Спорт
Рангник: Четири засилувања не се доволни за Манчестер јунајтед
На Манчестер јунајтед му е потребен целосен ремонт ова лето доколку сакаат да се натпреваруваат со ривалите во Премиер лигата, смета преодниот менаџер Ралф Рангник објаснувајќи дека четири засилувања не се доволни да се крене тимот што не освоил лигашка титула од пензионирањето на Алекс Фергусон во 2013.
„Ѓаволите“ се петти на табелата со три поени зад четвртопласираниот Тотенхем пред вечерашното дерби против Ливерпул на „Енфилд“, а Рангник полека се подготвува за почетокот на двегодишната улога како консултант на клубот со Ерик Тен Хаг од Ајакс како постојана замена.
„Фудбалерите треба да го дадат својот максимум, без разлика кој ќе биде следниот менаџер, и ако биде потврден за две-три недели, тоа нема да ја смени ситуацијата во која сме. Секако, важно е да постои стабилност, да почне периодот на ангажирање фудбалери кога ќе се знае кој е менаџер и како сака да игра. Има неколку фудбалери што ги посочив на бордот на клубот, кои се независни од која било формација или стил на игра. Но, во основа нашиот тим треба да биде повторно изграден. Не е доволно да се донесат три-четири нови имиња. Треба повеќе нови фудбалери бидејќи на многумина им завршува договорот. Освен на голманското место, мора да има засилување во сите области“, вели Рангник.
Договорите на Пол Погба, Немања Матиќ, Хуан Мата и на Џеси Лингард завршуваат на крајот на сезоната, неизвесна е иднината на Антони Марсијал, Маркус Рашфорд и на Единсон Кавани, а во одбранатаа не успеа да импресионира ниту Хери Мегваер ниту, пак, Арон ван-Бисака, Виктор Линделоф, Ерик Баји, Лук Шо и Алекс Телес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Ништо ново во Денвер, трипл-дабл на Јокиќ и победа на Нагетс
Денвер Нагетс убедливо ги победија Индијана Пејсерс со 117:100 во ноќта помеѓу саботата и неделата.
Трократниот најкорисен играч Никола Јокиќ, одигра уште еден „брутален“ натпревар и оствари трипл-дабл со 32 поени, 14 скока и 14 асистенции.
Јокиќ имаше дури 8 изгубени топки, но шутираше неверојатни 10/14 од поле и реализираше 11 од 12-те слободни фрлања.
Во деветтиот меч од почетокот на сезоната, Јокиќ го забележа шестиот трипл-дабл. Денвер играа без Џамал Мареј и Ерон Гордон.
Резултати:
Вашингтон Визардс – Далас Маверикс 105:111
Филаделфија – Торонто Репторс 130:120
Атланта Хокс – Лос Анџелес Лејкерс 122:102
Кливленд Кавалирс – Чикаго Булс 128:122
Мајами Хит – Портланд Блејзерс 136:131
Сан Антонио Спарс – Њу Орлеанс Пеликанс 126:119
Денвер Нагетс – Индијана Пејсерс 117:100
Лос Анџелес Клиперс – Феникс Санс 103:114
Спорт
Тренерот на Лејкерси збесна по поразот од Атланта
Џеј Џеј Редик, тренерот на Лос Анџелес Лејкерс, беше многу лут на својот тим по поразот 122:102 од Атланта Хокс во Џорџија.
Лејкерс го одиграа својот најлош натпревар во сезоната во саботата навечер, а тренерот Џеј Џеј Редик беше исклучително бесен на својата прес-конференција по натпреварот.
„Ништо не беше добро. Хокс играа добро, ние сме разочарани, ќе ги анализираме причините“, рече Редик.
Кога новинар го праша кога сфатил дека играчите „нема да се вклучат“, тој рече:
„Го сфатив тоа во првите две минути. Не видов ништо“, рече Редик додека ја напушташе прес-конференцијата.
Лука Дончиќ беше најефикасен со 22 поени, 5 скока и 11 асистенции, а имаше и 5 изгубени топки и само 7/17 од поле…
Долтон Кнехт му беше друштво со 14 поени, Џејк Ларавија имаше 13, а Џаред Вандербилт одигра фантастично, со 12 поени и 18 скока.
JJ Redick is PISSED 😳
(via @ohnohedidnt24) pic.twitter.com/TgRzErbkyZ
— Lakers Lead (@LakersLead) November 9, 2025
Спорт
Ѓоковиќ нема да игра на Завршниот мастерс во Торино
Најуспешниот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, одлучи да не учествува на Завршниот мастерс во Торино.
Српскиот играч имаше голема желба да биде дел од завршниот турнир, а по победата против Лоренцо Мусети во финалето во Атина, тој зборуваше за причините за (не)очекуваната одлука.
„Навистина се радував на Мастерсот во Торино и можноста да дадам се од себе, но по денешното финале во Атина, со жалење објавувам дека морам да се повлечам поради повреда“, рече Ѓоковиќ и додаде:
„Искрено ми е жал за навивачите кои се надеваа дека ќе ме видат како играм – вашата поддршка ми значи многу. Им посакувам на сите играчи неверојатен турнир и едвај чекам наскоро да се вратам на теренот со сите вас.“
Ѓоковиќ требаше да биде во таканаречената „Џими Конорс група“ со Карлос Алкараз, Тејлор Фриц и Алекс де Минор. Наместо него, Мусети ќе игра во Торино.
Јаник Синер, Александар Зверев, Бен Шелтон и Феликс Оже-Алијасим играат во „Групата Бјерн Борг“.
Турнирот е закажан од 9 до 16 ноември, а првиот ден на програмата се натпреварите Алкараз – Де Минор (14) и Зверев – Шелтон (20:30).

