Култура
Самостојна изложба „Лирски експресии“ на Владимир Величковски
Денеска, во 19 часот, ќе се отвори самостојната изложба „Лирски експресии“ на Владимир Величковски.
На изложбата Величковски ќе се претстави со селекција од слики и цртежи што ги има работено во изминатите неколку години.
На отворањето на изложбата Величковски ќе го изведе и социјалниот перформанс „Идентитет“.
Во својот осврт кон творештвото на Величковски, Вера Симовска истакнува: „Величковски сопствената вибрација на личното егсистирње и откритието дека постои како свесно суштество ја изразува преку сликарски потези со повлекување линии што кореспондираат со неговата свест-потсвест како уловени музички вибрации или бранови на менталното искуство под инспирација на одредена музика. Боите и повлечените линии може да дадат форми што само се наѕираат или да доловат одредени ликови. Секоја боја е можност да се повлече линијата на животот, односно да се даде печат на уште едно искуство.
Во сопствените сликарски потези Величковски како да ги кине тие линии за веднаш потоа да ги поврзе или преклопи, да ги надодаде или да ги прикрпи со нови што доаѓаат од сите страни на универзумот, но и од сите притиснати делови на телото и умот. Начинот на кои ги поврзува или одврзува тие фатени звучни линии на бојата – далечина е израз на неговото сопствено преиспитување, негово себекритикување.
Владимир Величковски е македонски сликар, историчар на уметноста, универзитетски професор, ликовен критичар.
Тој досега објавил повеќе од 80 монографии и книги од областа на ликовните уметности, од кои повеќето се монографски изданија. Тој по вокација е сликар и автор на повеќе тематски и групни изложби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Повик за сите професионалци од креативниот сектор: Работни групи со предавачи од Британија на „Форум Скопје – Секторски консултации“
Во понеделник, на 25. ноември, во 13 часот во Јавна соба (Public Room), ќе се одржи „Форум Скопје – Секторски консултации“ – во организација на Министерството за култура и туризам, Британскиот Совет и Унијата на македонските професионални асоцијации во креативни индустрии – УМПАКИ.
За време на Форумот ќе бидат споделени увиди од експерти од Велика Британија, трендови и добри практики во однос на нивната креативна
економија, на што ќе следи фокусирана дискусија за издвојување на 10 приоритети за овој сектор во Македонија. Креативните професионалци ќе
дискутираат со своите колеги на следниве теми:
• Градење нов идентитет преку големи културни настани;
• Зајакнување на комуникацијата во секторот (градење мрежа);
• Образование за креативни кариери;
• Подобрување на условите за креативна продукција;
Се канат сите професионалци од Македонија да се приклучат и да дадат придонес во работните групи во рамки на Форумот. Сите заинтересирани да се регистрираат на овој линк: https://bit.ly/skopje-forum-apply-now
На „Форум Скопје – Секторски консултации“, учество ќе земат еминентни дејци од оваа област во Британија, кои беа селектирани од страна на the Beyond Conference, – водечка платформа за креативни индустрии.
Енди Брајдон e основач на меѓународната уметничка организација Curated Place. Тој е обучен антрополог чија специјалност е културно позиционирање на ниво на град, на регион и на хипер-локално ниво. Тој е признат и искусен културен стратег, директор на фестивали и големи настани, едукатор како и уметнички продуцент. Има освоено престижни национални награди во Англија иШкотска. Неговото огромно искуство придонело да ги трансформира местата преку културни настани и перформанси во соработка со тимови за развој на град, визуелни и дигитални уметници, композитори, перформери и музичари. Покрај него во Скопје доаѓа и Сузан Финеган, комерцијален директор на секторот култура во Ливерпул, која има над 20 годишно искуство во менаџмент на настани, стратегија на дестинација, и бренд активација. Таа е дел од тимот кој стои зад успехот на Ливерпул – град на културата во 2008 година и Ливерпул – домаќин на Евровизија во 2023. Нејзината работа е признаена и преку низа национални награди и признанија.
Северна Македонија
Покрај овие искусни професионалци во рамки на „Форумoт за креативни индустрии“, доаѓаат и: Хејли Пеплер, Раководител на Култура, Креативни
индустрии и дигитална патоказна стратегија – West Midlands Combined Authority, како и Лејла Конвеј, Раководител на образование, кариера и
вклучување на младите – London Legacy Development Corporation.
Култура
Black Friday во „Литература.мк“ со сериозно големи попусти до 90 отсто
Магијата на Black Friday пристигна во книжарниците на „Литература.мк“!
Во рамките на големиот шопинг-настан Black Friday (Блек фрајдеј), од денеска (22 ноември), па сѐ до 1 декември, во „Литература.мк“ ќе има сериозно големи попусти, дури и до 90%!
На попуст од 70% се бестселери, мотивациски книги, современи класици, биографии и книги за деца и млади од издавачките куќи „Арс Ламина“, „Култура“, „Полица“, „Бата прес“ и „Сакам книги“, „Антолог“ и „Три“.
До 90% намалување има на дел од гифт-програмата, на играчки, едукативни материјали, друштвени игри, украси за домот и канцеларијата, подароци, колекционерски производи, куфери и друго. Станува збор за селекција на производи од престижни интернационални брендови, како: Lego, Baci Milano, Ferrari, Scooterice, Clementoni, Fundamental, BG Berlin, PBM express, Abysse, Erik, Cerda, One collection, Cogo, CV Cristal, Alessi, 4М, Lexon, Italeri, Manopulos, SOL expert group, Matador и Hanipol.
Попустите важат во сите книжарници на „Литература.мк“ (на ул. „Македонија“, во „Скопје сити мол“, „Ист гејт мол“, „Дајмонд мол“, ТЦ „Буњаковец“, Битола и Струмица), како и за онлајн-нарачките преку www.literatura.mk.
Со оваа акција се овозможува навреме да си обезбедите новогодишни подароци, но и да го дополните својот дом со нови книги и уникатни производи по супер намалени цени!
Каталогот со попустите можете да го разгледате на следниот ЛИНК.
Култура
(Видео) „И јас сум Сирма” ја запали Македонија: лектира, историска читанка и „Оче наш“ на секој Македонец
Најновата книга „И јас сум Сирма“ на авторот Зоран Спасов-Sоф ги сруши сите стереотипи за промоција не една книга. Издавачот „Арс ламина“ направи своевидна револуција во промовирањето на овој исклучително контроверзен роман.
Горат социјалните мрежи, порталите, брендирани автобуси возат низ градот, дваесетметарска реклама осамна спроти Владата, на радиостаниците ги слушаме трите реклами со баритонот на Александар Микиќ…
Двоецот „Арс ламина“ – Sоф ја помести границата за промоција на едно дело од областа на културата. Дури и оние што не читаат книги ја посетуваат веб-страницата www.ijassumSirma.mk за да дознаат повеќе информации за овој роман.
Првиот дел од кампањата заврши со спектакуларната промоција во МКЦ, каде што преку илјада книгољупци ја дочекаа Сирма да се појави на бината, придружена од нејзиниот „Сирма рокенрол-бенд, кој со еден пинкфлојдовски и седумосмински аранжман ја изведе „Заветна”.
Книгата се продава во салоните на www.literatura.mk. Исто како и пртходно, и овој пат, кога станува збор за „Арс ламина“ и Зоран Спасов-Sоф, средствата од продажбата ќе бидат наменети во хуманитарни и добротворни цели.
ПР-текст