Контакт

Европа

(Од минута во минута) Зеленски не е подготвен да даде дел од територијата за мир, Москва: Киев подготвува лажни обвинувања

Објавено пред

Специјалната операција на руската армија во Украина денеска влезе во 47. ден

dobivaj vesti na viber

Клучни настани

Зеленски: Не сум подготвен да дадам ниту еден дел од територијата за мир

Кадиров им се заканува на Украинците: Ќе го окупираме Киев

Австрискиот канцелар се сретна со Путин

Сирените повторно се огласија во неколку украински градови

Виталиј Кличко: Повлекувањето на Русите не значи дека се откажале од Киев

Од минута во минута:

21:40 Француската полиција истражува воени злосторства во Украина

Француски полицајци пристигнаа во Лавов во западна Украина за да учествуваат со нивните украински колеги во истрагата за воени злосторства извршени во околината на Киев, изјави францускиот амбасадор во Украина.

Ова е првиот странски тим кој дава ваква помош, објави денеска на Твитер амбасадорот Етјен де Понсинс.

21:32 Борел: Русија доживеа голем неуспех

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, изјави дека војната во Украина е голем неуспех за Русија.

„Се обидоа да го заземат Киев, а сега го напуштија. Гледаат дека е невозможно да се заземе главниот град“, рече Борел на прес-конференција во Луксембург.

„Тие ги прегрупираат своите трупи на исток и Украинците се убедени дека ќе започнат голема офанзива во Донбас во близина на нивните логистички бази“, рече тој. Борел, исто така, ја карактеризира инвазијата како „хорор“.

21:20 Украина тврди дека Русите заробиле 1.700 лица, меѓу кои 500 се жени

Русија и проруските сепаратисти заробија 1.700 луѓе, изјави украинската вицепремиерка Ирина Верешчук.

Во интервју за „Ројтерс“, таа рече дека меѓу заробените има 500 жени. Вели дека се принудени да стојат, дека им се избричени главите и дека мораат да се соблекуваат секојдневно „поради преглед“.

20:50 Повеќе од 10.000 цивили се убиени во Мариупол, тврди градоначалникот

Повеќе од 10.000 цивили се убиени во руската опсада на Мариупол, изјави градоначалникот на тој пристанишен град.

Во телефонски разговор за Асошиетед прес, градоначалникот Вадим Бојченко рече дека телата се „теписи на улиците на градoт“ и дека бројот на загинати може да биде повеќе од 20.000.

20:15 Пентагон: Руските сили собираат засилување во близина на стратешки важен град

Руските сили добиваат засилување околу Донбас, особено во близина на стратешки важниот град Изиум, но сè уште не започнале офанзива за воспоставување целосна контрола врз регионот во источна Украина, изјави висок претставник на Пентагон.

19:39 Формула 1 го исфрли, а Италија му заплени имот вреден 105 милиони евра

Италија заплени имот во вредност од околу 105 милиони евра во сопственост на поранешниот руски Ф 1 возач Никита Дмитриевич Мазепин и неговиот татко олигарх. Заплената се однесува на вила, позната како Камениот Овен, која се наоѓа на северот на Сардинија.

Мазепин, кој беше отпуштен од американскиот Ф1 тим Хаас во март, се наоѓа на листата на санкции на ЕУ заедно со неговиот татко Дмитриј, опишан од Европската унија како член на потесното опкружување на рускиот претседател Владимир Путин.

19:00 Москва вели дека Киев подготвува лажни обвинувања

Москва објави дека Украина со помош на британската разузнавачка служба подготвува нови лажни обвинувања за наводно руско насилство врз цивили, пренесе Ројтерс.

„Киев подготвува нови лажни, исценирани провокации во регионот Суми, во кои вооружените сили на Руската Федерација би биле обвинети за наводно сурово постапување со украинскиот народ, сето тоа со помош на британските разузнавачки служби“, соопшти руското Министерство за одбрана.

18:33 Бајден разговараше со индискиот премиер, бара конкретна реакција против Москва

Американскиот претседател Џо Бајден и индискиот премиер Нарендра Моди виртуелно се сретнаа за да разговараат за војната во Украина.

Разговорите се водеа додека САД бараат дополнителна помош од Индија за примена на економски притисок врз Русија.

18:00 Сепаратисти: Окупиравме важно пристаниште во Мариупол

Лидерот на проруските сепаратисти во Доњецк изјави дека неговите сили целосно го окупирале пристаништето на стратешки важниот град Мариупол, во југоисточна Украина, кој е под опсада повеќе од еден месец.

„Што се однесува до пристаништето во Мариупол, тоа веќе е под наша контрола“, изјави Денис Пушилин.

17:00 „Разговорите беа многу директни и тешки“ – заврши средбата меѓу Путин и австрискиот канцелар

Австрискиот канцелар Карл Нехамер денеска ја посети Русија и се сретна со рускиот претседател, Владимир Путин.

По средбата, Нехамер рече дека разговорите со рускиот претседател биле многу директни, отворени и тешки.

16:28 САД: Русија продолжува со бруталните тактики, ќе биде полошо

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан рече дека назначувањето на руски генерал наречен сириски месар да води војна во Украина е во согласност со војната што ја води Путин.

16:20 Северна Кореја ги осуди САД поради исфрлањето на Русија од ОН

„Она што САД го сакаат е да ги изолираат независните земји и силите кои се борат на меѓународната арена, за да го задржат својот незаконски и нехуман хегемонистички поредок“, се вели во соопштението на владата објавено од државната новинска агенција КЦНА.

15:15 Захарова: Русија адекватно ќе одговори на хрватското протерување на дипломатите

Русија адекватно ќе одговори на хрватското протерување на 18 руски дипломати и шестмина вработени во амбасадата, изјави денеска за РИА Новости портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захаровa.

„ Русија ќе одговори соодветно“, рече таа.

14:59 Украински дезертери плаќаат по 15.000 долари за бегство од војната во Украина

Украинските дезертери плаќаат дури 15.000 долари за да избегаат преку граница. Тие масовно бегаат во Молдавија, една од најсиромашните европски земји.

Меѓу нив е и младиот моден фотограф од Киев, Вова Клевер, кој вели дека никогаш не се гледал себеси во оваа војна.

14:30 Убиен уште еден руски полковник, кој командувал со елитен полк

Според сѐ уште непотврдени информации, во Украина е убиен уште еден руски полковник. Доколку се потврди, тоа ќе биде деветтиот руски полковник убиен во војната што почна пред 46 дена.

Полковник Александар Беспалов беше командант на 59. тенковски полк на руската армија. Не е јасно каде и како е убиен, наведува Би-би-си.

14:26 Зеленски: Не сум подготвен да дадам ниту еден дел од територијата во замена за мир

Украинскиот претседател Володимир Зеленски даде интервју за емисијата „60 минути“ на Си-Би-Ес, што се емитуваше синоќа.

Зеленски рече дека е подготвен да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во разговорите за ставање крај на војната, но на прашањето дали е подготвен да се откаже од кој било дел од Украина за мир, тој рече дека „не е подготвен да се откаже од својата земја“.

13.20 Лавров: Операцијата на Русија во Украина е дизајнирана да стави крај на аспирациите на САД да доминираат во светот

Министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров, денеска изјави дека специјалната операција на Русија во Украина била дизајнирана да стави крај на стремежот на САД да доминираат во светот, пренесува „РИА новости“

13:12 Москва: Руските специјалци го ликвидираа водачот на неонацистичката група „Десен сектор“

Рускиот министер за одбрана објави дека руски командоси во Украина го убиле командантот на неонацистичката група Сектор, Тарас Бобанич.

Официјална Москва го обвинува Бобанич за убиство на стотици цивили во источна Украина за време на конфликтот во регионот во 2014 година.

13.05 Уништен е аеродромот во украинскиот град Днeпар

Уништен е аеродромот во градот Днепар, во централна Украина, соопшти регионалниот гувернер

13:03 Британците објавија нова мапа за војната во Украина

Британското Министерство за одбрана објави нова мапа на која се прикажани маневрите на руските сили на бојното поле во Украина.

Според британските разузнавачи, се очекува Русите да испратат дополнителни сили во источна Украина, каде што треба да влезат од Русија.

12:50 Хрватска протера 18 руски дипломати

Хрватска протерува 18 руски дипломати и шестмина членови на административно-техничкиот персонал, соопшти денеска Министерството за надворешни и европски работи.

Хрватска денеска на рускиот амбасадор во Хрватска му врачи нота со која ја информира Русија за намалувањето на бројот на дипломатски и административно-технички персонал на руската амбасада во Загреб.

12.05 Зеленски: Десетици илјади луѓе беа убиени во Мариупол

Украинскиот претседател Володимир Зеленски продолжува да се обраќа пред парламентите ширум светот, а денеска на ред дојде јужнокорејскиот парламент

12:00 Грлиќ Радман: Воените злосторства во Украина треба да се истражат и одговорните да бидат казнети

Хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман изјави во Луксембург дека е неопходно да се спроведат соодветни истраги за руските воени злосторства во Украина и да се осигура дека одговорните ќе ги сносат последиците.

„ Потребни се соодветни истраги за воени злосторства и одговорните мора да бидат повикани на одговорност“, рече Грлиќ Радман по пристигнувањето на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург.

11.05 Русија загуби 19.500 војници, 154 авиони, 137 хеликоптери

Независниот весник Киев објави индикативни проценки за загубите на Русија од 11 април, според Вооружените сили на Украина

10.55 Украински функционер предупредува: Русите акумулираат сили, големата офанзива веќе започна

Руската офанзива во Донбас веќе започна, изјави утрово висок украински функционер, додавајќи дека Русија продолжува да собира сили во источниот регион на Украина

10.50 Американски експерт: Следните три недели ќе го одредат исходот од војната во Украина

Мајкл Рајан, поранешен заменик помошник секретар за одбрана за Европа и НАТО, рече дека следните три недели ќе го одредат исходот од војната во Украина

10.48 Зеленски: Светот ги игнорира чудовиштата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги обвини руските сили за тортура и кукавичлук. Тој рече дека тамошната влада се плаши да ги признае грешките

10.45 Саливан: Путин планирал воени злосторства во Украина

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан синоќа изјави дека воените злосторства извршени од руските сили во Украина се дел од главниот план на рускиот претседател Владимир Путин

10.40 Присилна мобилизација во Луганск, армијата брка луѓе по улица

Видео кое почна да кружи на социјалните мрежи, наводно, го покажува бегството на граѓаните во Луганск, отцепениот регион на Украина, од присилната мобилизација

10.25 Борел: Воведувањето дополнителни санкции на ЕУ кон Русија е опција

Шефот на ЕУ за надворешни работи денеска изјави дека постои опција за воведување дополнителни санкции на Европската унија кон Русија.

10.15 Повеќе од 1.200 тела пронајдени во масовни гробници во близина на Киев

Украинските власти пронајдоа повеќе од 1.200 тела во масовни гробници во селата во регионот на Киев, додека во тек е воздушен напад во регионот на главниот град, како и во Лавов, Запорожје и Днепар, а жителите на истокот се предупредени да бегаат од нов Руска офанзива

10.05 Британското разузнавање предупредува: Русија може да употреби фосфорна муниција во Мариупол

Во своето најново ажурирање на разузнавањето за Украина, британското Министерство за одбрана предупредува дека претходната руска употреба на фосфорна муниција во Доњецк „ја подигна можноста за нивна идна употреба во Мариупол додека борбите за градот се интензивираат

09.55 Кулеба: Русија знае дека на Украина ѝ треба оружје и прави сѐ за да не го добиеме

Кулеба: Русија знае дека на Украина ѝ треба оружје и прави сѐ за да не го добиеме

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба и преговарач со Русија денеска се огласија на Твитер

09.25 Виталиј Кличко: Повлекувањето на Русите не значи дека се откажале од Киев

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, смета дека повлекувањето на руските сили од Киев не значи дека тие се откажале од желбата да го заземат главниот град

09.20 Сирените повторно се огласија во неколку украински градови

Воздухопловните сирени утрово повторно се огласија низ Украина

09.15 Русија продолжува да го гранатира Донбас

Руското гранатирање продолжува во областите на Доњецк и Луганск, а украинските сили одбиле неколку напади кои резултирале со уништување на руски тенкови, возила и артилериска опрема, соопшти денеска британското Министерство за одбрана

09.10 Австрискиот канцелар денеска ќе се сретне со Путин

Австрискиот канцелар Карл Нехамер денеска во Москва ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, а поводот е разговор

09.05 Верешчук: Во неделата беа евакуирани 2.824 цивили

Во неделата 2.824 цивили беа безбедно евакуирани од воените зони во Украина преку хуманитарни коридори, изјави вицепремиерот на Украина Ирина Верешчук.

09.00 Ардерн: Нашата намера е да и помогнеме на украинската армија да ја одбие бруталната руска инвазија

Нашата намера е да и помогнеме на украинската армија да ја одбие бруталната руска инвазија бидејќи мирот во Европа е суштински за глобалната стабилност

08.30 Американски власти: Путин испраќа генерал познат по својата бруталност во Украина

Русија го назначи својот најискусен воен офицер, генералот Александар Дворников за командант во војната против Украина, изјави висок американски претставник

08.00 Кадиров им се заканува на Украинците: Ќе го окупираме Киев, тоа ви го гарантирам

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров утринава изјави дека руската армија ќе нападне бројни украински градови, вклучувајќи ги Мариупол и Киев.

Европа

(Видео) Уште едно фијаско на најсмртоносното оружје на светот на Путин

Објавено пред

Руската интерконтинентална балистичка ракета „Сармат“, попозната како „Сатана II“, доживеа уште еден неуспешен тест. Хиперсоничниот проектил, честопати опишуван како најсмртоносното оружје на светот и способен да носи нуклеарни бојни глави, експлодира и се урна само неколку секунди по полетувањето од полигонот „Јасни“ во рускиот регион Оренбург, објавија странските медиуми.

dobivaj vesti na viber

„Сармат РС-28“ наводно скршнал од курсот исфрлајќи црни облаци од чад пред огнените остатоци да се срушат на земјата. Ракетата се урнала во близина на лансирната рампа создавајќи огромна огнена топка и исфрлајќи необичен чад во небото.

Ова е петтиот неуспешен тест лет за стратешката ракета, што ѝ предизвикува главоболки на Москва. Да потсетиме дека за време на претходниот тест во септември 2024 година ракетата експлодира во космодромот „Плесецк“, речиси 800 километри северно од Москва, оставајќи зад себе огромен кратер.

Прикажи повеќе...

Европа

Кремљ: Го освоивме Покровск

Објавено пред

Руската армија го зазеде украинскиот рударски град Покровск во источниот регион Донецк, кој беше под напади околу една година, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за новинарите.

dobivaj vesti na viber

Песков рече дека претседателот Владимир Путин бил информиран. Нема потврда од Киев. Руските сили наводно го окупирале и градот Вовчанск во соседниот Харков. Тврдењата не можеа да бидат независно потврдени, иако украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на посетата на Париз изјави дека интензивните борби продолжуваат околу Покровск и во Харков.

Набљудувачите сугерираат дека руското соопштение за воените придобивки би можело да биде темпирано пред очекуваната посета на американскиот специјален претставник Стив Виткоф на Москва утре, додека Кремљ се обидува да покаже напредок пред разговорите за евентуален мировен план.

Прикажи повеќе...

Европа

Мерц: Европејците ќе се спротивстават на наметнатиот мир врз Украина

Објавено пред

Европејците ќе се спротивстават на „наметнат мир“ врз Украина, потврди денес германскиот канцелар Фридрих Мерц пред планираната средба меѓу претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.

dobivaj vesti na viber

„Следиме јасна линија, нема одлука за Украина и Европа без Украинци и без Европејци, не може да се наметне мир зад грбот на Украина, нема слабеење или поделба на Европската Унија и НАТО“, рече германскиот лидер по телефонскиот разговор со неговите украински, француски, британски и полски колеги.

Мултилатералната средба се одржа додека Мерц беше домаќин на полскиот премиер Доналд Туск во Берлин, а францускиот претседател Емануел Макрон го угости украинскиот претседател Володимир Зеленски во Париз. Двајцата претходно разговараа со претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, и украинскиот преговарач Рустем Умеров, соопшти Елисејската палата.

Туск: Едногласни сме
„Во Украина, единството на Европа е исто така во прашање“, рече Мерц, додавајќи дека големите европски земји, вклучувајќи ги Полска и Германија, имаат „посебна одговорност да обезбедат дека ништо и никој не ја дели Европа“.

Според симултаниот германски превод, Доналд Туск рече дека Европејците се „едногласни“ по ова прашање и се „целосно посветени на продолжување на целосната поддршка на Украина во нејзината одбрана во војната против Русија“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 часа

По пет часа заврши средбата меѓу Путин и Американците – продуктивно, но без компромис за мировниот план, според првичните реакции

Разговорот на рускиот претседател Владимир Путин со специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф и зетот на американскиот претседател Доналд Трамп,...

Македонија8 часа

На предлог на Филипче, оставки поднесе раководството и сите членови на Извршниот одбор во СДСМ

На денешната седница на Извршниот одбор на СДСМ, на предлог на претседателот Венко Филипче, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациските...

Македонија12 часа

Советот расправаше за труењето во „Димо Хаџи Димов“, Лукровски најави засилени хигиенски мерки во училиштата и инспекции

Советот на Општина Карпош заседаваше по четврти пат, при што советниците расправаа и полноправно одлучуваа по 10 точки кои се...

Македонија16 часа

„Сите што ме познаваат добро знаат колку и како се грижев за безбедноста на сите гости во клубот“ рече Јованов, сопственикот на дискотеката „Пулс“, за кобната ноќ

До ден-денес се чудам и не можам да поверувам што се случи таа вечер, изјави првообвинетиот и сопственик на дискотеката...

Македонија17 часа

(Видео) Тошковски: За 24 часа, регистрирани 110.000 прекршоци во сообраќајот

Камерите во Скопје забележале речиси 110.000 прекршоци во сообраќајот за 24 часа. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски рече дека...

Македонија17 часа

(Видео) Мицкоски за „Безбеден град“: Поддржувам да се прошири во целата држава, ќе трпиме критики, само да спасуваме човечки животи

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата од „Безбеден град“, кој почна официјално денеска со пробниот...

Македонија17 часа

(Фото/видео) Ниеден од обвинетите за пожарот во „Пулс“ не призна вина

Ниеден од 35-те физички и трите правни лица обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, не...

Економија18 часа

(Видео) Потврдени квалитетот и безбедноста на македонското злато во трезорот на Банката на Англија, извести Народната банка

Во рамките на официјалната посета на Банката на Англија, гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, и неговиот тим имаа...

Македонија19 часа

13 мобилни телефони и лаптоп најдени во ќелија на обвинет за „Пулс“: судијката го предупреди дека му следува самица

На почетокот на денешното судење за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ судијката Диана Груевска-Илиевска го предупреди обвинетиот Џаваир Камбери, државен...

Македонија19 часа

Герасимовски: Проверени 30 градилишта во Центар, изречени 24 казни од 1.300 до 1.800 евра

Општина Центар спроведува интензивни инспекциски контроли на градилиштата низ целата локална самоуправа. Во изминатиот период извршени се надзори на 30...

Македонија20 часа

Мицкоски се огради од народот, сега на камерите во Скопје може да види колку е паднат стандардот на граѓаните, велат од СДСМ

„За само 12 часа од поставувањето на камерите од системот во Скопје се покажало дека има над 1.000 возила кои...

Свет22 часа

САД размислуваат за копнен напад врз Венецуела; Мадуро: Подготвени сме да се браниме

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, изјави дека неговата земја е подготвена да се одбрани додека САД размислуваат за копнен напад....

Свет22 часа

Виткоф и Кушнер денеска се среќаваат со Путин во Москва

Пратеникот на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, и зетот на претседателот, Џаред Кушнер, ќе се сретнат со рускиот претседател...

Свет23 часа

Белата куќа е многу оптимистична во врска со мировните преговори во Украина

Белата куќа е „многу оптимистична“ во врска со шансите за постигнување договор за прекин на војната во Украина, изјави нејзината...

Регион23 часа

(Видео) Илјадници протестираа против владата во Бугарија, луѓето се судрија со полицијата

Илјадници луѓе излегоа на улиците на Софија за да протестираат против буџетскиот план на бугарската влада за следната година, првата...

Европа1 ден

Кремљ: Го освоивме Покровск

Руската армија го зазеде украинскиот рударски град Покровск во источниот регион Донецк, кој беше под напади околу една година, изјави...

Свет1 ден

Белата куќа: Магнетната резонанца на Трамп покажа одлична здравствена состојба

Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, денес изјави дека неодамнешниот преглед со магнетна резонанца на Доналд Трамп бил превентивен по...

Македонија1 ден

Сиљановска-Давкова: Системските недостатоци во имплементацијата на Истанбулската конвенција, бараат системски пристап во нивото отстранување

Покрај формалната, нужна е реална заштита на жените од насилство, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на јавната расправа за имплементацијата на...

Македонија1 ден

Освен во „Димо Хаџи Димов“, во друго училиште во Карпош не се најдени патогени бактерии

На 27.11.2025 АХВ заедно си службени лица од ИЈЗ направи вонредна контрола во 9 основни училишта во рамките на општина...

Македонија2 дена

Продолжува повратот на средствата од мерката „Мој ДДВ“ за скенирани сметки, соопшти Управата за јавни приходи

Управата за јавни приходи информира дека повратот на средства од мерката „Мој ДДВ“ за скенирани сметки во третиот квартал од...