Соопштенија
СДСМ: Наместо уцени, раководството на СОНК да го прифати покачувањето на платите од 10%

Во интерес на учениците и образованието е да продолжи учебната година. Правото на штрајк е уставно загарантирано, но исто така и правото на образование, кое не смее да биде нарушено, соопшти СДСМ.
„СДСМ како партија постојано покажува дека го цени и вреднува трудот на наставниците, професорите, на сите работници. Во образованието, СДСМ ги покачи платите за 21%, пет пати повеќе од времето на ВМРО-ДПМНЕ кога се покачија едвај за 4%.
Ги подобривме условите за работа во воспитно образовните институции. Реконструиравме и изградивме над 80 училишта, а за оваа година за капитални инвестиции во образованието издвојуваме над една милијарда денари. Опремивме 264 кабинети по природни науки и издвоивме 54 милиони денари за образовни асистенти.
Од 2017 година досега отворивме 61 градинка, а годинава се отвораат десет нови градинки. За истиот период платите на воспитувачките во градинките ги зголемивме за 6.000 денари од времето на ВМРО-ДПМНЕ.
Уценувачкиот потег на СОНК, односно одбивањето на предлогот на Владата предводена од СДСМ за зголемување на платите за 10 отсто или 2.500 денари во просек и новата методологија за постојан раст на платите покажува дека овој синдикат не се води од интересите на наставниците и учениците.
Платите во образованието ќе се зголемат, ќе се создаде нова методологија, но пролонгирањето на учебната година на крајот ќе наштети на учениците, родителите, наставниците. Затоа раководството на СОНК да престане со уцените, да го прифати покачувањето на платите од 10%, наставата да продолжи затоа што тоа е во интерес на децата и учениците“ се наведува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
(Видео) Костовски: За 4 години реконструиравме 102 улици во Бутел вредни 320 милиони денари

Во период од 4 години во општина Бутел успеавме да реконструираме 102 улици со вкупна вредност од триста дваесет милиони денари, вели Дарко Костовски, кандидатот за градоначалник на Општина Бутел од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
„Некои од нив чекаа за реконструкции и по неколку децении.
Реконструиравме голем број клучни сообраќајници Киро Димушков, Хо Ши Мин, Симче Настевски, Натанаил Кучевишки, Скоевска, Бутелска, Радишанска, улица Бетовенова, главната улица на Љуботенски пат.
Вашите потреби се мој врвен приоритет“.
Реконструиравме улици, додава тој, во секое населено место. „Ќе продолжиме уште посилно“.
Соопштенија
Стефковски: Проектот „Гази Баба без кал“ продолжува, ќе асфалтираме над 100 нови локални улици

Актуелниот градоначалник на Гази Баба и кандидат на локалните избори од ВМРО-ДПМНЕ, Бобан Стефковски преку социјалните мрежи најави реконструкција на големите локални улици, за подобар сообраќај, побезбедни улици, за поквалитетен живот на граѓаните.
„Во насока на унапредување на инфраструктурата и секојдневието во нашите населби, започнуваме со комплетна реконструкција на големите локални улици!“, рече Стефковски.
Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Аеродром ќе добие на нов модерен спортски центар

Инвестирање во спортот и спортската инфраструктура е главен фокус на ВМРО-ДПМНЕ, велат од оваа партија.
„Еден од приоритетните проекти во програмата на кандидатот за градоначалник Дејан Митески од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Аеродром е изградба на нов модерен спортски центар.
Локацијата каде што е предвидена изградбата е покрај реката Вардар, на потегот од паркот „Авионче“ до „Рајскиот парк“.
Површината на новиот спортски центар е 100.000 м2, и истиот ќе биде наменет за сите спортови, каде што секој ќе најде свое место, од професионалци, аматери, до семејства.
Вложување во спортот е вложување во физичкото и метално здравје на граѓаните. Наша примарна цел е да обезбедиме соодветни услови каде што ќе можат да спортуваат идните млади спортисти, но и докажани врвни шампиони“.
Македонија, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ има огромен потенцијал да создава идни спортисти кои ќе носат врвни резултати и успеси.
„Затоа ги повикуваме граѓаните од Општина Аеродром на 19 октомври да излезат и да го поддржат Дејан Митески и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ.