Европа
Нова мапа на руската инвазија – северот е ослободен, фокусот е префрлен на исток

Руското Министерство за одбрана неодамна објави дека ќе ги пренасочи борбените активности во Украина на истокот од таа земја, а таа промена на фокусот е јасно видлива кога ќе ги погледнете новите мапи на движењето на руските сили.
Оваа недела британското Министерство за одбрана објави нова мапа на руските напади во Украина, на која се гледа дека практично е ослободен целиот север, но и регионот на Чернобил. Битките на север сѐ уште се водат само во две области околу границата со Белорусија.
Областите околу Киев беа означени како ослободени откога Украинците во текот на викендот објавија дека ослободиле големи области северно, североисточно и северозападно од главниот град.
Мапата го забележува и огромното ослободување на територијата од Киев на исток.
Црвените стрелки ги означуваат насоките на нападот, а испрекинатите црвени стрелки ги означуваат потенцијалните насоки на нападот доколку руските трупи постигнат напредок.
Областа под контрола на Русите е означена во црвено.
The illegal and unprovoked invasion of Ukraine is continuing.
The map below is the latest Defence Intelligence update on the situation in Ukraine – 10 March 2022
Find out more about the UK government's response: https://t.co/sxVhBRiORN
?? #StandWithUkraine ?? pic.twitter.com/LDvFIy4UEA
— Ministry of Defence ?? (@DefenceHQ) March 10, 2022
Кога ќе ја видите мапата објавена од британското Министерство за одбрана на 10 март, можете да видите голема промена. Пред само еден месец најголемата борбена активност беше концентрирана околу Киев.
Руската армија целосно се повлече од северот на Украина кон Белорусија и Русија, соопштија вчера британските воени разузнавачки служби.
Британското Министерство за одбрана на „Твитер“ објави дека барем некои од руските сили, кои се повлекле, ќе бидат префрлени на истокот на Украина за да се борат во Донбас.
Во соопштението од Министерството се наведува дека ќе биде потребно дополнување на единиците пред да се пресели на исток, а најверојатно ќе бидат потребни најмалку седум дена за да се пресели повеќе.
The illegal and unprovoked invasion of Ukraine is continuing.
The map below is the latest Defence Intelligence update on the situation in Ukraine – 07 April 2022
Find out more about the UK government's response: https://t.co/VM4d6oMAF2
?? #StandWithUkraine ?? pic.twitter.com/rp62XIBVE9
— Ministry of Defence ?? (@DefenceHQ) April 7, 2022
Според Министерството, руските сили напредувале појужно од градот Изиум, кој останува под нивна контрола. „Ројтерс“ не можеше да добие независна потврда за извештајот.
Украинските власти во средата повикаа на евакуација во три провинции во близина на границата со Русија поради новите знаци дека трупите на рускиот претседател Владимир Путин ги зајакнуваат нападите врз источните и јужните градови по неуспешниот обид да го заземат Киев.
Локалните власти објавија уште едно руско гранатирање на источниот регион Донецк, при што загинаа најмалку пет лица. Дури 10 високи станбени згради беа цел на напад во Северодонецк, во соседната област Луганск.
Американските аналитичари велат дека Москва почнала постепено да го префрла фокусот на своите воени операции кон источните погранични провинции по повлекувањето на илјадниците војници, кои претходно го опколиле главниот град, објави „Вашингтон пост“.
Претставници на Пентагон во средата потврдија дека Русија во вторникот ја завршила евакуацијата на сите сили од околината на Киев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Кремљ: Договорен распоредот за разговорите Путин – Трамп, ќе има и прес-конференција

Договорен е распоредот за разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, изјави советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.
Тој рече дека тоа ќе биде приватна средба, со преведувачи, за време на која ќе се дискутираат чувствителни прашања.
Централна тема на состанокот ќе биде решавањето на кризата во Украина, но двајцата лидери ќе разговараат и за трговската и за економската соработка, рече Ушаков.
Средбата ќе почне во 11.30 часот по локално време, а времетраењето на разговорите ќе зависи од тоа како ќе се одвива дискусијата, рече Ушаков.
На крајот од самитот двајцата ќе одржат заедничка прес-конференција. Трамп и Путин ќе имаат и поширок состанок со делегациите и работен појадок, објави „Скај њуз“.
Европа
(Видео) Зеленски пристигна на средбата со британскиот премиер

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна на Даунинг стрит, каде што беше пречекан од британскиот премиер Кир Стармер, објави „Скај њуз“.
Даунинг стрит не даде многу детали за темите на нивните разговори, но средбата се случува само еден ден пред американскиот претседател Доналд Трамп да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на Алјаска за да разговараат за прекин на огнот во Украина.
BREAKING: Volodymyr Zelenskyy arrives at Downing Street and is greeted by Sir Keir Starmer.
The meeting comes just a day before Donald Trump meets Vladimir Putin in Alaska to discuss a ceasefire in Ukraine.https://t.co/rrfAtUSjPC
📺 Sky 501 and YouTube pic.twitter.com/tk9jzCellw
— Sky News (@SkyNews) August 14, 2025
Двајцата мажи се прегрнаа и се ракуваа игнорирајќи ги прашањата од новинарите пред да влезат внатре, објави „Скај њуз“.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Балон на топол воздух се урна во Холандија: еден загинат, петмина повредени

Едно лице загина, а петмина се повредени кога балон на топол воздух се урна на ливада во северната холандска покраина Фрисланд доцна синоќа, соопштија локалните власти. Балонот превезувал 34 патници.
„Балонот на топол воздух одеднаш падна околу 21 часот и силно удри на земјата“, соопштија властите на Фрисланд додавајќи дека полицијата почнала истрага за несреќата.
Портпаролот на Кралското холандско воздухопловно здружение изјави за локалните медиуми дека ненадеен налет на ветер предизвикал балонот силно да удри на земјата предизвикувајќи корпата да отскокне и исфрлајќи пет лица од него.