Спорт
Џипси Кинг инсистира дека ќе се пензионира по мечот со Вајт

ВБЦ-шампионот во тешка категорија, Тајсон Фјури, инсистира дека саботниот меч против Дилијан Вајт ќе биде неговиот последен пред пресметката на „Вембли“, на која се очекува да има рекордни 94.000 гледачи.
Фјури во британската пресметка го брани ВБЦ-појасот, кој го освои по победата во трилогијата против Дионтеј Вајлдер, и иако многу боксерски фанови сакаат поинаков британски меч против Ентони Џошуа, 34-годишниот Џипси Кинг вели дека е време да се стави крај на 14-годишната кариера.
„Тоа е тоа! Да се стигне до добра победа во сабота навечер, да се опуштам и да уживам во животот. И уживам во секоја секунда. Ова беше долг пат, со многу работи во мојата кариера. Блиску сум до 34, 20 години како боксер, тоа е доволно за сите. Има доволно други работи што би сакал да ги правам – да се грижам за децата и сопругата и да уживам со нив“, вели Фјури.
Фјури има 31-1-0 скор во својата кариера и 22 нокаута и со победа би ставил крај на кариерата како непоразен шампион.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Нема билети за вечерашниот ракометен меч меѓу Македонија и Литванија

Билетите за вечерашниот ракометен натпревар меѓу Македонија и Литванија во Спортскиот центар „Јане Сандански“ се распродадени. Во пресрет на натпреварот селекторот на Македонија го објави тимот за последниот квалификациски натпревар за Европското првенство 2026 Ќе играат истите играчи кои Талин ја победија Естонија. Голман е биде Мартин Томовски.
Натпреварот почнува во 18 часот.
Спорт
(Видео) Хамбург слави – ХСВ се врати во Бундеслига

Хамбург го слави враќањето на ХСВ во најсилната лига на германскиот фудбал. Седум години по елиминацијата славниот клуб повторно е дел од елитата во која се внедри во голем стил – победа од 6:1 против Улм пред околу 60.000 луѓе на “Фолксарк” стадион.
Тимот од најголемото германско пристаниште остана на прво место, но не го обезбеди. Тоа ќе може да го направи во последното коло против Гројтер Фирт.
Близу до пласман во највисокиот ранг е и Келн, кому му е потребен бод во последните деветдесет минути фудбал за математички да ја обезбеди таа цел.
Десетина илјади навивачи извршија инвазија на теренот во Хамбург откако судијата свирна крај на мечот со Улм.
Спорт
Александар Сорлот даде три гола за 3 минути и 57 секунди и испиша историја на шпанскиот фудбал

Александар Сорлот, напаѓач на Атлетико Мадрид, испиша историја на шпанскиот фудбал. Сорлот постигна четири гола во првите 30 минути од мечот помеѓу Атлетико и Реал Сосиедад.
Првиот гол го постигна во седмата, вториот во десетата, а третиот во 11. минута, со што веќе ги испиша првите страници на историјата на овој натпревар, бидејќи постигна најбрз хет-трик во историјата на Ла Лига.
Три гола за 3 минути и 57 секунди. Оние кои мислеа дека тоа ќе му биде доволно на 29-годишниот Норвеѓанец, се излажаа. Сорлот постигна гол и во 30. минута од мечот, правејќи нешто што никој никогаш не го направил, со четири гола во првите половина час фудбал.
Не помина ни година од последниот меч во кој овој играч постигна четири гола – тоа беше на 19. мај против Реал Мадрид минатата сезона, во дресот на Вилјареал.