Македонија
Расчистена дива депонија и одложени 20 кубни метри кабаст отпад во општина Чаир

Во текот на неделава во скопската општина Чаир секојдневно се одвиваат активности во рамките на акцијата за пролетно генерално чистење во организација на Градот Скопје и јавните градски претпријатија.
Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје во текот на акцијата отстранија 10 кубни метри отпад од дива депонија лоцирана на улицата Архиепископ Доситеј.
ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје реализира и активности за рачно и машинско метење и миење на следните булевари и улици во оваа скопска општина:
• Бул. Крсте Мисирков
• Бул. Цветан Димов
• Бул. Христијан Тодоровски-Карпош
• Бул. Македонско-косовска бригада
• Ул. Втора македонска бригада
• Ул. Кемал Сејфула
Воедно, екипите на претпријатието вршат миење и дезинфекција на контејнерите поставени на јавни површини вклучително со нивните микролокации. Од почетокот на акцијата во специјалните садови што ги постави ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, жителите на општината Чаир одложиле приближно 20 кубни метри кабаст отпад.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска делови од Бутел и Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.20 до 12.30 часот, дел од корисниците од ул. 1 во населба Радишани. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Горно Лисиче лоцирани на потегот од Маг Комерц, А-М Стил, Феромонт Инжинеринг кон село Долно Лисиче. (општина Аеродром)
Македонија
Дел од Аеродром денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со повремен локален дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
До среда ќе се задржи претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд и студени утра. Ќе дува умерен до засилен, а долж Повардарието повремено силен ветер од северозападен правец. Потоа следи период на стабилно и суво со постепен пораст на дневната температура.