Спорт
Лука Модриќ не се согласува на нов договор со намалена плата во Реал Мадрид

Хрватскиот интернационалец Лука Модриќ не е задоволен од понудата на „кралскиот клуб“ за продолжување на соработката и нема да прифати дополнително намалување на платата за да добие нов договор.
Од поодамна е познато дека Реал Мадрид ќе му понуди продолжување на соработката за уште една година, но Модриќ нема да дозволи ново намалување на финансиите. Тој претходно се согласил на 10% намалување на платата поради финансиската криза на „Сантијаго Бернабеу“ предизвикана од пандемијата.
Играчот за врска сега заработува 11,2 милиони евра годишно во Реал Мадрид и нема намера да оди под оваа сума и за наредната сезона.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Легендата на Јунајтед има близнаци, едниот е капитен на Англија, а другиот на Шкотска

Дарен Флечер (41) имаше долга и успешна кариера во Манчестер Јунајтед. За клубот од „Олд Трафорд“ настапуваше од 2002 до 2015 година, одигра 342 настапи, освои пет шампионски титули во Англија и една во Лигата на шампионите.
Поранешниот репрезентативец и капитен на Шкотска стана татко во 2007 година, кога неговата сопруга ги роди близнаците Џек и Тајлер.
Двајцата тргнаа по стапките на својот татко и денес се големите надежи на островскиот фудбал. Згора на тоа, и двајцата се капитени на меѓународно ниво, но за различни репрезентации. Тајлер одлучи да игра за Шкотска, а Џек за Англија, земјата на неговата мајка.
Минатата недела и двајцата млади играчи ги водеа своите репрезентации до 18 години, а во 2023 година дури и играа еден против друг.
Двајцата се родени во Манчестер и имаат право да играат за двете земји, а се очекува за две години да донесат одлука за кого сакаат да играат на сениорско ниво.
Sons of Man Utd legend Darren Fletcher, Jack and Tyler are smashing it right now. 👏
The twins both captained their respective national teams of their age group in this international break ❤️ pic.twitter.com/c9mo7E6Zrc
— The Sun Football ⚽ (@TheSunFootball) March 27, 2025
Спорт
Индијана Пејсерс во Вашингтон постигнаа 162 поена

Кошаркарите на Индијана го совладаа Вашингтон со 162:109 и поставија рекорд на франшиза по бројот на постигнати поени во еден натпревар.
Девет играчи на Индијана постигнаа двоцифрени поени, а лидери беа Тајрис Халибартон со 29, Мајлс Тарнер со 17 и Џерес Вокер со 16 поени.
Пејсерси можеа и поубедливо да победат, но не ги искористија нападите на нешто повеќе од една минута до крајот, поради што беа исвиркани од навивачите во Вашингтон.
Претходниот рекорд на франшизата беше 157 поени.
Вашингтон дозволи најмногу поени во историјата на франшизата, а најефикасен играч во тимот беше Алекс Сар со 22 поени и седум скока. Џордан Пул додаде 18 поени.
everyone eats 😈 pic.twitter.com/9ARZGj7cKB
— Indiana Pacers (@Pacers) March 28, 2025
На другите натпревари, Хјустон ја победи Јута со 121:110 со 33 поени и 10 скока од Алперен Шенгун, а Сакраменто го победи Портланд со 128:107 и ја прекина серијата од четири порази.
Далас го совлада Орландо со 101:92, додека Мајами со 36 поени на Тајлер Хиро ја совлада Атланта и ја забележа третата последователна победа.
Резултати:
Кливленд – Сан Антонио 124:116
Орландо – Далас 92:101
Мајами – Атланта 122:112
Чикаго – Ла Лејкерс 117:119
Оклахома – Мемфис 125:104
Јута – Хјустон 110:121
Сакраменто – Портланд 128:107.
Спорт
Осасуна ќе ја обжали победата на Барселона – Иниго Мартинез немал право на настап

Барселона ја совлада Осасуна со 3:0 и се искачи на првото место на десет кола до крајот на шампионатот, со три бода повеќе од актуелниот шампион Реал.
Победата до која Барселона дојде рутински, откако постигна два гола во првите 20 минути ќе биде оспорена од Осасуна, пишуваат сите шпански медиуми. Радио станицата „Кадена Копе“, откри дека Осасуна размислува за жалба бидејќи постои сомнеж дека Барселона го прекршила правилото на ФИФА за задолжителен одмор на играчите откако ќе се откажат од националниот тим поради повреда.
„Адвокатите на Осасуна размислуваат да го оспорат натпреварот и неговиот резултат поради недозволениот настап на Иниго Мартинез за Барселона. Осасуна се повикува на членот 5 на ФИФА. Во него се наведува дека кога играчот ќе го напушти националниот тим поради повреда, тој може да не игра за клубот додека не поминат пет дена од последниот натпревар на репрезентацијата“, пишуваат Шпанците и додаваат: „Шпанија играше со Холандија во Лигата на нации во неделата, тоа значи дека до мечот со Осасуна помале четири, а не пет дена. Осасуна сега истражува дали Мартинез ја напушти репрезентацијата на негово барање илилекарите на репрезентацијата го испратиле дома. Тоа е клучно“.
Мартинез не настапи за Шпанија против Холандија поради повредата што ја заработи против Атлетико.
„Иниго Мартинез е повлечен од репрезентацијата на Шпанија поради повреда на коленото, која ја пријави Барселона. На негово место селекторот Луис де ла Фуенте го повика Дин Хујсен од Бурнмут“, соопшти шпанската фудбалска федерација пред натпреварите на националниот тим.
Мартинез остана во Барселона за да ја лекува повредата. Тој почна да тренира во понеделник, ден по репрезентативниот натпревар. Три дена подоцна играше за Барселона против Осасуна како стартер.