Црна хроника
Приведен дилер во Тетово, пронајдена дрога

Полициски службеници на СВР Тетово, денеска, околу 18 часот, го лишиле од слобода 26-годишниот тетовец Б. Ш. затоа што при претрес извршен со судска наредба попладнево во неговиот дом и во помошни простории во Тетово, пронајдена му се три кеси со марихуана, дигитална вага и 43 зипер-кесички.
Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување на случајот, ќе му биде изготвен поднесок по член 215 од Кривичниот законик и ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведен бегалец од затвор, вратен е во затворот во Идризово

Денеска во 03.10 часот полициски службеници од ПС Гостивар, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода Б.М.(61) од с.Речане кој бил баран со потерница поради бегство од КПУ Идризово.
Б.М. бил осуден на девет години и 11 месеци, а за доиздржување имал три години, пет месеци и 14 дена, а во врска со сторени кривични дела по член 215 и 247 од КЗ.
Тој е спроведен во КПУ Идризово за доиздржување на затворската казна.
Црна хроника
Блокиран пат кај Велес поради сообраќајна несреќа

Од 15.25 часот на регионалниот пат кај мотел Велес до Велес, сообраќајот е во целосен прекин.
Од АМСМ информираа дека прекинот е поради сообраќајна несреќа.
Засега нема информации дали има повредени во несреќата.
Црна хроника
Автомобил удри во жена во Струмица

Вчера на крстосницата од улиците Братство единство и Браќа Миладинови во Струмица, автомобил „пежо 407“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 39-годишната М.С. од селото Радово, струмичко, удрило во пешакот М.Ф.(39) од Струмица.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Ф., констатирани во болницата во Струмица.
Извршен е увид.