Спорт
„Се надевам дека во реваншот ќе имаме подобри судии“

Рома доживеа уште еден пораз од Бодо/Глимт во Конференциската лига. Норвежаните, синоќа, победија со 2:1 во првиот четврт-финален натпревар. Сезонава Бодо/Глимт два пати ја победија Рома, еден натпревар заврши нерешено.
И покрај поразот и фактот дека Рома сè уште нема победа над Бодо/Глимт, тренерот на „волчицата“, Жозе Мурињо смета дека неговиот тим е фаворит за пласман во полу-финалето.
„Јасно е дека Бодо/Глимт е тежок противник, но верувам дека во реваншот ќе имаме подобри судии. Во две акции ни судеа офсајди, кои не постоеја. Еднаш судијата покажа офсајд и покрај тоа што топката беше фрлена од аут. Јасно е на кое ниво беше судењето“, рекол Мурињо. Проблем за Португалецот е повредата на Манчини.
„Ме загрижува неговата повреда. Се повреди поради пластичниот терен, тука ние немаме контрола. УЕФА дозволи да се игра на вакви терени, тука ништо не можеме да направиме“, заклучил Португалецот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Тинејџер во 100.минута погоди за триумф на Ливерпул

Неверојатен натпревар и голема победа за Ливерпул против Њукасл, со голот на тинејџерот Енгумоа, кој погоди во десеттата минута од судиското продолжение во второто полувреме за конечни 2:3.
Њукасл и Ливерпул одиграа фантастичен натпревар на затворањето на второто коло од Премиер лигата, во кој „стралките“ малку ги делеше од неверојатен подвиг.
Ливерпул не одигра ништо, дури и во ситуација кога имаше играч повеќе, Њукасл доминираше, особено во првите 35 минути, кога со високиот пресинг ја загушија играта на ривалот.
Грабенберг погоди за 0:1 во 35-та минута, а десет минути подцна Гордон поради невнимателен старт доби црвен картон.
По 20 секунди игра Екетике ја зголеми предноста на ливерепул.
Њукасл немаше намера да се рпедаде, се вратија домашните во мечот со головите на Гимараеш во 57. и Осула во 88-та минута. Ја посакуваа домашните победата, и по израмнувањето напаѓаа но без бод останаа во 100-тата минута.
Ги шокира 17-годишниот тинејџер Енгумоа, кој четири минути претходно влезе на теренот. По додавањето на Салах и брилијантно промашената топка на Собослаи, тинејџерот го постигна првиот гол во сениорска конкуренција.
foto/ EPA/ADAM VAUGHAN
Спорт
(Видео) Интер со „петарда“ ја започна новата сезона

Фудбалерите на Интер го затворија првото коло од италијанската Серија А со убедлива победа над Торино со 5:0 (2:0).
„Неро-азурите“ му ја предадоа круната на Наполи минатата сезона, а со овој почеток испраќаат јасна порака дека сакаат да го вратат „Скудетото“ во своите витрини.
„Биковите“ беа целосно инфериорни на „Џузепе Меаца“, а серијата голови отвори Алесандро Бастони во 18-та минута.
Уште толку време му беше потрбно на Маркус Тирано за да го постигне својот прв гол на оваа средба.
Во раната фаза од второто полувреме, Лаутаро Мартинез ја искористи големата грешка на одбраната на Торино за да го зголеми резултатот 3:0, а потоа Тирам постигна убав гол во 62-та минута.
Торино целосно потона, а во 72-та минута „петардата“ ја комплетираше новодојдениот Французин Бони, само пет минути по влегувањето на теренот.
Foto/ EPA/MATTEO BAZZI
Спорт
Богати премии ќе добијат играчите на Црвена звезда ако се пласираат во ЛШ

Црвена звезда загуби од Пафос во Белград со 1:2 во првиот натпревар од плејофот за пласман во Лигата на шампионите. Жоао Кореја и Пепе постигнаа голови за кипарскиот клуб, додека српскиот тим ја намали предноста со голот на Бруно Дуарте.
Српскиот шампион ќе има тешка задача во вторник во 21:00 часот на Кипар, каде што ќе се обиде да го надомести дефицитот и да се пласира во елитното клупско натпреварување.
Доколку успеат во ова, фудбалерите на Црвена звезда ќе добијат големи премии. Според информациите на „Спортклуб“, играчите на Звезда кои ги играат главните улоги ќе бидат наградени со по 100 илјади евра. Премиите наводно ќе се зголемат на 120.000 евра ако се квалификуваат во Лигата на шампионите без продолженија и пенали.
Доколку Црвена звезда испадне, ќе оди во главната фаза на Лигата на Европа, додека Пафос ќе игра во главната фаза на Лигата на шампионите.
Учеството во групната фаза на Лигата на шампионите носи многу пари. Црвена звезда минатата сезона освои шест бода во осум натпревари и го освои 29-то место во конкуренција на 36 клуба. Од УЕФА заработи 32 милиони евра, а тоа не ги вклучува парите што клубот ги заработил на натпреварите што ги одигра на домашен терен.
Во јули оваа година, генералниот директор на белградскиот клуб Звездан Терзиќ потврди дека настапот во Лигата на Европа ѝ носи на Црвена звезда околу 15 милиони евра, односно половина од она што го носи пласманот во Лигата на шампионите.