Скопје
(Видео) Муцунски: 100.000 евра инвестиција во училиштето „Ѓорѓија Пулевски“, во септември нова градинка

Во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ почнаа активности за средување на дворот во основното училиште и спортската и рекреативна инфраструктура со инвестиција од над 100.000 евра.
Како што истакна градоначалникот на општина Аеродром, во истиот момент има градежни работи во основното училиште „Блаже Конески“, таму има целосна промена на фасадата. При крај се работите поврзани со проект за проширување и реконструкција на истото училиште на „Блаже Конески“. И набргу таму ќе се почне со работа.
Тој додаде дека инвестициите во образовната инфраструктура исто така продолжуваат и кај основното училиште „Гоце Делчев“, каде што ќе има проширување на капацитетите и реконструкција на училиштето.
Муцунски најави дека во септември ќе почне со работа нова градинка, а после тоа ќе се почне со градежни работи на уште најмалку две нови градинки.
Тој додаде дека нивниот приоритет се образовната инфраструктура, уличната инфраструктура, инфраструктурата поврзана со рекреацијата, а најави и изградба на три нови детски игралишта, во Стар Аеродром, во Реонски центар, во Ново Лисиче.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја делови од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 1523, објектите на фирмите Пастор, Орнамакс и други во нивна близина, корисниците од бул. Борис Трајковски од бр. 77 до бр. 85, како и корисниците лоцирани помеѓу објектите на фирмите Циле Инжињеринг и Интеграф. (општина Кисела Вода)
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок Ф 80мм. на Јосиф Јосифовски-Свештарот 34 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Јосиф Јосифовски-Свештарот, дел од населбата Пролет, П.С.Пролет и Амбулантата на МВР.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.
Македонија
Без струја денеска делови од Центар, Гази Баба, Бутел и Ѓорче Петров

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Питу Гули од бр. 4 до бр. 20. (општина Центар)
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од село Стајковци. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од ул. Рокомија. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од улиците Ибе Паликуќа и Воин Драшковиќ. (општина Ѓорче Петров)