Свет
Германските медиуми го критикуваат Нехамер за посетата на Москва
Германските медиуми денеска остро го критикуваат австрискиот канцелар Карл Нехамер за неговата вчерашна посета на Москва и разговорите со рускиот претседател Владимир Путин.
Главниот заклучок на германскиот печат е дека е подобро да не се патува во Москва.
„Малата Австрија сака да се претставува како градител на мостови и дипломатски великан на концерт на големите. Сè што го навело канцеларот Нехамер да замине на невозможна мисија во Москва, секако има врска со погледот на Австрија за себе“, истакнува „Зидојче цајтунг“.
„Франкфуртер алгемајне цајтунг“ пишува дека треба да се верува оти канцеларот Нехамер спонтано донел одлука да отпатува за Москва бидејќи е склон кон импулсивни настапи.
„Велт“, пак, се повикува на австриската поговорка – иако нема корист, не штети и истакнува дека таа најдобро го опишува патувањето на Нехамер во Москва.
„Исходот од разговорите меѓу Нехамер и Путин е практично нула. Но, повеќе не можеше да се очекува. Русија во минатото не покажа подготвеност за разговори. Австрија негува добри контакти со Москва, но ја нема политичката и економската сила што би била потребна за да ја наведе Москва да го промени својот курс“, оценува Хамбургер Абендблат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Русија има сила повторно да го нападне Киев, изјави Зеленски за АФП
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервју за Агенцијата Франс прес (АФП) изјави дека не верува оти Русија има сила повторно да го нападне Киев.
Тие немаат сила за голема офанзива против главниот град, како што имаа на почетокот на инвазијата, посочи Зеленски додавајќи оти главни цели на Кремљ се Харков и Донбас.
Тој ги обвини западните земји што му забраниле да ја нападне Русија со нивното оружје.
„Русите можат да не нападнат на наша територија, тоа е најголемата предност што ја има Русија, но ние не можеме да направиме ништо со западното оружје на нивните вооружени системи лоцирани на руска територија. Немаме право“, вели Зеленски.
Според него, Западот се плаши и од руски и од украински пораз и оваа ситуација ја нарече апсурдна.
„Ние сме во апсурдна ситуација кога Западот се плаши дека Русија ќе ја изгуби војната. А во исто време тие не сакаат Украина да ја изгуби. Затоа што конечната победа на Украина ќе доведе до пораз на Русија и конечна победата на Русија ќе доведе до пораз на Украина“, истакна Зеленски.
Регион
Пленковиќ, хрватскиот премиер кој доби трет мандат најави прва седница за понеделник
Откако хрватскиот Сабор вчера ја поддржа 16. Влада на Република Хрватска, а третата предводена од лидерот на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) Андреј Пленковиќ, тој во изјава за медиумите рече дека првата седница на новата Влада ќе биде во понеделник и најави продолжување на посветената работа во интерес на хрватскиот народ.
„Благодарам на мнозинството во хрватскиот Сабор што ни ја укажа довербата да станеме Влада на Република Хрватска по трет пат и ние, како што правевме претходните осум години, посветено ќе работиме во интерес на хрватскиот народ, сите наши сограѓани, економијата, врската меѓу татковината и иселениците Хрвати и да спроведеме програма врз основа на која ја добивме довербата на хрватските гласачи“, рече Пленковиќ откако Собранието гласаше за неговата трета Влада
Тој им се заблагодари на сите партнери кои ја поддржаа Владата.
Пратениците во хрватскиот Сабор вчера гласаа за доверба на новата влада на премиерот Андреј Пленковиќ.
За доверба на Владата гласаа 79 пратеници, против беа 61 пратеник, а еден беше воздржан.
Свет
Убиени тројца странски туристи и еден Авганистанец
Вчера од вооружени лица во централен Авганистан се убиени тројца странски туристи и еден Авганистанец, а четворица странски државјани и тројца Авганистанци се ранети, соопшти талибанското Министерство за внатрешни работи.
Според светските агенции не е позната националноста на туристите, ниту кој го извршил нападот за кој што се уапсени четири лица.