Економија
Бектеши ќе учествува на економскиот форум „Делфи“ во Грција
Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска ќе учествува на економскиот форум „Делфи“ во Грција, каде што ќе говори на панелот со наслов „Како кризата во Украина влијае на економиите во регионот“.
Бектеши во рамките на форумот ќе присуствува на работна вечера со наслов „Војната во Украина: Последиците на Балканот“, на која говорници ќе бидат американскиот заменик на помошник-државниот секретар во Бирото за европски и евроазиски работи на Стејт департментот, Габриел Ескобар, специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина и за Западен Балкан, Мирослав Лајчак.
Седмиот економски форум „Делфи“, кој се организира со наслов „Нови реалности“, ќе биде домаќин на истакнати личности од областа на политиката вклучувајќи европски претседатели, премиери, еврокомесари и министри, како и научници, универзитетски професори, претприемачи.
На форумот ќе учествуваат 760 говорници од 36 земји, а ќе бидат опфатени низа теми, како што се светската безбедност, глобалната економија, климатските промени, иднината на ЕУ, технологијата, здравството, општеството, културата итн.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Нови цени на бензинот и дизелот од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,35% во однос на одлуката од 16.9.2024 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 4,690%, кај дизелот за 1,855%, кај екстра лесното масло за 1,78% и кај мазутот има зголемување за 2,445%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,5933%.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/лит, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,499 ден/кг и сега ќе изнесува 41,827 ден/кг.
„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 24.9.2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од РКЕ.
Економија
Уште три дена за поднесување ДДВ-04 пријави за изминатиот даночен период
Управата за јавни приходи ги повикува даночните обврзници и сметководителите да не го чекаат последниот рок, 25-ти септември (среда) 2024 година до полноќ, за поднесување на ДДВ-04 пријавите за последниот оданочив период, велат од УЈП.
Од таму апелираат навреме да се поднесат ДДВ – 04 пријавите со цел да се избегне непотребен стрес и дополнително чекање на обработка на пријавите доколку истите се испратат последниот ден.
„Во моментов, системот на УЈП работи непречено, до денеска поднесени се 1706, ДДВ – 04 пријави од вкупно очекуваните 7405, што е 23,4% од вкупно очекуваните ДДВ – 04 пријави за овој оданочив период. Обврска да поднесат ДДВ-04 пријава, имаат сите даночни обврзници, вклучително и оние кои во соодветниот период немале извршен оданочив промет.
Процесот на поднесување на пријавите е под постојан мониторинг, а сите заинтересирани можат редовно да го следат трендот на статистиките за поднесените ДДВ-04 пријави по региони на веб-страницата на УЈП“, се наведува во соопштението.
Економија
Градоначалникот Митко Јанчев бележи огромна сума на донации и спонзорства за реализација на проекти за општина Кавадарци
Како што и веќе е информирана јавноста, градоначалникот Митко Јанчев од стапувањето на функцијата градоначалник на општина Кавадарци, а тоа се веќе цели седум години, не само што јавно се откажа од месечниот надомест- плата и користење на службено возило, туку и истиот надомест е пренаменет во хуманитарни цели.
Но најважно од се е, што во прилог можете да погледнете табела на која можете да забележите дека градоначалникот Митко Јанчев преку општествено одговорните компании Кожувчанка, ЈА-МИ и Фондација Никола Јанчев, бележи огромна сума на донации и спонзорства за реализација на проекти за општина Кавадарци реализирани од 2022, 2023 и дел од 2024 година.
Вкупно 52.624.053,00 денари се средства кои градоначалникот Митко Јанчев преку овие компании ги донирал за општина Кавадарци и останати хуманитарни и општествени цели ширум Македонија.
Овие компании на чело со Кожувчанка, не застануваат овде. Всушност нивната визија и идеја отсекогаш била да помагаат онаму каде што е потребно. Ова не е само помош, ова е придонес воопшто за општеството.
ПР текст