Спорт
Минесота преку ЛА Клиперс до седмото место на Западот
Кошаркарите на Минесота Тимбервулвс о освоија седмото место во Западната конференција, во НБА лигата. Минесота, славеа победа од 109:104 во дуелот со ЛА Клиперс.
Минесота Тимбервулвс, во првата плејоф рунда ќе игра против Мемфис Гризлис. Инаку, ова е само второто учество за Минесота во плејофот во последните 17 години.
Тимбервулвс славеа над Клиперси и покрај тоа што нивниот најдобар играч, Карл-Ентони Таунс одигра исклучително лош натпревар. Таунс мечот го заврши со 11 поени, пет скока и три асистенции.
Минесота ја предводеа Ентони Едвардс со 30 и Дианџело Расел со 29 поени.
На спротивната страна блескаше Пол Џорџ со 34 поени, седум скока и пет асистенции. 17 поени постигна Реџи Џексон.
За осмата позиција на Западот, Клиперси ќе играат против победникот од дуелот Њу Орлеанс Пеликанс-Сан Антонио Спарс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лукаку со гол и две асистенции го водеше Наполи до триумф над Комо
Наполи со победата против Комо со 3:1 во натпреварот од седмото коло во италијанската Серија А ја зголеми предноста пред Јувентус на првото место на првенствената табела. За тимот на Антонио Конте погодија Скот Мектоминеј, Ромелу Лукаку и Давид Нерес, а за гостите од Комо, Габриел Стрефеца.
Наполи одлично го започна натпреварот. Шкотскиот играч за врска Скот Мектоминеј постигна гол во првата минута на асистенција на Лукаку. Гостите израмнија во 43. минута со голот на Габриел Стрефеца.
Во второто полувреме, Лукаку реализираше пенал за 2:1 во 53. минута, а потоа му асистираше на Давид Нерес во 86. минута за конечни 3:1, со што Наполи ја постигна петтата победа во новата сезона во Серија А.
Мектоминеј и Нерес ги постигнаа дебитанските голови во дресот на Наполи.
Тимот под водство на Антонио Конте е на врвот на табелата со 16 бодови, пред Јувентус кој има 12 бодови и натпревар помалку. Комо е на десеттата позиција со осум бодови.
Спорт
(Видео) Барцокас и Шарас за малку ќе се степаа
Јоргос Барцкокс и Шарунас Јасикевичиус, тренерите на Олимпијакос и Фенербахче, на крајот од натпреварот, кој му припадна на Фенербахче (82:71) имаа жесток вербален дуел.
Целата мешаница започна откако се поздравија на крајот од натпреварот.
Стратегот на Олимпијакос збесна, влезе во вербална расправија со Литванецот, кој не му остана должен.
Паднаа тешки зборови, се создаде голема гужва, но немаше хаос од големи размери.
Šarūnas Jasikevičius.
Mourinho şu sekansı izlerken mest olmuştur. pic.twitter.com/PEyjkVOfsW
— Ozzy (@kanaryasoul) October 4, 2024
Двајцата тренери отидоа во соблекувалните. По натпреварот, Јоргос Барцокас разговараше со турски новинар во микс зоната и ја објасни ситуацијата од негова гледна точка.
„Пред да одиме би сакал да кажам нешто за однесувањето на противничкиот тренер. Што и да се случи на натпреварот, ние добивме по техничка грешка. На крајот отидов да му пружам рака и тој покажа тотално непочитување, ме нападна. Само сакам ова сите да го знаат“, рече Барцокас.
Спорт
Голем пресврт: казната е намалена, Пол Погба на терен веќе во март
Забраните за играње од четири години се намалени на 18 месеци. Вест на денот во европскиот фудбал! Пол Погба се враќа на терените за помалку од половина година.
Имено, првичната четиригодишна забрана за играње фудбал поради позитивен допинг тест, Меѓународниот спортски арбитражен суд ја намали на 18 месеци, пренесува Дејли Мејл.
Тоа значи дека од јануари францускиот играч ќе може да тренира со Јувентус, а од март повторно ќе има право да игра фудбал.