Македонија
Продолжуваат преговорите за усогласувањето на Колективниот договор со минималната плата на универзитетите
Независниот академски синдикат (НАкС) и Министерството за образование и наука (МОН) одржаа состанок во врска со состојбите во високото образование и науката.
На состанокот се разгледуваа условите за работа во јавните универзитети и финансирањето, со посебен акцент на неусогласеноста на Колективниот договор во високото образование и науката со новиот Закон за минималната плата од 2022 година.
„Со покачувањето на минималната плата се изедначува надоместокот што го добиваат вработените што извршуваат работи со разна сложеност и немаат ист степен на образование и се оневозможува општо земено примената на воспоставениот систем на коефициенти како систем за праведно вреднување на трудот“, велат од Синдикатот.
Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, ги афирмира проблемите што произлегуваат од неусогласеноста на Колективниот договор со новиот Закон за минималната плата. Оттука, Министерството за образование и наука се согласи дека разговорите треба да продолжат и дека е потребно да се оформи работна група за надминување на овој проблем, во која ќе бидат вклучени претставници од НАкС и СОНК.
Работната група се очекува да се оформи во краток рок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

