Спорт
МЗТ Скопје домаќин на завршниот турнир на АБА 2, сака да се врати во елитата

Македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром од 13 до 17 април во „Јане Сандански“ ќе биде домаќин на најдобрите осум екипи во АБА2-лигата на завршниот турнир, во обид да се врати во елитата.
Пласман во АБА1 ќе обезбеди шампионот, додека финалистот ќе игра бараж со претпоследниот тим во јадранската елита.
„Огромно е задоволството да се биде организатор на завршниот турнир од АБА2, кој е одлична можност нашиот МЗТ Скопје како и општина Аеродром да се покажат како добри домаќини. Овој турнир е од хуманитарна природа, средствата од продадените билети ќе бидат наменети за фондацијата ‘Марко Божиновски’ која потоа ќе ги пренамени на тие што им се потребни. Очекувам одлична спортска атмосфера и полни трибини. Благодарност за помошта на Град Скопје и АБА 2-лига, која ни ја довери организацијата. Како човек кој израснал со МЗТ Скопје најискрено се надевам на финале во недела и пласман на нашиот клуб во АБА 1“, изјави градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски.
Спортскиот директор на АБА2, Милија Војиновиќ, очекува квалитетна кошарка.
„Не погрешивме што му ја доделивме организација на МЗТ Скопје, кој е еден од нашите најредовни учесници во АБА 1 и АБА 2 лигата. МЗТ беше прв по регуларниот дел. Од утре почнува круната на сезона, ќе се знае кој ќе оди директно во АБА 1, а кој ќе игра бараж. Се одиграа 98 меча во регуларниот дел, а сега се се сведува на овие седум меча“, изјави Војновиќ.
Извршниот директор на МЗТ, Филип Ѓоревски, посакува наредните денови да бидат празник на кошарката.
„Сакам да ги поканам гледачите, во наредните четири дена да биде празник за кошарката. Со малку среќа, се надевам МЗТ Скопје ќе биде победник и сите ќе го прославиме враќањето на клубот во елитната АБА лига“, изјави Ѓоревски.
МЗТ Скопје во четвртфиналето ќе ги одмери силите против Сутјеска (18 часот). Останатите двојки се Широки Бријег – Спарс Сараево (21 часот), Хелиос – Златибор (15 часот) и Борац Бања Лука – Младост Земун (12 часот).
Фото: АБА 2
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Хорхе Мартин ќе вози во Катар

Актуелниот шампион Хорхе Мартин ќе се врати на патеката претстојниот викенд на трката за ГН на Катар, потврди Априлија.
Шпанецот беше надвор од патеката од првиот ден од предсезонските тестирања во Малезија, кога заработи фрактура на левата рака и десното стапало. Мартин потоа заработи скршеница на десната рака на неколку дена пред почетокот на сезоната и уште тогаш беше јасно дека нема да може да се врати на патеките пред четвртиот круг од сезоната.
Бранителот на титулата досега ги пропушти трките во Тајланд, Аргентина и САД. На првите две трки победи возачот на Дукати Марк Маркез, а во САД славеше неговиот тимски коелга, Пеко Бањаја.
Априлија, инаку, побарала дозвола Мартин да го тестира овогодинешниот мотоцикл пред да се врати на патеката, но тоа барање било одбиено бидејќи не било во согласност со правилата, но сето тоа започнало преговори за промена на прописите околу враќањето на возачите на патеката по одреден период отсуство.
Мартин беше заменет во првите три трки од сезоната со Лоренцо Савадори, тест возачот на Априлија.
Минатата година Мартин триумфираше во спринтот на патеката „Лусаил“, додека трката Големата награда на Катар ја заврши на третото место.
Спорт
ЛШ: Реал на „Емирејтс“ во Лондон, Баерн го чека Интер

Во следните два дена ќе се одиграат првите натпревари од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Вечерва, Арсенал ќе го пречека бранителот на титулата Реал Мадрид, додека Баерн и Интер ќе играат во Минхен.
Арсенал доминираше во Лигата на шампионите заедно со Ливерпул и Барселона. Клубот од Лондон игра исклучително цврсто во одбраната, прима малку голови и знае како да го контролира поседот на топката.
По елиминацијата на ПСВ Ајндховен, ждрепката ги спои „топчиите“ со Реал. Овие два клуба се сретнале само два пати во Лигата на шампионите, во 2006 година. Арсенал победи со 1:0 во Мадрид со голот на Тиери Анри, додека во Лондон беше 0:0.
Кога станува збор за играчкиот кадар, Арсенал има многу повеќе проблеми. Рахим Стерлинг има жолти картони, Хаверц и Жесус отсуствуваат во нападот, а Габриел и Калафиори нема да бидат во одбраната.
Гостите пристигнуваат без суспендираниот Чуамени, а отсутни се и Себаљос и Карвахал. од четврт-финалето се закажани за 15 и 16 април.
Арсенал или Реал Мадрид во полуфиналето ќе играат против победникот од ПСЖ-Астон Вила, додека втората двојка ќе биде подобра од дуелот Баерн-Интер против Барселона или Борусија.
Финалето во Лигата на шампионите ќе се одигра на 31 мај во Минхен.
Вторник:
Арсенал – Реал Мадрид 21.00 часот
Баерн – Интер 21.00 часот
Среда:
Барселона – Борусија Дортмунд 21.00 часот
ПСЖ – Астон Вила 21.00 часот
Спорт
Инзаги: Два изонредни тима се борат за место во полуфиналето

Вечерва во Минхен, Баерн и Интер ќе го одиграат првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите.
„Имаме голем натпревар против голем тим. Покрај Реал Мадрид, мислам дека тие (Баерн) се фаворити за титулата, но ние ќе се подготвиме за натпреварот како и секогаш. Играчите се свесни за се што постигнавме и за се што направија за да дојдеме каде што сме сега. Сакаме да дадеме се од себе. Ќе видиме два извонредни тима на теренот“, рече тренерот на Интер, Симоне Инзаги.
Инзаги не штедеше комплименти за тимот на Баерн, но и за својот колега, Винсент Компани:
„Баерн има искусни играчи, играат одличен фудбал, агресивни се, го притискаат противникот, играат директно. Имаат и одличен тренер кој прави големи работи во Минхен”.
Баерн во овој меч влегува како фаворит според букмејкерите, но се ќе биде отворено на „Алианс Арена“. Победа за Интер не би бил шокантен исход.