Македонија
Карил: Младиот ракометар беше примен без знаци на живот и без видливи повреди, ги осудуваме шпекулациите
Клиниката за ТОАРИЛУЦ-КАРИЛ денеска ги осуди, како што наведуваат, сите шпекулации во јавноста во изминатиот ден поврзани со транспарентноста за трагичната смрт на младиот ракометар и преку соопштение даваат факти за случајот:
„Остро ги осудуваме сите шпекулации во однос на транспареноста на овој трагичен настан. Од самиот прием ја истакнавме тежината на состојбата во која пациентот е примен и сите обиди за реанимација. Се надеваме дека надележни институции ќе го расветлат случајот во брзо време. До семејството уште еднаш изразуваме длабоко сочувство за нивната загуба“, велат од Клиниката.
Како што појаснуваат во соопштението, пациентот, бил примен рано утрото на 7 април во Ургентниот центар во Скопје без срцева акција и знаци за живот, и без видливи повреди.
„Дежурните лекари со колегите од КАРИЛ веднаш на прием пристапиле кон срцева и белодробна реанимација. По половина час е воспоставена срцева акција. И покрај критичноста на ситуацијата, веднаш е направена компјутерска томографија на целото тело. При самиот прием на пациентот, повикани се сите екипи, од Неврохирургија, од Абдоменална хиругија, Торакална и од Трауматологија за да се изјаснат по однос на наодот од компјутерската томографија“, појаснуваат надлежните.
„Глобалниот оток на мозокот што е констатиран на томографијата, наведуваат понатаму во соопштението, може да биде од повеќе различни причини, а една од нив е недостатокот на кислород во мозокот и враќањето во живот кое траело половина час. Времетраењето на враќањето на пациентот во живот е потврдено од колегите од Неврохиругија кои биле присутни во текот на целиот период на лекување на пациентот. Пациентот кој по приемот и реанимацијата е префрлен на КАРИЛ, почина на 8 април во пладневните часови после 24 часа борба за живот и неколку дополнитени реанимации“, се додава во информацијата од КАРИЛ.
Од таму појаснуваат дека телото без видливи надворешни знаци на насилство и поради нејаснотии за причината за смртта било предадено на Институтот за судска медицина за да се направи обдукција и да се расветли причината зошто настанал прекин на работата на срцето и што е точно причината за глобалниот едем на мозокот и смртта.
„Од самиот прием во Ургентниот центар, МВР е известено за состојбата на пациенот. Во текот на вчерашниот ден целокупната документација беше предадена на Јавното обвинителство. Денес медицинската документација е на увид и на ДСЗИ“, стои во соопштението на Клиниката за ТОАРИЛУЦ -КАРИЛ.
Инаку на барање на министерот, ДЗИ иницираше и е во постапка на вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ Здравствен дом Скопје-Итна медицинска помош и во Ургентен центар и во КАРИЛ.
Во текот на утрешниот ден надзорот ќе продолжи во Институтот за судска медицина, информираат од таму.
По завршување на истиот, за констатираната состојба ќе биде известен министерот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 12:00 часот, корисниците на улиците: Урош Џудовоќ, Осло, Будимпештанска, Лубица Георгиева (Општина Карпош)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на висок воздушен притисок продолжува периодот на претежно сончево и тивко време. Во ноќните и претпладневните часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност.
Македонија
Зимзоленд: Продолжуваме со работа, шпекулација е дека настанот ќе биде затворен
Од Зимзоленд велат дека продолжуваат со работа и дека информациите за неговото затворање се шпекулации.
„Во последните часови на одредени медиуми се појавија неточни информации и шпекулации дека Зимзоленд ќе биде затворен. Ве информираме дека ова не е точно. Зимзоленд продолжува да работи со редовно работно време“, се наведува во јавното соопштението.
Во него се додава дека е точно дека во претходните денови имало инспекциски надзори, но велат дека до надлежните служби била доставена целосната и потребна документација.

