Македонија
(Видео) Ременски: Ова беше измачувачки процес за мене, задоволна сум од пресудата

Експратеничката Фросина Ременски која беше разрешена од партиските функции во СДСМ поради предметот „Меѓународен сојуз“, кој тогаш беше во истрага, кажа дека е задоволна од ослободителната пресуда.
Таа побара разбирање од јавноста на сите прашања да одговара во наредниот период. За процесот кој се водеше против неа, кажа дека е измачувачки.
„Повеќе од две години и психички и физички и емоционално поминувам низ овој процес. Барам разбирање денеска, да ја добијам пресудата, да ги прочитам наводите и да дадам повеќе образложение за какво било прашање денеска. Сметам дека за случајот премногу зборував, за целокупното постапување за случајот и мислам дека денеска укажувањето на судот во однос на функционерите и политичарите – е нешто на што сериозно треба да се размисли. Сакам да имате разбирање за мојата денешна состојба. Секако, да си ги средам и јас емоциите од овој долг и измачувачки процес за мене, па да стојам на располагање за сите прашања и одговори кои ги имате“, рече Ременски.
Четири казни за физички и една за правно лице, изрече судијката Софче Гаврилова-Ефремова заедно со судечкиот совет во случајот „Меѓународен сојуз“.
На претседателот на невладината организација Бојан Јовановски-Боки 13 му изрече девет години, заменик-претседателката Јасна Мандиќ доби четири години, таткото на Боки 13, Миле Јовановски доби условна казна, експратеничката Фросина Ременски е ослободена од обвинение.
На асистентката на Боки 13 – Кристина Блажевска ѝе изречена казна од една година. „Меѓународен сојуз“ треба да плати еден милион денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВЛЕН: Паднаа во вода тврдењата на ДУИ за наводен атентан врз Зеќирија Шаини

Коалицијата ВЛЕН реагира за случајот во кој беше повреден активистот и носител на листата на НАИ во Липково, Зеќирија Шаини.
Од таму велат дека особено загрижува фактот што политичките опоненти, предводени од ДУИ, се обидоа да ѝ дадат политичка димензија на оваа трагедија, грубо манипулирајќи со семеен конфликт во сред изборна кампања.
„Но случајот се покажа како семеен проблем и нема никаква врска со политиката. ДУИ доживеа тежок пораз, бидејќи не ѝ успеа обидот да ја искористи ситуацијата за сопствена политичка корист. Тие беа демантирани и од самиот нивен активист, Зеќирија Шаини, кој јавно изјави дека нема политичко непријателство со никого, со што паднаа во вода сите тврдења за наводен „политички атентат“.ДУИ сакаше да се претстави како херој во туѓи сметки – но тоа не помина. Наместо да придонесе за смирување на ситуацијата, партијата повторно приредува политички театар, обидувајќи се, како и секогаш, да создаде перцепција дека „некој работи против нив“. Помогната од неколку платени новинари, кои дење и ноќе шират лаги против власта, ДУИ ги злоупотребува дури и проблемите на сопствените партиски членови. Ова е стар модел на јавна манипулација и политичка виктимизација, кој има цел да го прикрие падот на довербата и губењето на електоратот“, велат од ВЛЕН.
Македонија
Сончево со мала локална облачност, максималната температура до 21 степен

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степен.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Времето во наредните денови
До почетокот на следната седмица ќе преовладува стабилно, сончево и релативно топло време со локална појава на облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен, а во сабота долж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Македонија
Делови од Гази Баба и Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08:30 до 13:30 часот, корисниците од улица Благоја, улица Маџари, Пекара КИС МИ Стефковски и улица Ордан Поп Јорданов (општина Гази Баба)
– во периодот од 09:00 до 10:00 часот, локалите во трговскиот центар до пазарот (општина Ѓорче Петров)