Спорт
На Хунгароринг викендов почнува сезоната на Twingo Cup
Познатата патека Хунгароринг во близина на Будимпешта викендов ќе биде место каде почнува новата сезона на Twingo Cup, тркачка серија во која настапуваат и деветмина македонски возачи. Ова е трета сезона на Twingo Cup што се одржува во организација на Аутомотив Груп и АКК Рено Спорт Скопје.
Патеката во Унгарија е дел од 12-те трки што сезонава е планирано е да се возат на шест патеки во Европа. Покрај за Twingo Cup во кое има засега 33 пријавени возачи, истите трки ќе се бодуваат и за FIA CEZ првенството, и за националните првенства на Словенија и на Македонија, а трофеи ќе им бидат доделени и на најдобрите во категоријата „Junior“ за возачи до 23 години, како и категоријата „Gentlemen“ за возачи над 40 години.
Веќе денеска, петок, се слободните тренинзи за сите 33 натпреварувачи колку што се пријавени сезонава во Twingo Cup. Утре, сабота е планирано да се возат квалификациите во траење од 25 минути по што ќе бидат одредени и стартните позиции за неделните трки. Во недела е планирано да се возат две трки, првата во 9,20 часот, а втората во 15,20 часот. Ќе се возат 25 минути.
“ Хунгароринг е многу техничка патека. Во секој момент се спремаш за следниот свиок што доаѓа. Додека си во возило постојано доаѓаат свиоците и треба да бидеш подготвен. Треба да се внимава генерално да се избегне сериозен удар или инцидент. Да се биде трпелив, да се задржи сигурна позиција, да се игра тимски додека да дојде вистинскиот момент за напад и победа„, вели Давид Малинковски актуелниот првак во Twingo Cup.
Лани на Хунгароринг на двете трки во генерален пласман победија словенечки возачи, Ник Стефанчич и Матеј Ивануша. Од македонските возачи најдобри беа Мартин Костовски (прва трка) и Давид Малинковски (втора трка). Малинковски на втората трка за малку не успеа да стигне до пиедесталот заземајќи го четвртото место во генерален пласман во конкуренција на 22 возачи.
Покрај во Унгарија сезонава ќе се возат трки и на патеките Ред Бул Ринг во Австрија, на Гробник во Хрватска, кај Брно во Чешка, на Серез, Грција и на Монца Италија
Од пријавени се 33 возачи од шест држави во Twingo Cup, најбројни се оние од Словенија, а од Македонија ќе има девет возачи. Ќе има и возачи од Србија, Италија, Чешка и Австрија. Во првенството на Македонија ќе се борат девет возачи. Петмина се членови на АКК Рено Спорт Скопје, двајца се од Свифт рејсинг, и по еден член имаат АКК
Проспорт и АКК Сити Скопје. Ќе има и двајца дебитанти кои ќе возат на познатите патеки во Европа заедно со другите натпреварувачи. Тоа се Борис Стојменов и Мурис Хамзиќ, кои ќе бидат во возила на AKK Рено Спорт Скопје.
Актуелен првак во Automotive Twingo Cup за 2021 година е Давид Малинковски кој лани освои 122 бода и победи на четири од вкупно осум трки, а шестпати беше на пиедесталот. Лани имаше петмина различни победници на трките од Twingo Cup.
(ПР)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Фиорентина доби засилување од Аталанта
Марко Брешанини е новото засилување на Фиорентина за вториот дел од сезоната.
Тимот кој собра само 13 бода од почетокот на сезоната и кој, според сите очекувања, ќе се бори за опстанок, мора да се засили и да биде таму каде што му диктира репутацијата – во горниот дел од табелата.
Виола е далеку од тоа, но Брешанини е делот што недостасува за клубот, а тренерот Паоло Ваноли веќе разговарал со него и се чини дека би можел да добие вреден играч во средниот ред.
Брешанини веќе тренираше со тимот, а договорот е до крајот на сезоната, станува збор за позајмица со право на откуп, што ќе се дискутира на крајот од сезоната.
Брешанини одигра само осум натпревари за Аталанта оваа сезона.
Foto/ freerangestock
Спорт
Алдегер се здобил со фрактура на бутната коска
Тимот на Гресини Рејсинг потврди дека младиот шпански возач Фермин Алдегер доживеал фрактура на бутната коска на левата нога за време на тренингот во Валенсија, само неколку недели пред почетокот на предсезонските тестирања.
20-годишниот Алдегер го имаше своето деби во Мото ГП шампионатот минатата година со тимот на Гресини, возејќи Дукати со спецификација од 2024 година, и ја круниса сезоната со титулата најдобар почетник, со историска прва победа на Големата награда на Индонезија. Оваа година требаше да се натпреварува со Дукати со спецификација од 2025 година, но неговите подготовки сериозно се нарушени од поредата.
Како што објави тимот, Алдегер ја претрпел фрактурата за време на тренингот во четврток во Валенсија, а операцијата е закажана за денес во Барселона.
Деталите за инцидентот не се откриени.
Повредата доаѓа во незгодно време, точно еден месец пред првиот предсезонски тест за сезоната 2026, кој е закажан за 3-5 февруари во Малезија. Официјалната презентација на тимот е закажана за 31 јануари во Куала Лумпур, додека тестирањето ќе продолжи на 21 и 22 февруари во Бурирам.
Сезоната започнува една недела подоцна со Големата награда на Тајланд.
Foto/ freerangestock
Спорт
Јанис нема намера да си оди од Милвоки
Ѕвездата на Милвоки Бакс, Јанис Адетокумбо, одлучи да стави крај на сите гласини за неговата иднина и јасно стави до знаење дека нема намера да побара трејд – ниту оваа ниту која било друга сезона.
Грчкиот ас истакна дека таков потег едноставно не е во неговата природа и дека никогаш нема да биде тој што ќе побара да го напушти клубот.
„Никогаш нема да има момент кога ќе излезам и ќе кажам: „Сакам трејд“. Тоа едноставно не е во мојата природа“, изјави Адетокумбо за „Атлетик“.
Иако Јанис долго време јавно ја нагласува својата лојалност кон Бакс, тоа не ги спречи разните приказни и шпекулации за неговата наводна желба да го напушти Милвоки и да се приклучи на тим што се бори за титулата. Бакс моментално се во одлична форма и имаат резултат од 16-21 по поразот од Голден Стејт, но 31-годишната суперѕвезда не ги прифаќа гласините дека не е среќен во Висконсин.
„Можам само да контролирам само она што јас го зборувам. Никогаш не сум покажал дека не сум посветен на овој тим. Ако имало момент на теренот кога сте помислиле: „Јанис повеќе не сака да биде тука“, сакам да ми го покажете тоа. Никогаш не сум дал таква изјава. Не разбирам зошто луѓето не веруваат во она што го кажувам“, рече двократниот МВП на НБА.
И ако тоа сè уште не е доволно јасно за некого, Антетокумпо дополнително нагласи дека нема намера да оди никаде и дека верува дека Милвоки има квалитет да ја сврти сезоната.

