Контакт

Македонија

Стојанче Ангелов и јапонскиот амбасадор разговараа за соработката во кризниот менаџмент

Објавено пред

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, оствари работна средба со неговата екселенција, Хиронори Савада, амбасадор на Јапонија во Република Северна Македонија во седиштетото на ЦУК во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Беше разговарано за тековните состојби во рамките на националниот систем за управување со кризи, како и за планираните претстојни активности, главно поврзани со зајакнување на способностите на системот за превенција и одговор на ризикот од шумски пожари за претстојната летна сезона, а и за долгогодишната соработка што ЦУК ја остварува со Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA), која се реализира преку имплементација на повеќе проекти од областа на управување со ризици од катастрофи во последните десетина години.

Притоа директорот Ангелов изрази почит и благодарност за соработката во областа на кризниот менаџмент посочувајќи од тој агол на Јапонија како пример за солидарност и пријателство во нашата држава што е очигледно и е потврдено и преку проектите од стратешкиот кризен менаџмент, кои се реализирани заедно со и преку Центарот за управување со кризи (ЦУК), а се од големо значење и поддршка на Системот за управување со кризи (СУК).

Подетаљно се разговараше за реализацијата на активностите од тековниот проект за примена на екосистемски решенија за намалување ризици од катастрофи (Еко-ДРР), во кој се вклучени националните институции од областа на шумарството и животната средина, како и неколку единици на локалната самоуправа. Во текот на следните неколку месеци, во рамките на овој проект, во Република Северна Македонија е најавено дека се планира да бидат присутни повеќе експерти од Јапонија, кои ќе соработуваат со претставници од вклучените институции од нашата држава.

Инаку, во текот на разговорите беше изразена подготвеност за заеднички посети на теренските локации на подрачјето на општина Радовиш, каде што се применуваат (имплементираат) проектните активности.

Беше изразено заемното задоволство од долгогодишната и успешна соработка, а особено беше нагласено достигнувањето на ЦУК што од примател на поддршка прерасна во регионален центар за ширење (провајдер) на добри практики и искуства, со што соработката со Јапонската агенција за меѓународна соработка во областа на управување со ризици од катастрофи е проширена на територијата на земјите од Западен Балкан. Имено, Црна Гора и Косово веќе почнаа проектна соработка, а се очекува вклучување и на други земји од Балканот.

Македонија

Битиќи: Соживотот и солидарноста се основи на прогресот на нашето општество

Објавено пред

„СДСМ од секогаш била предводник на визионерство, државништво и прогресивност, секогаш со поглед кон иднината, со нагласено политичко чувство за потреба од добрососедски односи, за интеграција во ЕУ, но пред сѐ за градење на хармонични односи меѓу различните заедници во земјава. Од оваа наша мисија не се откажувам, по 8-ми мај продолжуваме, на тоа нѐ обврзуваат нашите социјалдемократски вредности“, порачува Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 2.

dobivaj vesti na viber

Битиќи истакнува дека патот кон е ЕУ е тежок, тој бара многу промени кај нас и тоа треба да биде мотивација за претстојните парламентарни и претседателски избори да се заокружи бројот 1.

„Наша цел е европските стандарди и вредности да ги донесеме овде, да им овозможиме на граѓаните подобар квалитет на живот“, вели Битиќи.

Тој посочува дека таа промена може лесно да се направи со прифаќање на социјалдемократските вредности кои, како што вели Битиќи, се многу блиски и на христијанството и на исламот.

„Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, сакам да потсетам дека социјалдемократијата има многу заедничко со религиите. Социјалдемократијата не’ подучува на сочувство кон ранливите, кон маргинализираните, да се стремиме кон праведно општество, каде што секој, независно од неговата различност, ќе има пристап до образование, вработување и достоинствен живот. Нема нешто поблагородно од пораката да се однесуваме кон сите со праведност и љубов“, вели Битиќи и апелира во пресрет на двојните избори на 8-ми мај да се препознае моќта на заедништвото и да не се дозволи национализмот да го разедини општеството.

„По 8-ми мај, да продолжиме да бидеме заедно, да ги споделуваме потешкотиите, но и радостите во животот. Цврсто да ја држиме заедничката визија за европска Македонија, во која никој нема да биде изоставен, исклучен или исфрлен“, вели Битиќи.

Прикажи повеќе...

Македонија

Европски фронт: Економски рамковен договор за еднакви можности, функционален пазар и фер конкуренција

Објавено пред

Кандидатот за пратеник во втората изборна зона, Елми Азири преку пресс конференција го претстави Договорот за економски консензус (Економски рамковен договор), како еден од трите столба на платформата на Европскиот Фронт „Европа 2030“.

dobivaj vesti na viber

„Економијата и животниот стандард на граѓаните е една од нашите приоритетни определби и ќе биде наслов на владата по 8 мај. Во периодот што го оставивме зад нас, бележивме резултати, покачувања на плати, колективни договори, поддршка на приватниот сектор и граѓаните од социјално ранливите категории, покачување на пензиите и субвенции во повеќе сфери. Ова не е доволно, туку е поставена здрава основа за заживување на економијата на државата и вашите семејни економии.

Ова не е доволно, туку е поставена здрава основа за заживување на економијата на државата и вашите семејни економии. За да постигнеме животен стандард кој е близок, а зошто не и еднаков на другите европски граѓани, ги поставивме економските прашања како еден од трите централни столба на нашата програма Европа 2030“, рече Елми Азири.

„По Охридскиот договор, Договорот од Преспа и Договорот за добрососедски односи со Бугарија, дојде време за голем договор, а тоа е Договорот за економски консензус (економски рамковен договор).

Овој договор има за цел да обезбеди рамка за еднакви можности во функционална слободна пазарна економија со фер конкуренција и правичен регионален развој и инфраструктура што создава еднакви можности во економијата за сите учесници без разлика на нивната етничка, културна, полова и други групи на општеството.

Договорот за економски консензус ќе обезбеди политички и социјален консензус за развојните приоритети, политики и клучни реформи кои ќе овозможат социјална еднаквост и еднакви економски можности за сите, ќе создадат оптимизам и ќе промовираат забрзан економски раст (над 5% годишен раст на БДП), одржлив и сеопфатен развој за повисок стандард и квалитет на живот на сите граѓани.

Договорот за економски консензус се заснова на стратешката ориентација на земјата за членство во Европската унија и евроатлантската дефиниција на земјата во геостратешки контекст, како членка на НАТО и стратешки партнер со САД.

Договорот има за цел следните приоритети:

-Конкурентна економија и дигитална трансформација;

-Одржлив развој и зелена трансформација;

-Современа инфраструктура и правичен регионален развој;

-Човечки капитал и квалитет на живот; како и активна младина и еднакво општество.

Конкурентната економија и дигиталната трансформација значи забрзан раст и стабилни финансии, добро опкружување за бизнис, борба против монополите и олигархијата, борба против неформалната економија и фер и лојален даночен систем, како и поддршка на бизнисот, паметна специјализација и дигитализација на економијата.

Одржливиот развој и зелената трансформација ќе се фокусираат на чиста и здрава животна средина, безбедна, обновлива енергија и енергетска ефикасност, како и модерно земјоделство и одржлива храна.

Модерната инфраструктура и рамноправниот регионален развој се клучни за мала и отворена економија, имено паневропските коридори 8 и 10 ја ставаат нашата земја на крстопат и создаваат конкурентни предности со современиот транспорт и комуникација, автопатиштата и железницата.

Човечкиот капитал и квалитетот на животот се детерминанти во продуктивноста на економијата преку квалитетно образование, модерно здравство и одржлива социјална сигурност.

Активната младина и еднаквото општество ќе создадат привлечна средина во нашата земја со културна различност, нови можности за млади, спорт и рекреација, како и граѓански активизам во сите области од животот. Исто така, демографијата, миграцијата и дијаспората ќе бидат во вниманието на сите економски и социјални политики за создавање нови перспективи.

Договорот за економски консензус ќе ја направи Северна Македонија пожелно место за живеење на нашите граѓани, за задржување на младите во земјата и за враќање на дијаспората, атрактивно место за туристи и омилено место за инвеститорите.

Со овој договор ќе бидеме самата Европа!

Нејзината реализација останува наша обврска, бидејќи вие на 8 мај со вашиот глас ја потврдувате и продлабочувате големата победа на Европскиот фронт“, изјави Елми Азири, кандидатот за пратеник во втората изборна единица.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите е докажано од суд“, кажа Мицкоски и повика на будност

Објавено пред

Не се само информации тоа дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите, имаме и потврден случај тоа е во општина Липково за каде јасно Управниот суд донесе пресуда каде јасно се гледа дека волјата на граѓаните не е таа која е соодветна на резултатот, рече претседателот на ВМРО-ДПММЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета на општина Бутел.

dobivaj vesti na viber

Мицкоски укажа „ние тоа го зборуваме цело време, затоа апелираме цело време бидејќи имаме индиции дека на уште педесеттина други такви места низ Македонија се полнеле кутии, а излезноста наеднаш по 18 часот се зголемила“.

Оттука, додаде Мицкоски, предупредувам на будност, на внимание.

„Тоа што сведочи од теренот е огромен притисок, обиди да се купи волјата на граѓаните од страна на ДУИ, мислејќи дека ќе направат голем резултат и така ВМРО-ДПМНЕ ќе биде пред свршен чин да мора да седне и да разговара со раководството на ДУИ“, кажа Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека е убеден и верува во граѓаните на Македонија, без разлика дали се Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Бошњаци, Роми или останати дека нема да го дозволат тоа.

„Можам да ви кажам примери во градови како Виница, Кочани, Делчево, Берово каде владини функционери во придружба со полицајци кои се идентификуваат како полицајци имале обиди да поткупуваат дури и во верски објект“, изјави Мицкоски.

Тој заклучи дека волјата на народот не е резултатот за Бујар Османи, туку дека таа е многу помала и ќе биде уште помала во периодот кој следи.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Репортери без граници денеска го објавија својот годишен извештај за слободата на медиумите во светот, според кој Македонија се наоѓа...

Македонија4 часа

„За избор на Владата нема двојно гласање (Бадентер), тоа не е предвидено ниту со Уставот, ниту со било каков договор или закон“, вели Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз ги потсетува партиите, посебно ДУИ, но и сите граѓани, дека соглано член 99 од Уставот на Република Македонија,...

Регион4 часа

(Видео) Една година од масакрот во училиштето во Белград, беа убиени девет ученици и чуварот

Помина точно една година од трагедијата во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград, кога Коста Кецмановиќ вооружен со пиштолот на татко...

Македонија5 часа

„ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплаќал државна помош да гласаат за него“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплаќал државна помош да гласаат за него, им...

Свет6 часа

Израелските медиуми ги објавија трите барања на шефот на Хамас за ослободување на заложниците

Лидерот на палестинската исламистичка организација Хамас во Појасот Газа, Јехја ал Синвар, и понатаму има три барања во преговарачката понуда...

Европа6 часа

(Видео) Украинците објавија снимка: Го уништивме рускиот систем Бук, не можеа да го изгаснат пожарот

Украинските сили за специјални операции тврдат дека го уништиле лансерот на рускиот противвоздушен ракетен систем Бук на линијата на фронтот...

Свет6 часа

Турција ја прекина целата трговија со Израел

Турција од вчера го прекинува целиот извоз и увоз со Израел, соопшти турското Министерство за трговија, наведувајќи ја како причина...

Македонија18 часа

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април, одлучи Владата

Владата ја разгледа и усвои Информацијата со Предлог- измени и дополнувања на Тарифата на премии за осигурување на сопствениците на...

Македонија23 часа

„Влен“: Влада и Бадентер да, но без ДУИ и Левица

ДУИ ги напушти вредностите за кои се залагаше во 2001 кога наместо за Албанската кауза почна да се грижи единствено...

Македонија23 часа

Чекајте, па ние сме на избори конкуренти, одговори Ковачевски прашан дали би им помогнале на ВМРО-ДПМНЕ ако не можат да формираат Влада

Чекајте, па ние сме на избори конкуренти, првин да ги видиме резултатите на 8 мај. Вака лидерот на СДСМ, Димитар...

Македонија24 часа

ДСЗИ ќе забрани на Токсикологија да работат лица со истечени договори оти  директорката, која не зборува македонски, не им ги одзела пристапите

Организациската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази, не постапила и не ја потпишала опомената од Државниот санитарен и здравстве...

Македонија1 ден

Османи: Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото

Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото, вели портпаролот на ДУИ,...

Македонија1 ден

Почина таткото на Тоше Проески

Почина Никола Проески – татко на музичарот Тоше. Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка....

Македонија1 ден

Десна објави наводно писмо од Љупчо Палевски: Министерот Лога лаже за екстрадицијата

Политичката партија Десна на својот Фејсбук профил објави писмо од својот лидер Љупчо Палевски Палче, кој чека екстрадиција во Македонија...

Свет1 ден

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили, изјави министерот за надворешни работи...

Свет1 ден

Полицијата во САД уби ученик пред училиште во Висконсин по пријава за пукање

Американската полиција  убила ученик пред средно училиште во Висконсин, откако добила дојава дека таму има вооружено лице, изјави Џош Кол,...

Македонија1 ден

Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт, велат од...

Свет1 ден

При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица

Бројот на загинати во уривањето на дел од автопатот во јужната кинеска провинција Гуангдонг се искачи на 36, соопштија локалните...

Свет1 ден

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека е „убаво да се гледа“ како полицијата во Њујорк упадна во зградата на...

Свет1 ден

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала вечерва го погоди поширокото подрачје на Лос Анџелес, соопшти Сеизмолошкиот институт...