Македонија
7 починати лица, регистрирани се 142 новозаразени со коронавирус

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа биле направени 2.046 тестови, а регистрирани се 142 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 79, Битола – 26, Прилеп и Охрид – по 7, Кавадарци, Велес и Кичево – по 4, Куманово – 3, Гостивар и Кочани – по 2, Тетово, Штип, Гевгелија и Свети Николе – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (142), регистрирани се 28 реинфекции.
Регистрирани сe 105 оздравени пациенти од: Скопје – 78, Битола – 10, Кавадарци и Охрид – по 4, Куманово и Гевгелија – по 3, Струмица – 2, Делчево – 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 4 починати лица: две починати лица од Скопје (64г и 85г) и по едно починато лице од Прилеп (73г) и Велес (58г). Сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 3 починати лица од: Скопје (2) и Тетово (1), на возраст од 78 години до 87 години. Пријавените лица се починати во период од 16.03.2022 до 19.03.2022 гоидна. Од пријавените лица 2 се починати во домашни услови, а едно лице е починато во болнички услови.
Од вкупниот број на починати лица (7), кај 6 починати лица се регистрирани коморбидитети.
Направени се 2.046 тестови преку: ИЈЗ-139, ЦЈЗ Скопје-96, ЦЈЗ Битола-73, ЦЈЗ Прилеп-26, ЦЈЗ Тетово-11, ЦЈЗ Куманово-37, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–107, Жан Митрев (Филип Втори)-27, Авицена-43, Биотек-92, Систина-32, лабораторија Лаор-79, Синлаб-2, Ремедика-0, Плодност-21, Генеа-14, Никоб Лаб-192, ВФВ Медикал-32, Ели Медика Плус-14, Ројал Медика–9, Спектра-ММ-9, Рапид Лаб–20, Жан Митрев Струмица–2, Нова Лаб Дијагностика–10, Рамус-18, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 941.
Досега во земјата се направени вкупно 1.983.540 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 307.796, бројот на оздравени пациенти е 297.164, на починати е 9.251, а бројот на активни случаи изнесува 1.381
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 144550, Активни 712
Куманово 16598 , Активни32
Битола 15004, Активни 176
Прилеп 14073, Активни 76
Тетово 13434, Активни 15
Кавадарци 10574, Активни 67
Велес 9708, Активни 21
Гостивар 9552, Активни 13
Охрид 8799, Активни 58
Струмица 8025, Активни 17
Штип 7985, Активни 16
Кичево 5591, Активни 34
Кочани 5064, Активни 12
Струга 4704, Активни 7
Гевгелија 4390, Активни 23
Неготино 3666, Активни 6
Ресен 2705, Активни 20
Свети Николе 2621, Активни 6
Радовиш 2519, Активни 10
Крива Паланка 2412, Активни 4
Делчево 1967, Активни 19
Дебар 1673, Активни 4
Берово 1636, Активни 2
Валандово 1481, Активни 4
Виница 1385, Активни 6
Пробиштип 1266, Активни 3
Богданци 1019, Активни 2
Кратово 961, Активни 1
Крушево 928, Активни 6
Демир Хисар 826, Активни 1
Македонски Брод 736, Активни 1
Демир Капија 591, Активни 5
Македонска Каменица 523, Активни 1
Пехчево 486, Активни 1
Дојран 344, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
За три дена, 109 повредени од Кочани доставиле барања и предлози на телефонската линија на Владата

109 граѓани за три дена од пуштање на телефонската линија за повредените лица и нивните семејства, која е во директна комуникација со Канцеларијата на Ппретседателот на Владата, ја искористиле можноста и доставиле свои барања и предлози, соопштија од Владата.
Од таму велат дека тоа покажува дека оваа телефонска линија дава резултат и дека Владата е отворена за секаква сугестија и идеја.
„Како Влада преку низа на мерки помагаме за помош на повредените и нивните семејства. Ова е заедничка борба и нема да отстапиме од неа, бидејќи секој граѓанин има право на соодветна здравствена заштита и медицинска нега, токму поради тоа како Влада донесовме одлука за рехабилитација во Пониква на повредените лица кои се во стабилна здравствена состојба, но им е потребна дополнителна медицинска услуга. Тим на лекари од 10 јуни до 20 август во рехабилитацискиот центар Пониква на сите лица ќе им пружат дополнителна медицинска грижа, но и психолошка поддршка“, велат од Владата.
Од таму ги повикуваат и ги охрабруваат сите повредени лица кои се засегнати да се јават на телефонскиот број 070/355-526 и да ги изразат своите барања и потреби.
Македонија
Сончево време, попладне локален дожд

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 26 до 35 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 34 степени.
Од денеска следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена локална облачност. Дневните температури ќе бидат без значителни промени.
Македонија
Мурал од балкански рис исцртан на фасадата на Театар Комедија

Со мурал од балкански рис и мала прослава, Македонското еколошко друштво вчера го прослави Светскиот ден на рисот.
„Конечно најдовме дом за муралот, најдовме и артист кој го нацрта, и најдовме човек кој има визија и кој е отворен за соработка, а тоа е директорот на Театар Комедија – Дарко Спасов. Целта ни е со овој мурал да ја подигнеме јавната свест, не само на рурално туку и на урбано ниво. Кога работите ќе згуснат ни треба секаква поддршка, од секоја популација“, изјави раководителот на Програмата за закрепнување на балканскиот рис, Диме Меловски.
Тој се заблагодари на поддршката од Театар Комедија и директорот Дарко Спасов.
„Велат исти птици во исто јато летаат“, вели директорот Спасов, кој го изрази своето задоволство од соработката со Македонското еколошко друштво.
Освен муралот на фасадата на Театар Комедија, пред објектот поставена е и инфо табла со основните податоци за рисот, како и QR код кој води до новата интернет страница посветена на балканскиот рис: balkanlynx.com.
По поздравните обраќања, присутните членови и соработници на МЕД, се упатија кон Бистро Комедија каде што во неформална атмосфера имаа прилика да поразговараат за досегашните постигнувања, но и да разменат идеи и предлози за идни активности.