Спорт
УЕФА ги објави новите финансиски правила
По 12 години, УЕФА се откажа од правилата за финансиски ферплеј (ФФП) и воведе нови финансиски правила, кои ќе се познати како ФСЦЛР и под кои клубовите ќе може да трошат до 70 отсто од своите приходи.
Ова беше потврдено по состанокот на Извршниот комитет на УЕФА во Нион, Швајцарија, и ќе биде познато под името Регулативи за финансиска одрживост и лиценцирање на клубовите (Financial Sustainability and Club Licensing Regulations (FSCLR)).
ФФП беше воведено во 2010 во обид да се спречи претераното трошење на клубовите. Сепак, правилата беа постојано критикувани бидејќи клубовите повторно наоѓаа начини да ги заобиколат.
Сега ФСЦЛР е базирана на три столба – солвентност, стабилност и контрола на трошењето. Солвентноста значи дека клубовите нема да може да им должат на даночните власти, другите клубови или своите вработени, со закана за исфрлање од натпреварувањата на УЕФА, како Лигата на шампионите. Стабилноста, пак, одредува колку може еден клуб да биде во загуба – прифатливи загуби се сметаат 60 милиони евра во три сезони, а клубовите што се во „добра финансиска состојба“ ќе може да одат во долг уште 10 милиони евра. На крајот, ограничувањето на трошењето значи дека сите трошоци на клубот мора да претставуваат до 70 отсто од приходите на клубот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Резервите му донесоа триумф на Арсенал во Билбао, дебитантот Унион го шокира ПСВ

Со гостински победи на Арсенал и дебитантот Унион Сен Жилоа, започна сезоната 2025/2026 во Лигата на шампионите.
Арсенал на „Сан Мамес“ во Билбао, не прикажа некоја спектакуларна игра, но успеа да го победи Атлетик.
Два гола постигнаа играчите од клупата за резерви. Мартинели по нецели 15 секунди откако влезе во игра во 72.минута погоди за 0:1. Конечниот резултат го постави Тросар во 87.минута. Резервите на Артета си поделија по една асистенција.
На „Филипс“ стадионот во Ајндховен, ПСВ доживеа шокантен пораз од Унион Сен Жилоа. Дека Белгијците се дојдени по победа во Ајндховен најави Дејвид во деветтата минута од пенал. Половина час подоцна слаломот на Ел Хаџ им донесе на гостите предност од два гола.
Точка на победата на гостите стави братот на фудбалерот на Ливерпул, Алексис Мекалистер, Кевин.
Честа на ПСВ ја спаси, Ван Бомел во 90.минута.
Спорт
Шејн Ларкин ја заврши репрезентативната кариера

Шејн Ларкин, кошаркарот на Ефес, одлучи повеќе да не го носи дресот на Турција.
Искусниот плејмејкер го водеше тимот на Ергин Атаман до сребрен медал на Евробаскетот, по што реши да стави крај на репрезентативната кариера.
Тој ја информираше јавноста за својата одлука на социјалните мрежи.
„Пред седум години се согласив да играм за Турција без никакви очекувања. А седум години подоцна, чувствувам дека ова е мојот втор дом. Начинот на кој ме прифативте и ме поддржавте не може да се опише со зборови. Иако не ја постигнавме главната цел, а тоа е златен медал, поддршката што ја добивме од целата земја значеше повеќе од само медал“, напиша Ларкин и додаде:
„Беше чест и привилегија да го носам овој дрес и да играм за Турција. Засекогаш ќе бидам еден од вас! Ве сакам од се срце“, заврши тој со зборови на турски.
Ларкин имаше просек од 11,6 поени и 5,1 асистенции на Европското првенство.
Спорт
Атлетико без најдобриот играч отпатува во Ливерпул

Ливерпул, утре, ќе го пречека Атлетико Мадрид во еден од најпривлечните натпревари во првото коло, во Лигата на шампионите.
„Јорганџиите“ ќе бидат хендикепирани на „Енфилд“, тренерот Диего Чоло Сименоне нема да може да смета на првиот напаѓач, Хулијан Алварез.
За време на викендот против Виљареал, Аргентинецот почувствува непријатност во коленото, беше заменет, а по лекарските прегледи беше одлучено да се одмори и да го прескокне дуелот со шампионите на Англија.
Во негово отсуство, нападот на Атлетико ќе го предводат Антоан Гризман и Александар Серлот.
Атлетико објави дека Тијаго Алмада, Алекс Баена и Хозе Марија Хименез ќе го пропуштат натпреварот со Ливерпул.
Натпреварот во Ливерпул ќе започне во 21:00 часот.