Македонија
Регистрирани 23 нови случаи на Ковид-19 и едно починато лице

Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 953 теста, а регистрирани се 23 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 19, Прилеп – 2, Гостивар и Свети Николе – по 1.
Од вкупниот број позитивни (23), регистрирана е 1 реинфекција.
Регистрирани сe 190 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 108, Битола – 23, Кавадарци – 13, Гевгелија – 9, Прилеп – 7, Велес – 6, Куманово – 5, Ресен – 4, Струмица и Кичево – по 3, Тетово, Штип, Кочани и Пробиштип – по 2. Свети Николе – 1
Во текот на изминатите 24 часа регистрирано е 1 починато лице од Охрид (80). Починато е во болнички услови со коморбидитети.
Направени се 953 теста преку: ИЈЗ-40, ЦЈЗ Скопје-0, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово-0, ЦЈЗ Куманово-0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8 Септември-0, Институт за микробиологија–0, Жан Митрев (Филип Втори)-37, Авицена-23, Биотек-29, Систина-36, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност-0, Генеа-0, Никоб лаб-149, ВФВ медикал-21, Ели медика плус-5, Ројал медика–0, Спектра-ММ-0, Рапид лаб–2, Жан Митрев Струмица–0, Нова лаб дијагностика–0, Рамус-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест)– вкупно 611.
Досега во земјата се направени вкупно 1.984.493 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 307.817, бројот на оздравени пациенти е 297.354, на починати е 9.252, а бројот на активни случаи изнесува 1.211
Според епидемиолошките анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 144.567, Активни 621
Куманово 16.598, Активни 27
Битола 15.004, Активни 153
Прилеп 14.075, Активни 71
Тетово 13.434, Активни 13
Кавадарци 10.574, Активни 54
Велес 9.708, Активни 15
Гостивар 9.553, Активни 14
Охрид 8.799, Активни 57
Струмица 8.025, Активни 14
Штип 7.985, Активни 14
Кичево 5.591, Активни 31
Кочани 5.064, Активни 10
Струга 4.704, Активни 7
Гевгелија 4.390, Активни 14
Неготино 3.666, Активни 6
Ресен 2.705, Активни 16
Свети Николе 2.622, Активни 6
Радовиш 2.519, Активни 10
Крива Паланка 2.412, Активни 4
Делчево 1.967, Активни 19
Дебар 1.673, Активни 4
Берово 1.636, Активни 2
Валандово 1.481, Активни 4
Виница 1.385, Активни 6
Пробиштип 1.266, Активни 1
Богданци 1.019, Активни 2
Кратово 961, Активни 1
Крушево 928, Активни 6
Демир Хисар 826, Активни 1
Македонски Брод 736, Активни 1
Демир Капија 591, Активни 5
Македонска Каменица 523, Активни 1
Пехчево 486, Активни 1
Дојран 344, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Јакимовски: Фотоволтаичните панели не се шминка, туку вистинска работа

Во сите 10 основни училишта во општина Карпош веќе се поставени фотоволтаични панели – проект кој ја позиционира општината како лидер во зелена енергија и одржлив развој. Ова не е шминка, туку вистинска работа, визија и енергија што носи резултати, вели актуелниот градоначалник и кандидат за градоначалник на Карпош од коалицијата „Искуство за успех“ предводена од Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ) Стевчо Јакимовски.
Со оваа инвестиција, училиштата веќе ги намалија своите сметки за електрична енергија, а следниот чекор е уште поамбициозен – да станат производители и продавачи на електрична енергија.
„Нашата цел е едноставна – училиштата да произведуваат повеќе струја отколку што трошат, да ја враќаат назад во системот и да станат мали енергетски центри со голема општествена улога“, изјави градоначалникот Стевчо Јакимовски.
Со ова, Карпош ќе биде првата општина во Македонија што целосно ќе функционира на принципи на енергетска ефикасност и зелена трансформација.
Учениците ќе учат од жив пример дека иднината е зелена, а училиштата ќе се претворат во вистински симбол на одговорност и иновација.
„Додека некои велат дека ќе поставуваат панели, ние веќе ги имаме. И не само тоа – сега ги надградуваме и ги претвораме во генератори на енергија. Карпош не чека наредби. Карпош мисли, работи и произведува – зелена енергија, чиста совест, силен Карпош,“ порача Јакимовски.
Македонија
Минчев: 11 Октомври нека биде потсетник за нашата одговорност

„11 Октомври нека биде потсетник за нашата одговорност, да ја унапредуваме татковината со обединети сили, знаење и заедништво. Само така ќе обезбедиме стабилна и просперитетна иднина за генерациите што доаѓаат“, порачува министерот за за јавна администрација Горан Минчев во честитката упатена по повод 11 Октомври.
– На овој ден се сеќаваме на храбрите мажи и жени кои, пред повеќе од осум децении, храбро се спротивставија на тиранијата и ги поставија темелите на борбата за слободна и праведна Македонија. Нивната жртва и визија за подобро утре се наша водилка денес, да продолжиме да градиме општество засновано на демократија, еднаквост и солидарност, вели Минчев во честитката.
Македонија
Сиљановска Давкова по повод 11 Октомври: Да ја сочуваме визијата и храброста на оние што тргнаа во востанички марш

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова, упати честитка до граѓаните по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи дека овој датум претставува темел на македонската државност и потсетник на храброста, жртвата и единството на нашиот народ.
„Со срдечни честитки го одбележуваме денешниов голем празник, кога им оддаваме почит на сите кои пред 84 години тргнаа во тежок и храбар востанички марш, жртвувајќи се за ослободувањето на татковината и создавањето македонска држава на рамноправни граѓани,“ порача Сиљановска Давкова.
Таа истакна дека востаниците „со крв ја остварија визијата на своите претци за слободна и независна држава“, додавајќи дека нивната борба покажала дека „земањето на судбината во свои раце и застанувањето на страната на правдата, наспроти најголемото зло – фашизмот, е победнички чекор“.
„Отпорот и антифашистичката борба на македонскиот народ, во време кога многу поголеми и посилни народи се придружија кон оската на злото или се дистанцираа од војната, се доказ дека слободата, правдата и еднаквоста се вткаени во нашата слободарска и револуционерна традиција како неразделен елемент на македонската ДНК,“ нагласи претседателката.
Сиљановска Давкова потсети дека токму обединетоста и сплотеноста биле клучот за победа над неправдата и насилството: „Во драматичните денови на Втората светска војна покажавме дека без оглед на социјалната, етничката, верската или идеолошката припадност, можеме да ги победиме силата и неправдата. Затоа, 11 Октомври не е само потсетување на славната епопеја, туку повик за нејзино продолжување – со дијалог во мир.“
Во својата порака, претседателката се осврна и на современите предизвици со кои се соочува државата:
„Живееме во тегобно време на војни и закани, оптоварени со проблеми во остварувањето на правото, правдата, хуманоста и солидарноста. Од нас се бараат илинденска и партизанска зрелост, мудрост и храброст во донесувањето клучни одлуки.“
„Повторно мора да бидеме обединети и сплотени ако сакаме да го сочуваме она што го наследивме од оние кои тргнаа во востанички марш, водени од јасна визија и спремни за жртвување во ослободителната мисија,“ порача Сиљановска Давкова.
„Нека ни е честит 11 Октомври – Денот на народното востание!“ – стои во честитката на претседателката на државата.