи
Во Хрватска од утре на полноќ ќе се укинат сите мерки воведени за борба против епидемијата на коронавирус, освен носењето маски во здравствените и социјалните установи кои даваат услуги за стари лица.
Припадниците на Националниот штаб за цивилна заштита денеска на прес-конференција во Загреб соопштија дека нема забрана за влез во Хрватска и дека одлуката за преминување на границата останува на сила.
На граѓаните на земјите членки на ЕУ сè уште не им е потребен сертификат ковид за влез во Хрватска.
Хрватскиот министер за здравство Вили Берош рече дека препораката е да се носат маски на места каде што има поголеми собири и во јавниот превоз.
Берос вели дека во моментов нема нови соеви на коронавирусот кои би можеле да го променат текот на епидемијата и дека вирусот „го изгубил потенцијалниот капацитет“.
Тој наведе дека во Хрватска седум дена по ред бележи пад на бројот на новозаразени, но никој да не мисли дека епидемијата е завршена.
– Старите и болните мора да размислуваат како да се заштитат, а тоа е најдобро да се направи со вакцината – рече Берош.
Во изминатите 24 часа во Хрватска корона вирусот е потврден кај 1.242 лица од 5.364 тестирани, а пријавени се шест смртни случаи.
Бројот на активни случаи во Хрватска денеска е вкупно 8.641. Од нив 591 пациент се во болница, од кои 25 на респиратор.
Од почетокот на епидемијата, во Хрватска се евидентирани 1.106.557 лица заразени со корона вирусот, од кои 15.652 починале.
Вкупно оздравеле 1.082.264 лица, од кои 917 во последните 24 часа.
Во моментот има 5.167 лица во самоизолација. Досега се тестирани вкупно 4.709.395 лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Орбан: Срамно е како ЕУ се однесува кон Србија
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека Србија е клучна земја во Западен Балкан и дека начинот на кој Европската унија се однесува кон Белград е срамен и неправеден.
Орбан го изјави ова пред самитот на Европската унија и земјите од Западен Балкан во Брисел, одговарајќи на прашање за отсуството на Србија од состанокот, објавија регионалните медиуми.
Тој изјави дека Западен Балкан претставува економска резерва на злато за Европската Унија и дека Србија игра клучна улога во регионалната стабилност и заштитата на Европа од мигрантските текови.
„Не можеме ништо да направиме без Србија. Она што се случува тука, мислам на третманот и однесувањето кон Србија, е срамно. Тоа е целосно неправедно и неприфатливо“, рече Орбан.
Унгарскиот премиер истакна дека Србија сочинува повеќе од една третина од вкупното население на Западен Балкан, додека, според него, најмалку половина од економијата на регионот е поврзана со таа земја. Тој додаде дека околу две третини од извозот на Западен Балкан е поврзан со Србија.
„Без Србија, невозможно е да се направи нешто на Западен Балкан“, тврди Орбан.
Тој оцени дека, за да се најдат решенија за постојните предизвици, Европската унија прво треба да ја прифати Србија како членка, а дури потоа да го продолжи процесот на проширување со другите земји во регионот.
„Ние го правиме токму спротивното. Не е добро. Лошо е, неправедно и срамно. Затоа ние Унгарците мора да ја поддржиме Србија да продолжи напред“, заклучи Орбан.
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави доцна синоќа дека Србија нема да присуствува на денешниот самит ЕУ-Западен Балкан во Брисел, наведувајќи дека не сака владата на земјата да трпи притисок, но повтори дека Белград останува посветен на членството во ЕУ.
фото/депозитфотос
Регион
Храната за бебиња „аптамил АР1“ повлечена од пазарот во Хрватска
Поради зголеменото присуство на бактеријата Bacillus cereus, хрватскиот Државен инспекторат го повлече од пазарот „аптамил АР1“, формула за бебиња, произведена од Nutricia Export BV од Холандија, соопшти Хрватската агенција за земјоделство и храна (HAPIH).
Ова е исклучиво за производот од 400 g (храна за посебни медицински потреби) со рок на траење до 17.5.2026 година и ЛОТ: 111444865. Дистрибутер на производот на хрватскиот пазар е AWT International d.o.o.
Производот не е во согласност со регулативата на Европскиот парламент и на Советот за утврдување на општите принципи и барања на законодавството за храна, основање на Европскиот орган за безбедност на храната и утврдување процедури во прашањата за безбедност на храната и водичот за микробиолошки критериуми за храна, објави 2Индекс.хр“.
Регион
Сараево меѓу најзагадените градови во светот утрово
Сараево утрово се најде на врвот на листата на градови со најголемо загадување на воздухот во светот врз основа на податоците собрани и систематизирани од швајцарската веб-страница IQAir.
Според податоците, квалитетот на воздухот во главниот град на Босна и Херцеговина беше во таканаречената кафеава категорија, што е највисокото можно ниво на предупредување или ознака за воздух опасен за здравјето на луѓето. Индексот на квалитет на воздухот беше 355, а сè над 300 се смета за опасно за здравјето.
Следниот град со најголемо загадување на воздухот во светот беше Лахор во Пакистан со индекс од 271, што спаѓа во категоријата многу нездрав воздух.
Концентрацијата на фини честички прашина во воздухот ПM 2,5, кои продираат длабоко во белите дробови и може трајно да го оштетат здравјето во Сараево, беше 53 пати поголема од годишната референтна вредност дозволена од стандардите на Светската здравствена организација (СЗО).
Сараево е на листата на најзагадени градови во светот од синоќа. Ваквата ситуација е честа појава во зимските месеци, особено во периодите кога има температурна инверзија, па добиената магла го покрива сараевскиот басен, а честичките штетни супстанции се акумулираат под него.
За најголеми загадувачи на воздухот во Сараево се сметаат многуте согорувачки постројки, кои користат цврсти горива, како и густиот градски сообраќај, кој вклучува голем број стари возила. Локалните власти со децении не успеваат да го решат овој проблем, според медиумите во регионот.
Фото: депозитфотос

