Спорт
Џерард: Карагер се плашеше од Луис Суарез
Легендата на Ливерпул, Стивен Џерард, никогаш не криел дека Луис Суарез е еден од најдобрите играчи со кои имал можност да игра.
Луис Суарез три и пол години играше на „Енфилд“, на 110 натпревари постигна 69 голови. Потоа се пресели во Барселона. Со Ливерпул освои само еден трофеј во Лига купот.
„Имав можност да играм со неколку фантастични фудбалери како Чаби Алонсо, Хавиер Маскерано, Фернандо Торес, но Луис Суарез нешто посебно. Тоа едноставно се чувствуваше без оглед на тоа против кого игравме. Таков беше и на тренинзите“, рекол Џерард за „Скај спорт“.
„Еднаш кога заедно со Џејми Карагер се одевме дома ми кажа дека дека Луис е многу добар играч и дека не сака на секој тренинг да игра против него. Луис можеше да ве посрамоти пред соиграчите, а мислам дека не беше свесен дека го прави тоа. Доминираше, можеше да ве прегази“.
Луис Суарез сега е играч на Атлетико Мадрид, лани со 21 гол им помогна на „јорганџиите“ да ја освојат титулата во Шпанија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Сака ќе потпише нов договор со Арсенал
Букајо Сака и Арсенал нема намера да го напушти Арсенал. Фудбалерот и клубот се договориле за нов, подобрен петгодишен договор.
Еден од најдобрите играчи на Арсенал ќе остане во клубот до летото 2031 година. Финансиските детали од новиот договор не се објавени.
Актуелниот договор на Сака исекуваше во 2027 година.
Foto/ freerangestock
Спорт
Фиорентина доби засилување од Аталанта
Марко Брешанини е новото засилување на Фиорентина за вториот дел од сезоната.
Тимот кој собра само 13 бода од почетокот на сезоната и кој, според сите очекувања, ќе се бори за опстанок, мора да се засили и да биде таму каде што му диктира репутацијата – во горниот дел од табелата.
Виола е далеку од тоа, но Брешанини е делот што недостасува за клубот, а тренерот Паоло Ваноли веќе разговарал со него и се чини дека би можел да добие вреден играч во средниот ред.
Брешанини веќе тренираше со тимот, а договорот е до крајот на сезоната, станува збор за позајмица со право на откуп, што ќе се дискутира на крајот од сезоната.
Брешанини одигра само осум натпревари за Аталанта оваа сезона.
Foto/ freerangestock
Спорт
Алдегер се здобил со фрактура на бутната коска
Тимот на Гресини Рејсинг потврди дека младиот шпански возач Фермин Алдегер доживеал фрактура на бутната коска на левата нога за време на тренингот во Валенсија, само неколку недели пред почетокот на предсезонските тестирања.
20-годишниот Алдегер го имаше своето деби во Мото ГП шампионатот минатата година со тимот на Гресини, возејќи Дукати со спецификација од 2024 година, и ја круниса сезоната со титулата најдобар почетник, со историска прва победа на Големата награда на Индонезија. Оваа година требаше да се натпреварува со Дукати со спецификација од 2025 година, но неговите подготовки сериозно се нарушени од поредата.
Како што објави тимот, Алдегер ја претрпел фрактурата за време на тренингот во четврток во Валенсија, а операцијата е закажана за денес во Барселона.
Деталите за инцидентот не се откриени.
Повредата доаѓа во незгодно време, точно еден месец пред првиот предсезонски тест за сезоната 2026, кој е закажан за 3-5 февруари во Малезија. Официјалната презентација на тимот е закажана за 31 јануари во Куала Лумпур, додека тестирањето ќе продолжи на 21 и 22 февруари во Бурирам.
Сезоната започнува една недела подоцна со Големата награда на Тајланд.
Foto/ freerangestock

