Регион
Скокнала од зграда во преполно кафуле во центарот на Белград
Непозната девојка на возраст од околу 30 години скокнаа од прозорот на една зграда во центарот на Белград и паднала директно во дворот на едно кафуле, јавија српските медиуми.
Трагедијата се случила во средата околу пладне, а девојката починала на лице место. Никој од гостите не е повреден.
Според неофицијални сознанија на Б92, девојката влегла во еденр есоран, кој се наоќа на осмиот, последен кат од зградата на Теразије 23 во која се сместени Агенцијата з априватизација и Стопанската комора на Србија. На вработенит ево рњесторанот им рекла дека сака само да разгледа, а потоа се фрлила од балконот.
„Бев на шанкот која случнав силен удар, излегов во дворот и видов како една девојка лежи. Гостите се разбегаа, бидејќи се уплашија“, вели барменот во кафулето „Симбол“.
тек е полициска истрага. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес го погоди Крит
Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Крит.
Епицентарот на земјотресот бил на самиот источен раб на овој остров.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.
Регион
Ердоган: Турција ќе обезбеди безбедност надвор од нејзините јужни граници од 2025 година
Турција ќе обезбеди безбедност надвор од нејзините јужни граници и ќе ги елиминира терористичките закани кои доаѓаат од тие региони почнувајќи од 2025 година, изјави денеска претседателот на земјата, Реџеп Таип Ердоган.
„Почнувајќи од 2025 година, ќе обезбедиме безбедност надвор од нашите јужни граници, особено во однос на прашањето за тероризмот и ќе ги елиминираме заканите кои доаѓаат од тие региони“, рече тој на конгресот на неговата владејачка Партија на правдата и развојот (АК Партија) во провинција Баликесир.
Говорејќи за падот на поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад, Ердоган рече дека Турција „ги поддржа братските врски“, им помагаше на оние на кои им е потребна и уште еднаш излезе победник, јавува агенцијата „Анадолија“.
„Тестот на хуманоста го положивме со високи оценки“, заклучи Ердоган.
Од падот на режимот на Асад, Турција изврши неколку напади врз курдските милитанти во Сирија, вклучително и членовите на Народните одбранбени единици (ЈПГ), кои ги смета за продолжување на Курдистанската работничка партија (ПКК).
ПКК, која Турција, Европската унија и САД ја прогласија за терористичка организација, започна вооружен бунт против турската држава во 1984 година, а во тој конфликт досега се убиени 40.000 луѓе.
Анкара неодамна инсистираше на тоа дека ЈПГ мора да се распушти, тврдејќи дека нема место за групата во иднината на Сирија.
Анкара рутински извршува прекугранични воздушни напади и воени операции насочени кон ПКК, а операциите што ги спроведува денес се дел од тековните судири меѓу фракциите поддржани од Турција во Сирија и ЈПГ, според Ројтерс.
Регион
(Видео) Автомобил ја проби блокадата во Белград, удри студент и го носеше на хауба
Студенти на Економскиот факултет во Белград соопштија дека денеска за време на нивната акција на улицата Караѓорѓева возило ја пробило блокадата, удрило во студентот и го носело на хаубата.
По тој инцидент, соопштија, жената која го управувала автомобилот побегнала, а повредениот студент е пренесен во болница, пренесува Нова.рс.
„Студентот во моментов е во Ургентниот центар по интервенција на Брза помош. Нападот бил пријавен во полиција, која како сведоци повикала професор на Економскиот факултет и лице од студентската служба. Сведоците дадоа исказ во полициска станица“, велат студентите.