Македонија
Мрачни натписи на градинка во Ѓорче Петров: „СОНК – убијци на деца“
„Убијци“, „Фашисти“, „СОНК – убијци на деца“, се само дел од натписите што биле испишани во текот на ноќта на ѕидовите од градинката „Росица“ во Ѓорче Петров. Ова доаѓа откако пред два дена имаше и закани кон директорката на градинката, како и кон вработени во истата градинка. Sидовите на објектот се ишарани во текот на ноќта. Состојбата утрово први ја затекнале вработените. Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, бара итно пронаоѓање на сторителите.
„Го осудувам овој чин на вандализам насочен кон општествените добра. Ова се толкува како директен притисок и закана врз вработените во градинката. Апелирам до МВР итно и во најбрз можен рок да ги пронајде сторителите и да ги санкционира“, вели Стојкоски.
Во текот на неделата родител на две деца, кои биле згрижувани во градинката, вербално напаѓаше вработени. За него беше неприфатливо решението неговите деца, поради штрајкот, да бидат сместени во друг објект. Непознато е дали тој случај е поврзан со овој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на патниот правец Лисец – Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози на повисоките и претежно суви коловози на пониските места. Намалена видливост поради појава на магла од 40 – 50м. има на патниот правец с.Лисец – Попова Шапка.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претежно облачно со врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, наместа во западните делови пообилни (над 40 l/m2). Ќе дува засилен јужен ветер, кој во текот на ноќта ќе го промени правецот во северен (над 70 km/h). Во текот на ноќта врнежите од дожд најпрвин на планините ќе преминат во снег, а потоа и на некои пониски места и ќе се формира снежна покривка. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје претежно облачно, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд, повремено пообилни. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Во текот на ноќта со засилен северен ветер ќе има услови во повисоките делови од котлината врнежите од дожд да преминат во снег со слаб интензитет. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 12 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Во сабота во претпладневните часови времето ќе биде променливо облачно со повремен снег, претежно во западните делови. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец (над 70 km/h). Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и тивко со ниски утрински температури и појава на магла по котлините.
Скопје
Без струја делови од општините Карпош, Ѓорче Петров и Кисела Вода
ЕВН Македонија, известува дека поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа денеска без напојување со електрична енергија ќе останат делови од општините Карпош, Ѓорче Петров и Кисела Вода.
– Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците дел од ул. Козле, дел од објектите над КАМ-маркет кон Центар во општина Карпош;
– Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците на ул. Ѓорѓи Андреевиќ и ул, Горно Лисиче во општина Ѓорче Петров;
– од 09:30 до 13:00 часот, корисниците на ул Јабланица бр.101А во општина Кисела Вода.