Македонија
(Видео) Јаневска: Вработените во училиштата, во градинките имаат со Устав загарантирано право на штрајк
Вработените во образованието, во училиштата, во градинките, имаат со Устав загарантирано право на штрајк. Синдикатот има обврска но и морално право да го организира штрајкот. Наставниците имаат право на нивелирање на коефициентите на сложеност на работните места според растот на минималната плата. Наставниците имаат право на покачување на платите согласно Колективниот договор. Тие тоа и го заслужуваат, изјави на денешната прес-конференција Весна Јаневска, претседателка на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.
Владата, рече таа, наместо да им се заканува и врши притисоци врз нив, треба да се потруди да ги исполни нивните барања, да го исполни тоа што им следи и да го исполни тоа што владата го прифатила со колективните договори.
„ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува вработените во образованието во нивното барање и во нивниот штрак. ВМРО-ДПМНЕ смета дека нивните барања се оправдани. ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа образложенија од Владата дека во буџетот нема средства. Средства има, но тие се трошат на апетисани, скапи есцајзи, нови возила, мебел, скапи ручеци и матни зделки на владините функционери. Оваа влада не може, а и не сака да се справи со предизвиците кои ги носи ова тешко време. Нејзиното владеење се вози на грбот на работникот, кој одвај го издржува товарот“, нагласи Јаневска.
Според неа, Владата на СДСМ и ДУИ не смеат вината за галопирачката инфлација во која горивата се покачија за 70% струјата се покачи за 30%, парното за 15%, лебот за дури 110%, маслото за јадење за 30% и сите основни намирници за околу 30 до 50% да ја наметнуваат врз оние коишто си ги бараат правата, а протестираат заради се потешкиот живот.
Оценува дека работниците, се доведени на работ на сиромаштијата, а некои и до работ на опстанокот.
„Незадоволството е огромно и штрајкуваат државните службеници, матичните лекари, вработените во пошта, штрајкуваат и просветните работници, вработени во градинките, училиштата и научните работници. Наставниците на кои, ние, во нивни раце им го даваме нашето најголемо богатство, нашите деца, претрпеа многу од пандемијата, од бизарната образовна реформа, од немањето средства за работа. Единствено што добија беше груба партизација при вработувањата, трансформацијата на работниот однос и при изборите на ментори. Ако некој од нив и го кренеше гласот, следеше малтретирање, мобинг и нивните поплаки беа проследени со лажни вести дека се’ е во ред. За срамно ниските плати и урамниловката со која владата на СДСМ и ДУИ дополнително ја понижува племенитата професија, не треба коментар“, додаде таа.
Смета дека постои решение и за оваа состојба а решението како што рече е многу едноставно, предвремени парламентарни избори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 12:00 часот, корисниците на улиците: Урош Џудовоќ, Осло, Будимпештанска, Лубица Георгиева (Општина Карпош)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на висок воздушен притисок продолжува периодот на претежно сончево и тивко време. Во ноќните и претпладневните часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност.
Македонија
Зимзоленд: Продолжуваме со работа, шпекулација е дека настанот ќе биде затворен
Од Зимзоленд велат дека продолжуваат со работа и дека информациите за неговото затворање се шпекулации.
„Во последните часови на одредени медиуми се појавија неточни информации и шпекулации дека Зимзоленд ќе биде затворен. Ве информираме дека ова не е точно. Зимзоленд продолжува да работи со редовно работно време“, се наведува во јавното соопштението.
Во него се додава дека е точно дека во претходните денови имало инспекциски надзори, но велат дека до надлежните служби била доставена целосната и потребна документација.

