Свет
Финска во рок од неколку недели ќе одлучи дали ќе поднесе барање за влез во НАТО

Финска ќе одлучи дали ќе поднесе барање за влез во НАТО во следните неколку недели, рече премиерката Сана Мартин.
Говорејќи на заедничката прес-конференција со својот шведски колега, Мартин им рече на новинарите: „Треба многу внимателно да ги анализираме сите аргументи ‘за’ и ‘против’ аплицирањето за членство. Но, мислам дека ќе одлучиме за тоа многу бргу, за неколку недели“, додаде таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
По два часа заврши разговорот помеѓу Трамп и Путин

Заврши телефонскиот разговор меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин, објавија руските државни медиуми.
Двајцата лидери разговарале повеќе од два часа, а Путин го опишал разговорот како „информативен, искрен и многу корисен“, пренесува РИА Новости.
Наскоро повеќе информации на темата.
Свет
Шпанскиот премиер: Израел да не учествува на Евровизија

Шпанскиот премиер, Педро Санчез, денеска повика Израел да биде исклучен од меѓународните културни настани како што е Изборот за песна на Евровизија поради воената кампања во Газа, исто како што на Русија и беше забрането тоа да го прави по инвазијата на Украина.
„Не можеме да дозволиме двојни стандарди, дури и во културата“, рече Санчез, социјалист и долгогодишен критичар на политиката на Израел на окупираната палестинска територија.
„Верувам дека никој не беше шокиран пред три години кога Русија беше исклучена од меѓународни натпревари како што е Изборот за песна на Евровизија, откако ја нападна Украина. Затоа, ниту Израел не треба да учествува“, рече тој.
Санчез ги повика уметниците да застанат во одбрана на вредностите како демократијата и мирот, критикувајќи ги оние кои го бранат, како што вели тој, благ и тивок културен сектор. Израелското Министерство за надворешни работи не одговори веднаш на барањето на Ројтерс за коментар за изјавите на Санчез.
Свет
Во тек е телефонски разговор помеѓу Трамп и Путин

Белата куќа потврди дека телефонскиот разговор меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин е започнат.
Пред разговорот, Белата куќа соопшти дека Трамп се фрустрирал од Владимир Путин и Володимир Зеленски.
Самиот американски претседател изрази надеж дека денот ќе биде продуктивен.