Македонија
Нови 185 случаи на Ковид-19, нема пријавени починати лица
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа, направени се 2.216 тестови, а регистрирани се 185 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 114, Битола – 29, Кавадарци – 9, Прилеп, Велес, и Штип – по 4, Тетово и Охрид – по 3, Куманово, Гостивар, Неготино, Радовиш и Делчево – по 2, Струмица, Гевгелија, Виница, Кратово и Крушево – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (185), регистрирани се 28 реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа, не се регистрирани починати лица.
Регистрирани сe 124 оздравени пациенти од: Скопје – 69, Битола – 16, Кавадарци – 11, Прилеп – 8, Тетово и Куманово – по 3, Делчево, Велес, Гевгелија и Кичево – по 2, Гостивар, Неготино, Струмица, Ресен, Свети Николе и Демир Хисар – по 1
Направени се 2.216 тестови преку: ИЈЗ-256, ЦЈЗ Скопје-93, ЦЈЗ Битола-47, ЦЈЗ Прилеп-25, ЦЈЗ Тетово-12, ЦЈЗ Куманово-49, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8 Септември-0, Институт за микробиологија–147, Жан Митрев (Филип Втори)-48, Авицена-37, Биотек-44, Систина-41, лабораторија Лаор-58, Синлаб-9, Ремедика-16, Плодност-4, Генеа-6, Никоб лаб-196, ВФВ Медикал-28, Ели Медика плус-21, Ројал Медика–10, Спектра-ММ-3, Рапид лаб–7, Жан Митрев Струмица–5, Нова лаб дијагностика–1, Рамус-16, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.037
Досега во земјата се направени вкупно 1.988.999 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 308.152, бројот на оздравени пациенти е 297.724, на починати е 9.256, а бројот на активни случаи изнесува 1.172
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 144767, Активни 628
Куманово 16605, Активни 28
Битола 15056, Активни 166
Прилеп 14088, Активни 60
Тетово 13438, Активни 13
Кавадарци 10587, Активни 41
Велес 9713, Активни 15
Гостивар 9560, Активни 18
Охрид 8804, Активни 47
Струмица 8028, Активни 16
Штип 7992, Активни 14
Кичево 5592, Активни 27
Кочани 5066, Активни 7
Струга 4704, Активни 2
Гевгелија 4391, Активни 8
Неготино 3668, Активни 6
Ресен 2705, Активни 15
Свети Николе 2622, Активни 5
Радовиш 2521, Активни 11
Крива Паланка 2413, Активни 4
Делчево 1971, Активни 17
Дебар 1673, Активни 1
Берово 1639, Активни 0
Валандово 1481, Активни 2
Виница 1387, Активни 5
Пробиштип 1264, Активни 0
Богданци 1019, Активни 1
Кратово 962, Активни 2
Крушево 928, Активни 5
Демир Хисар 828, Активни 1
Македонски Брод 736, Активни 0
Демир Капија 591, Активни 5
Македонска Каменица 523, Активни 0
Пехчево 486, Активни 2
Дојран 344, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Карпош и Чучер Сандево денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од село Горно Нерези (општина Карпош), како и корисниците од селата Глуво и Мирковци. (општина Чучер Сандево )
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево и претежно тивко
Сончево со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 0, а максималната ќе достигне од 9 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на неделата времето ќе биде сончево и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови на одредени места ќе има појава на магла. Максималната температура ќе биде над просекот за овој период од годината.
Македонија
Средба на Сиљановска-Давкова со претставници од групата на АЛДЕ
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на Алијансата на либерали и демократи за Европа (АЛДЕ) од Европскиот Парламент, учесници на меѓународната конференција „Quo vadis Europa 2025?”, што се одржа во Скопје.
Гостите ја потврдија јасната заложба на АЛДЕ за деблокирање на македонскиот евроинтегративен пат, како и брзо и целосно интегрирање на Западен Балкан во ЕУ, преку посегање по креативни решенија во овој исклучително тежок геополитички моментум.
Претседателката, низ призма на принципите и вредностите гарантирани со европските конститутивни акти, презентираше свои видувања и предлози за излез од блокадата.
Гостите изразија не само интерес, туку и подготвеност да помогнат во надминувањето на неодржливиот status quo во којшто се наоѓаме, преку иницирање можни решенија во рамките на Европскиот парламент.
Претседателката го поздрави конструктивниот пристап на АЛДЕ, во духот на европските демократски принципи и вредности.
На средбата присуствуваа Свења Хан, претседателка на АЛДЕ и германска европратеничка, Рик Дамс, потпретседател на АЛДЕ и поранешен претседател на Парламентарно Собрание на Совет на Европа, Весна Пусиќ, прва претседателка на Мрежата на либерали од Југоисточна Европа (ЛИБСЕН) и поранешна вицепремиерка и МНР на Хрватска, Моника Зајкова, претседателката на Либерално-демократската партија и Емил Кирјас, потпретседател на Либералната интернационала.

