Македонија
Next Chapter кампањата на АУЕ-ФОН е вистински избор за секој иден студент

Американскиот универзитет на Европа–ФОН применува најсовремени образовни програми кои нудат флексибилни и просперитетни студии, ставајќи го студентот секогаш во фокус на интересот. Со новата кампања „Студирај на АУЕ-ФОН, плати како на државен“, кампања креирана согласно интересот и потребите на младите луѓе, АУЕ – ФОН продолжува со примена на холистичкиот систем за рано пријавување на сите заинтересирани кандидати.
Холистичкиот систем претставува пристап во кој заедно со постигнатиот успех од средното училиште, дополнително се вреднуваат индивидуалните квалитети на секоја личност, нивните амбиции, интегритетот во однесувањето, познавање на странски јазици, компјутерски вештини, или пак други лични остварувања во различни спортски дисциплини, натпревари или останати воншколски активности.
Повеќе од јасно е дека, доброто образование првенствено има клучна улога во развојот на вештините на една личност, кој подоцна се пренесуваат во бизнисот, но и за развојот на општеството во целина. Од овие причини, Американскиот универзитет на Европа–ФОН го применува мултидисциплинарниот пристап кој има стратешка улога во пресретнување на потребите на претприемништвото и за приспособување на студентите со промените, со кои светот се соочува денес.
Оттука, студентите кои ќе се одлучат да студираат на Факултетот за правни и политички науки, Факултетот за економски науки, Факултетот за детективи и безбедност, Факултетот за дизајн и мултимедија или на Факултетот за информатика, освен теоријата која ја добиваат од престижниот наставен кадар со
богата истражувачка дејност, имаат можност за пракса и работа, која е дел од програмата „Work and study“ која што Американскиот универзитет на Европа-ФОН ја применува во текот на едукативниот процес на студентите, со што ја покажува грижата за нивен комплетен професионален развој.
Но, дополнително АУЕ–ФОН овозможува неформално образование кое вклучува и кратки курсеви од различни области, со што кандидатите се надоградуваат со знаење и вештини за унапредување на нивниот професионален и кариерен развој. Затоа, NEXT CHAPTER е одлична можност за секој амбициозен и млад човек со јасна визија за својата иднина!
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Активен е еден пожар на територијата на Македонија, два се под контрола, извести ЦУК

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на Македонија имало вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, два се под контрола, а изгаснати се 24 пожари, соопшти Центарот за управување со кризи.
ЦУК извести дека е активен пожарот во општина Долнени, село Долгаец, каде што гори мешана шума.
Под контрола се два пожари, во општина Македонски Брод: Повеќенаменско подрачје Јасен (мешана шума) и во општина Гевгелија, на планината Кожуф (висока шума).
Како што информираше ЦУК, изгаснати се 24 пожари.
Македонија
„Влен“: Бујар Османи го вети автопатот Скопјe-Блаце, но донесе само лаги

„Поминаа 5 години, 7 месеци и 8 дена од свеченото потпишување на договорот за „првите 2 километри“ на автопатот Скопје – Блаце, а ветувањето на Бујар Османи со кое се фотографираше и политички се фалеше остана нереализирано“, велат од „Влен“.
„ФБ сесии, фотографи, изјави, скапи видеа, но резултати нула. Тоа е Бујар Османи. Ветуваа автопати, оставија само албуми со слики. Ветуваа нови болници, оставија семејни трагедии. Ветуваа водоводи, оставија пустош.
Бујар Османи беше министер во владата на Груевски, вицепремиер за европски прашања и министер за надворешни работи кај Заев и Ковачевски, вкупно повеќе од една деценија на највисоки државни функции. За тоа време немаше резултати за овој проект, ниту за албанските општини за кои најмногу ветуваше. Имаше Фејсбук сесии, снимени видеа и лажни ветувања, а резултати нула.
Доста беше со промотивни настани на лажни големи ветувања. Бујар Османи нема што да покаже како резултат зад себе, нема реализирани проекти, нема изградено ништо, нема помогнато никому.
Бујар Османи е политичар кариерист, без резултати. Неговите ветувања денес за Чаир се исти како ветувањето за автопатот кон Блаце пред пет и половина години. Празни“, се наведува во соопштението на „Влен“.
Македонија
На Табановце за излез од државата се чека околу 30 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен, извести АМСМ.
Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за излез е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.