Спорт
Алисон Феликс најави крај на кариерата
Легендарната американска атлетичарка, Алисон Феликс, по завршувањето на сезоната ќе се пензионира. Седумкратната олимписка шампионка одлуката ја соопшти на социјалните мрежи.
„Ни во најлудите сништа не можев да си замислам дека ќе имам ваква кариера. Толку многу сум му благодарна на овој спорт што ми го смени животот. Се што имав му дадов на трчањето, прва пат не сум сигурна дали имам да му понудам уште нешто. Сакам да се простам и да му се заблагодарам на овој спорт на единствен начин, со последното возење. Оваа сезона ќе трчам за жените. Ќе трчам за иднината на мојата ќерка. Ќе трчам за себе“, напишала Феликс на „Инстаграм“.
Алисон Феликс во кариерата учествувала на пет Олимпијади. Таа е најтрофејната спортска во историјата на Олимписките игри и Светските првенства. Во кариерата освоила седум златни, три сребрени и еден бронзен медал на ОИ, додека од СП има 13 злата, три сребра и две бронзи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Серена Вилијамс се враќа од пензија
Американската тенисерка Серена Вилијамс, освојувачка на 23 гренд слем титули, поднесе документација што го иницира нејзиното враќање во 2026 година.
Серена (44) последен пат играше на Отвореното првенство на САД во 2022 година, каде што победи на два натпревари пред да изгуби од Ајла Томљановиќ во третото коло.
Тој пораз се случи на 2 септември, а само еден ден подоцна, Серена поднесе барање за официјално пензионирање до Меѓународната агенција за интегритет на тенисот, што значеше дека повеќе нема да мора да го открива своето место на живеење, за случајни допинг тестови на дневна основа.
Вилијамс имаше намера да се врати порано, во Њујорк оваа година, за да игра двојки со постарата сестра Венус, но таквото спонтано враќање, на краток рок, не е дозволено.
Серена се најде на регистрираната листа за тестирање на ITIA во октомври, по повеќегодишна пауза. На тој начин, е на добар пат да се врати до април 2026 година, за шест месеци.
Вилијамс освои 23 гренд слем титули во својата кариера и помина 319 недели на врвот на листата на ВТА.
Foto/ EPA
Спорт
Левандовски ќе ја напушти Барселона
Полскиот напаѓач Роберт Левандовски (37) ќе ја напушта Барселона на крајот од сезоната.
По четири години соработка, клубот одлучи да не ја продолжи соработката со Роберт Левандовски и покрај тоа што има опција да му го продолжи договорот на дополнителни 12 месеци.
„Барселона нема да ја обнови соработката со Роберт Левандовски. Тој го напушта клубот“, тврди „Атлетик“.
Каталонците одлучија да направат место за некој помлад. Левандовски е во ветеранските години, ќе го прослави својот 38-ми роденден на почетокот од следната сезона. Барса верува дека неговото време е истечено, иако не изгледа така на теренот.
Лева игра одлично и оваа сезона. Тој постигна осум гола на 15 настапи. Во вкупно 162 натпревари, Левандовски постигна 109 гола и забележа 21 асистенција.
Левандовски нема намера да ја заврши кариерата. Иако следното лето ќе го прослави својот 38-ми роденден, интересот за неговите услуги е голем.
Според „Атлетик“, Барселона нема да го откупи договорот на Маркус Рашфорд на крајот од сезоната.
Англискиот фудбалер игра за каталонскиот клуб како позајмен играч од Манчестер Јунајтед.
Foto/ EPA
Спорт
Партизан веќе се договорил со Тринкиери
Италијанскиот тренер Андреа Тринкиери се договорил со чениците на Партизан во врска со неговото враќање на позицијата шеф на страчниот штаб.
Како што обајви „Спорт Клуб“, црно-белите веќе се договориле со италијанскиот стручњак во врска со условите за идна соработка, а се чека најповолниот момент соработката да биде официјализирана.
Тринкиери е без работа откако беше отпуштен од Жалгирис ова лето, само 36 часа по освојувањето на титулата во лигата.
Италијанскиот стручњак помина година и пол во Каунас, а претходно беше на клупата на Баерн од 2020 до 2023 година.
Тој го водеше Партизан од 2018 до 2020 година и тимот беше во одлична ситуација во АБА лигата и Еврокупот пред коронавирусот да ја прекине сезоната.
Тринкиери и претседателот на Партизан, Остоја Мијаиловиќ не се разделија во добри односи, а Италијанецот дури и го тужеше Партизан за заостанати плати и го доби спорот.
Сепак, се чини дека условите за нова соработка сега се исполнети, Тринкиери е без работа, а на Партизан му е потребен квалитетен тренер кој може да го подигне тимот по заминувањето на Жељко Обрадовиќ.
Црно-белите ќе го играат својот следен натпревар во четврток, кога ќе го пречекаат Баерн на Белградска Арена. Моменталниот резултат на Партизан во Евролигата е четири победи и девет пораз. Тимот доживеа порази на седум од последните осум натпревари.
Foto/ EPA

