Македонија
Нови 126 случаи на ковид, нема починати лица

Во последните 24 часа направени се 2.152 тестови, а регистрирани се 126 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 55, Битола – 23, Велес – 9, Кавадарци – 6, Прилеп – 5, Гостивар – 4, Охрид, Струмица и Гевгелија – по 3, Куманово, Тетово, Штип, Кочани и Ресен – по 2, Кичево, Струга, Радовиш, Делчево и Пробиштип – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (126), регистрирани се 19 реинфекции.
Регистрирани сe 152 оздравени пациенти од: Скопје – 86, Битола – 24, Прилеп – 9, Велес, Кавадарци и Кичево – по 5, Куманово – 4, Кочани и Демир Капија – по 3, Струмица и Ресен – по 2, Гостивар, Гевгелија, Штип и Крива Паланка – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, не се регистрирани починати лица.
Направени се 2.152 тестови преку: ИЈЗ-139, ЦЈЗ Скопје-75, ЦЈЗ Битола-57, ЦЈЗ Прилеп-15, ЦЈЗ Тетово-15, ЦЈЗ Куманово-31, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–65, Жан Митрев (Филип Втори)-44, Авицена-51, Биотек-56, Систина-23, лабораторија Лаор-67, Синлаб-15, Ремедика-6, Плодност-16, Генеа-14, Никоб Лаб-182, ВФВ Медикал-33, Ели Медика Плус-13, Ројал Медика–36, Спектра-ММ-9, Рапид Лаб–7, Жан Митрев Струмица–4, Нова Лаб Дијагностика–11, Рамус-7, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.160.
Досега во земјата се направени вкупно 1.994.836 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 308.516, бројот на оздравени пациенти е 298.251, на починати е 9.261, а бројот на активни случаи изнесува 1.004.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 144955, Активни 535
Куманово 16608, Активни 15
Битола 15118, Активни 156
Прилеп 14098, Активни 48
Тетово 13439, Активни 13
Кавадарци 10600, Активни 34
Велес 9727, Активни 21
Гостивар 9569, Активни 19
Охрид 8811, Активни 29
Струмица 8039, Активни 18
Штип 8000, Активни 20
Кичево 5598, Активни 19
Кочани 5069, Активни 5
Струга 4709, Активни 7
Гевгелија 4395, Активни 6
Неготино 3669, Активни 4
Ресен 2711, Активни 8
Свети Николе 2622, Активни 2
Радовиш 2526, Активни 13
Крива Паланка 2413, Активни 2
Делчево 1973, Активни 11
Дебар 1673, Активни 0
Берово 1644, Активни 2
Валандово 1480, Активни 0
Виница 1387, Активни 4
Пробиштип 1265, Активни 1
Богданци 1019, Активни 1
Кратово 962, Активни 2
Крушево 928, Активни 4
Демир Хисар 828, Активни 1
Македонски Брод 736, Активни 0
Демир Капија 591, Активни 2
Македонска Каменица 523, Активни 0
Пехчево 486, Активни 2
Дојран 345, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Влен: Бујар Османи и во МНР спроведувал сомнителни и криминални тендери!?

Државниот завод за ревизија јавно потврди тоа што граѓаните одамна го знаат, дека Министерството за надворешни работи, во време кога министер беше Бујар Османи, спроведувало незаконски тендери поврзани со организацијата на самитот на ОБСЕ во 2023 година, велат од Влен преку соопштение.
„Според ревизорскиот извештај: Потрошени се над 120 милиони денари без јасна евиденција; Не постои документација што точно е испорачано, инсталирано или оставено како трајна опрема во СРЦ „Борис Трајковски“; Договорите и јавните набавки биле спроведувани без транспарентност и со сериозни законски пропусти.
Ова е уште една потврда дека Бујар Османи, каде и да оди, зад себе остава сомнителни и криминални тендери!
Ова не е изолиран случај, истиот Бујар Османи беше осомничен од СЈО за сомнителни набавки уште кога беше министер за здравство во владата на Никола Груевски.
Граѓаните на Чаир добро знаат две работи за Бујар Османи: Прво, никогаш ништо не направил за Чаир, ниту еден проект, ниту една инвестиција, ниту една иницијатива. Второ, секогаш кога бил на функција, се поврзувал со скандали, сомнителни тендери и злоупотреби на јавни пари!“, велат од „Влен“.
„Влен“ додава дека Чаир не заслужува човек чие име се повторува во секој извештај за криминал и злоупотреба.
Македонија
Надлежните со препораки до граѓаните поради најавата за температури до 39 степени во периодот до 13 август

Министерството за здравство информира дека според најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од 8 до 13 август 2025 година се очекува значително зголемување на дневните температури, кои на некои места ќе достигнат и до 39 степени Целзиусови.
Поради тоа, Министерството апелира до граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита од топлотен удар: престој во разладени простории, внесување на доволно течности, избегнување на алкохол и засладени пијалаци, носење лесна и светла облека, како и ограничување на физичката активност во најтоплите часови.
Особено внимание треба да се посвети на ризичните групи — деца, стари лица, лица со хронични заболувања и бремени жени.
Во случај на појава на симптоми како вртоглавица, главоболка, гадење или забрзан пулс, веднаш треба да се побара медицинска помош.
Министерството ја следи состојбата и ќе постапува според потребите.
Според најавата на УХМР, времето денес ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северероисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 37 степени.
Македонија
Четири различни цени за паркинг во Клинички, просторот ќе се прошири двојно

Министерот за здравство, Азир Алиу, информира дека во Клиничкиот центар ќе има четири различни влезови со различни ценовници за паркирање – бесплатен за онколошки пациенти, поевтин за пациенти со упат, поскап за вработените и најскап за граѓаните кои доаѓаат по други причини. Договорот за управување со паркингот ќе го потпише Министерството со ЈП Градски паркинг.
Се најавува и оптимизација на паркинг просторот, со дупло повеќе места и дополнителни влезови, вклучувајќи и еден кај Кардиологија. Ќе се воведе 24-часовен мониторинг со камери и нов систем за следење на плаќањето и активностите. Доколку оптимизацијата не биде доволна, ќе се размислува за изградба на катна гаража.